Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,2%
  2. Не

    366 глас(а)
    31,8%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    19.123
    Где плови овај брод...
    Што значи ова ќе даваат приоритет или да си кажат дека треба приоритет ама нема они да даваат приоритет :?:
     
    На babydust и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.290
    Допаѓања:
    35.457
    Пол:
    Женски
    Нема да даваат препораки за приоритет туку само даваат протокол за терапија при вакцинација ако добро прочиташ.
    Некои имаат само препишано од други извори и ништо нивно.
    Така што ова не е препорака за приоритет за вакцинација на овие групи туку само совети. На пример во едното има соевти за вакцини што кај нас ги нема, а нема за оние што ги има кај нас.
    Едното е многу добро за протоколи при примање на различни лекови (тоа за реума)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    19.123
    Не ги разбирам добро, во документот за автиимуни на пример стои :
    "АИРБ се со повисок ризик за хоспитализација и полоши последици од КОВИД=19
    споредено со општата популација и треба да имаат приоритет за вакцинациј пред општата
    популација на иста возраст"

    Значи они самите си го прикачуваат на сајтот за ковид вакцинација овој прирачник или штогод дае и они самите изјавуваат дека овие болести немаат приоритет пред останатите граѓани? Не ми е јасно...
    И да се едитирам и да се укажано дека треба одредена вакцина пример за малигни Фајзер- филипче изјави дека нема да има бирање на вакцини. Значи никој не може да одбере.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.290
    Допаѓања:
    35.457
    Пол:
    Женски
    Ама овие документи се само препораки не значи дека се официјално утврдени.
    Не знам од каде е инфото дека само Фајзер смее или е препорачана за малигни болести. Свекрва ми е со канцер на гради во ремисија ама уште прима таблетарна терапија и неа и беше кажано со било која вакцина смее да се вакцинира.
    Фајзер е инаку развиена на платформа која била испитувана за третман на одредени типови на канцер, не е дека е препорачана за пациенти со канцер.
    МОжеби треба притисок за побрза вакцинација на овие лица, ама дека се препорачува одредена вакцина не сум слушнала.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    19.123
    Имаше едно девојче на вести во некое радио работи 29год со малингно заболување. Се консултирала со доктори кои рекле дека смее само фајзер или модерна. И тоа е баш дискусијата кога она ќе дојде на ред? И дали фајзер ќе и биде достапна. Мајка ми е со автоимуно по консултации со доктори и студии кои сами ги читавме исто пишува дека може фајзер или модерна ( веќе инале вакцинирано со такви заболувања во англија и испитано е) еве за неа нема приоритет. Притискаме ама џабе кого ќе притискаш. Срамота е што за ваквите нема приоритет .
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    @PurpleMind со која вакцина се вакцинираше?

    Јас сакам да се вакцинирам, овде 4тата фаза ќе почне од јуни месец мислам и ги опфаќа од 18-44 години. Достапни се А.Зенека за постари лица и Мосерна и Фајзер за останатите. Не знам дали може да се бира со која сакаш да се вакцинираш, и ако може не знам која да одберам.
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.290
    Допаѓања:
    35.457
    Пол:
    Женски
    Истражувања ќе има за Фајзер и Модерна зашто само тие и притискаат за такви истражувања. За другите нема толку многу истражувања. Инаку и она со АстраЗенека за стари па за млади па за едно па за друго ако видиш според мене беше мотивирано од пари и интерес не од друго. Еве Израел објави дека ќе испитуваат поврзаност на Фајзер со миокардит па се заташка работата. Мене од друга страна тие две ми се најмалку испитани, најнова технологија се. И секој имунолог има различно мислење за типовите на вакцини ( а тие ми се најстручни за вакцини) ама сите се сложуваат околу потребата за вакцинација.
    Не знам кај кого да се притиска. Кога нема вакцини џабе притисок. Еве сега почнаа да стигаат во поголеми количини па веројатно нема да има потреба од вакви стресови. Ете може баш Фајзер ќе и се падне на мајка ти зашто еве има најава од ЕУ за поголем број Фајзер вакцини.
     
    На Milkiway и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Мхм, еве стигнаа денес 4860 дози, а во цел Мај треба да стигнат 19 890 вкупно преку Австрија.
    Многу донеле :angel:

    Друго, Филипче најави дека за влез во Австрија ќе биде прифатена било која вакцина- цитирам: "Голема чест е што имав можност да се сретнам со Н.Е. Каролине Едштадлер, Сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија.
    Сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји. Важно е дека нема да има ограничување со типот на вакцините.".
     
