Не е како Спутник. Спутник е со протеин закачен на аденовирусен носач (слично на Астра Зенека и Јансен). Само што аденовирусот е човечки, не е од мајмун како кај Астра Зенека и Јансен. И технологијата за носачот е користена претходно од русите при вакцина за Ебола (која била успешна). Фајзер е скроз нова технологија. Не е до сега нит применета нит испитана. Дека и удрија маректинг огромен Еверите и Америте и удрија. Дека е нешто многу супериорна не е толку. Спутник е 92% ефикасна, Фајзер е 95%. Ама ај нека ти биде. Се надевам, ќе ти се падне Фајзер. Не знам како најкласичната вакцина од сите (што е најиспитана) би ти направила проблем, а најновата технологија и најмалку испитаната не. Ама ете ти си знаеш најдобро.
Се сложувам. Само се прашувам кај нас дали гледа некој што се става на кого. Иначе од кај знаете дека Фајзер е најдобра жити се. Мислиш лаборатории имате дома.
Само да те поправам тука, и Јансен е со човечки аденовирус. Всушност, Јансен го користи Ad5, истиот аденовирус како првата доза на Спутник.
Амин. За цела година сите станаа имунолози и доктори, почнувајќи од антиваксерите што веќе нема ни потреба да ги коментирам, па до скептици што наеднаш се интересираат за комплетна листа на составни компоненти на вакцините и знаат да проценат која вакцина е подобра.Најозбилно ми е смешно. Консултирате се со вашиот лекар и тоа е тоа, ако не се разбирате молчете си и донесете одлука лично за вас и толку.
Фајзер е Кока Кола, све друго е Пепси, Кокта и слично. Многу убава рекламата, среќни луѓе, весели доктори . Ај да повториме- кинеските вакцини се вакцини какви што сте примале досега во животот барем 5 пати (лупам). Фајзер е тип на,,вакцина,, која не била во јавна употреба до лани. Спикинг оф мнра, во Израел реактивирана варичела после мнра вакцина https://webcache.googleusercontent....vid19vaccine/92106 &cd=14&hl=en&ct=clnk&gl=cz
Ама еве и овие што ги знам во УСА некои не смееја да ја примат ради контраиндикации Фајзер, особено автоимуни болести и автоимуни реакции, како јаки алергии. Јас еве лично за себе не можам да кажам која ја преферирам, кога не се разбирам, како да кажам која. Мене повеќе ми е скептицизмот во насока дека овде и самите не се информирани, како дува ветрот така тераат, а плус никој немаме вистинска добра и пристапна историја на болести, особено со приватново здравство и слично. Тоа ми е пологично отколку да бираш сам. И да бирам сама од кај знам, може баш таа што ја сакам најмногу контраиндикации има со некоја моја состојба.
И зошто ова не се рашири како брејкинг њуз, нешто како тромбовите на Јансен и АЗ, а 20 дена еве како е објавено?
дали знаете до која граница т.е возраст се стасани и ги викаат обичните луѓе пријавени реку вакцинација.мк?
Абе стасаа вакцините, и сеа? Никој не сака да се вакцинира. Па и муабет се извади, на погрешно место пораки испраќале. Па да, кога сме неписмени и не знаеме ни бројот да си го напишеме. Вчера на другар му стигнала смс за некоја жена, отишол денес у нејзин термин, си се вакцинирал со Синофарм.
Абе треба доктор да процени, ама треба експертиза и помалку политика/економија да се брка. И сега имаш ситуација кога луