Треба како детските вакцини , така и оваа да ја направат. Задолжителна. (освен оние кои навистина имаат пречки) Иначе, антиваксерите пропагираат дека после ставање вакцина, требало задолжително 3 недели дома да седиш (исто како да си болен)
Денес е објавена голема израелска студија според која луѓето кои прележале нема смисол да се вакцинираат,после која Германија ке ги укине мерките за вакцинирани и прележани.
@anastasijaki баш пред малку слушнав од 9000 вчера, само 4500 се појавиле за вакцинирање. Затоа мислам дека брзо и мајка ти ќе ја викнат. Многу слаб одзив некако. Незнам зошто фаќаат место само ако не планираат да се вакцинираат. Срамота, баш за таквите како мајка ти што чека, и други со хронични болести
Штета е некој што сака да се вакцинира мора да чека, а тие со термин не се појавуваат. Ќе мора да го изменаџираат подобро, за да им се даде побрзо шанса на тие што сакаат. А колку се способни да го направат тоа е дискутабилно. А тоа што спомнавте дека се организираат од фирми со списоци, тие ќе имаат предност? Зошто се прават тие списоци?
Дај боже и неа и мм се надевам ќе ги викнат, јас не сум толку во зорт и така сум дома. @buba4e89 смеат после неколку месеца, само што малку е себично кога има толку високи антитела што ја штитат да оди да се вакцинира, кога куп постари и со хронични не се заштитени. Ама крив е системот што не ги враќа таквите.
Не ја пратам темава па не знам баш, ама не е океј некој од Скопје да иде да се вакцинира у Кичево. Хаос.
Еве јас сум пријавена, не знам дали ќе се вакцинирам. Зашто да не можам да бирам. Се знае најдобра е Фајзер. Овде кинески ни носат. Не фала. Ако треба и со плаќање нека е сакам да си бирам вакцина. Не пробувајте да ме предомислувате си имам причина зашто ова го пишувам. Не сум антиваксер, ама сакам избор. Не сакам да сум заморче.
Не пробувам да те размислам. Верувај од вчера неколку телефони свртев, и убаво ми објаснаа што и како е со кинескава вакцина. Ниту едно лошо мислење не слушнав. На исто рамниште ја ставаат со спутник. Бидејќи сум доилка би сакала да е Фајзер, имаат одобрение за трудници и доилки, другиве се оградуваат (немаат податоци). Инаку би се вакцинирала.
Дали откако ќе се пријавиш на сајтот за вакцинација треба да стигне повратен мејл или само се пријавуваш и толку?
Баш дека е како Спутник не ја сакам. Си сакам со најдобрата а не што да е колку да поминам од ред и да си направам проблем. Фала не. Ако може со Фајзер нема проблем ако не годинава не се вакцинирам, ќе видиме догодина како ќе биде.
Како ја ставаат на исто рамниште со Спутник, не се на иста платформа Од аспект на безбедност, според технологијата на која се базирани, Кинеските се најбезбедни. Со ефикасноста малку заостануваат, пред сè затоа што малку покасно од другите се забележуваат антитела. Вкупно гледано, не е најдобра, но е далеку од лоша. За избор на вакцини, сите сакаме да има, ама нема. Нема ни вакцини да бираш, а и хаос ќе биде ако се бира. Никаде освен во Србија не можеш да бираш вакцина, а и како што кажуваат Србите, можеш да бираш вакцина, ама само Синофарм ја има
Па едино кинеските се стандардни вакцини, Спутник е векторска со аденовирус, исто толку нова технологија колку мнра. Јас би се мењала со мојата доза мнра за Спутник, ама нема.
@Ahoy те разбрав, дека е добра, така ми кажаа. Дека Спутник е добра, така ми кажаа. Исто и за Фајзер така ми кажаа. За жал нема бирање, а добро би било да постои.
Ама па и не треба да има бирање.Врз основа на што ке бира? Што разбира човек со сосема друга струка која вакцина да ја прими? И кај доктори имунолози има поделеност околку вакцините. Конкретно јас каде што се информирав,за хашимото ми препорачаа кинеска или џонсон,фајзер не. А да се прашувам јас би избрала Астра (повеке верувам на Оксфорд отколку на русите)пред СПутник.