    На Doozy, LejlaD, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.290
    Допаѓања:
    35.457
    Пол:
    Женски
    Јас колку што прочитав секоја недела ќе добиваме по околу 4000-5000 дози се додека стигнеме до бројка од 119000 дози вкупно. Ако ова се додаде на бројката од кинески и АЗ ќе има повеќе вакцини отколку што имаше до сега. Ќе дојдат сигурно и плус Спутник така што ќе се релаксира состојбата.
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Тие се преку директниот договор со Фајзер, по 4000- 7000 секој понеделник во месец Мај со вкупна количина од 26 000 мислам за Мај, од вкупно 800 000. Веќе 20 000 стигнаа во Април од тој договор.

    Овие скоро 20 000 ќе бидат донација од ЕУ, а се дел од 119 000 мислам кои треба да пристигнат до Август.

    И плус на тоа, Ковакс има најавено уште околу 115 000 дози Фајзер до јуни + 76 000 АстраЗенека, ама АЗ ќе стигнат кога Индија ќе дозволи извоз.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    91.409
    Пол:
    Женски
    Ќе има вакцини следниов период,прашање е дали ке има кандидати за вакцинирање кога ќе ги вакцинираат постарите.
     
    На Glowy и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.290
    Допаѓања:
    35.457
    Пол:
    Женски
    Сега Вархеи ќе донесе 4800 и нешто вакцини. Од помошта од ЕУ. И секоја недела по толки (кога ќе видиш за Мај е околу 20000 така). И така секоја недела додека се испорача целата количина од 119000.
    Тие од директниот договор се плус на оваа количина.
    Така што Фајзер ќе имаме баш прилично вакцини. Скоро исто колку и Кинески барем до крај на летово.

    На крајот од денот не е ни битно по која основа стигаат вакцини. Битно почнаа да стигаат и има најави дека ќе стигаат со одредено темпо.
     
    На Glowy, happygirl и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Дечки, јас сум пријавена преку сајтот и добив потврда на меил, но дали треба да се јавам кај матичната да кажам и таму или доволна е пријавата и да чекам термин?
    Во регионалниот центар кај што припаѓам има многу малку пријавени, па мислам дека има надеж да дојдам на ред иако сум млада, затоа прашувам. Не сакам да го испуштам терминот.
     
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Системот малку им е каша попара. Јас се пријавив уште кога го пуштија сајтот во употреба. Ни потврда некаква ми стигна, ни мејл. После извесно време пак пробав и тогаш ми стигна мејл. Меѓувремено се јавив кај матичната да проверам дали сум пријавена, на што ми дадоа афирмација. Но, постари лица кои ги пријавував, воопшто не беа заведени. Најдобро да се јавиш кај матичната, можат брзо да проверат. За најсигурно.
     
    На СуперДевојка му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Тоа ти е доволно, кога ќе дојде на ред твојата возрасна група ќе ти стигне нов мејл со термин и пункт за вакцинација.
     
    На СуперДевојка му/ѝ се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.766
    Јас сум изненадена од слабиот одзив за вакцина.
    Поточно во фирмата каде работам пуштија список кој сака да се вакцинира, ни пола не се пријавија.

    Додека не ја направат задолжителна, ништо од имунизација.

    Несигурни се луѓето.
    Се плашат.
    Голем дел прележаа корона.
    ...
    Важно одзив ептен слаб.
     
    На Coco31, Glowy, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    ^ и кај мене во фирма е слаб одзивот. На две раце се бројат тие што сакаат. И не гледам да им е страв туку дека не може ним некој нешто да им каже. Грото се фрустрирани битија што се демек експерти за се, а се преограничени. Излегуваат со теории како за 5 години од сега сите вакцинирани ќе умреле, ќе сме станеле зомби, кристали во мозок итд. Има и такви, сдс ја носи, не се боцкам.

    Сум за избор, ама на некои луѓе треба да им се забрани и да мислат.
     
    На Ambrosia, Waverly Raven, Celltica и 7 други им се допаѓа ова.
  18. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Ние немавме опција да бираме, мислам дека е базирано на индивидуална здравсвена состојба и возраст. Јас ја примив фајзер.
     
    На Alishan30 и kanella им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    91.409
    Пол:
    Женски
    Слаб е интересот.
    Да ги натераш да се вакцинираат со сила не можеш, освен со укинување на некои мерки.
    Да се вратат сите на работа,нема ротирање или работа од дома и сакале нејкеле ќе се вакцинираат сите за да се заштитат.
     
    На Glowy, LejlaD и Alishan30 им се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    119.251
    Пол:
    Женски
    Доилка си, така?
    Јас утре ќе одам, изгледа со Синофарм ќе ме боцнат.


    @Ahoy ти споделуваше еднаш, неможам да најдам инфо за вакциниве, за Синофарм што пишуваше?
    Едит: те најдоов, не се мачи да враќаш одговор;)
     
    Последна измена: 4 мај 2021
    На LejlaD, Milkiway и Ahoy им се допаѓа ова.