Во првите три месеци од годинава, Фајзер направил профит од 3.5 милијарди долари, или, далеку најголемиот приход на компанијата. 87% или околу 700 милиони дози од испорачаните дози на светско ниво, се во богатите земји. Поради тоа, сиромашните земји имаат само 0.2% од нив, според СЗО. Рамноправност, јбг. Фајзер на Ковакс системот ќе даде помалку од 2% од дозите кои ќе ги произведе, или како што вели Клер Венхам, само "капка во морето". ЏЏ (Јансен) и АЗ одлучиле за време на пандемијата да не профитираат од нивните вакцини, или тој профит е екстремно мал. Како изненадување, токму нивните вакцини се соочуваат со проблеми околу безбедноста на светско ниво. Чудно... И покрај многуте преговори со Ковакс, Фајзер сепак биле повеќе наклонети кон билатералните договори, затоа што, како што вели Ричард Козул- Врајт, таму "лежат" парите. Извор: https://www.nytimes.com/2021/05/04/business/pfizer-covid-vaccine-profits.html?action=click&module=Top Stories&pgtype=Homepage?smtyp=cur&smid=ig-nytimes
@Cosmi вратени се сите, ептен ретко ротација некаде има. Да натераш некого-неможеш. Дури вика ,поарно ќе се заразам отколку да се вакџинирам, од кај да знам со што ќе ме боџкаат.
Треба мерка да има, а веројатно и ќе има, ако заболиш и седиш дома а не си сакал да се вакцинираш, да не ти се даде боледување туку да користиш одмор. Па користи го секоја година одморот за ковид. Мислам дека е фер.
Пример овие шо велат се плашам да се вакцинирам и затоа не се вакцинирам како не доживуваат нас кои сакаме да се вакцинираме? Дека ретардирани сме? Дека нас не ни е страв? Стварно не знам. Со @Bridget за одморот се согласувам.
А списоциве што се прават по фирми/организации/министерства...тие луѓе ги има на списокот од сајтот за вакцинација, или од привилегираните тие, нема потреба таму да се пријавуваат. Прашувам да знам, дали овие вакцинирани досега од арм, мвр, царина, патарини, новинари...бројкава што ја минусираме од пријавените на вакцинација, дали воопшто ги имало во таа бројка..
Моите се повикани утре т.е. мајка ми утре,татко ми задутре. Мајка ми во Борис Трајковски, татко ми во Јане Сандански. Мајка ми душа се радува конечно дочека. Јас се пријавив вчера ама пак се уплашив дека одма ги викаат тие што имаат по 30 години, а јас 31 и дури викендов сум во Малта, па ајде пишував мејлови се надевам ќе ми презакажат. Инаку нас ќе ни даваат ковид пасоши кои ќе траат 6 месеци.
Околу мене сите се или вакцинирани или одвај чекаат термин дури и прележаните, и затоа мислам дека има голема заинтересираност. Не ни познавам некој што не сака, баш се чудам вака ко ќе пишувате.
Ќе може да пишеш која возраст се твоите? И кога се пријавија за вакцинација? Се мислам пак да им пуштам пријава на моиве :/
А ако се вакцинираш и те најдат позитивен, не треба да седиш дома или како? Не зборам за МК, еве за кај тебе зборам.
Дали овие 200.000 вакцини се само за прва доза или се и за ревакцина (што би значело за 100.000 граѓани)?
Не е за чудење,еве кај нас од 910 пријавени за вакцинирање вчера само 397 се јавиле ,другите не.Денес сабајле повторно слаб одзив на пријавени,мајка ми беше на боцкање...
Има уште по некои фирми,банки,братучетка ми од дома работи.Да,така викаат. Исто не сака да се вакцинира ,подобро ке се заразела ,ама неиспитана вакцина во нејзино тело не, па уште вика нека биде затворено се ,и полициски од 20. И одговара пандемијава уште 10 год.да трае.сите ние дома затворени да бидеме за да не се зарази иако сака,а вакцината е отров,биолошко оружје, ке не убие за 5 години. @Bridget Треба мерка да има ама да ги натераш да се вакцинираат,со одморов не знам дали ке успеат во тоа.
Јас мислев за ревакцина други ќе дојдат се понадевав ќе не викнат сега, бар мајка ми да ја викнат не знам зашто со хронични болести сеуште не се повикани Следна поголема пратка кога ќе стигне имаш инфо?
Кој да знае, во групата на фб Ковид искуства читам вакцинирани на 54 години, наводно одма се пријавиле па затоа ги викнале, читам термини дадено деновиве на 60+ , а читам и за постари кои уште чекаат, мајка ми 56 години со хронични болести не е уште повикана, додека пак 44 годишна со хронични веќе се вакцинирала. Изгледа кој како ќе му се посреќи. Како и да е, реков јас ние на 30 во септември.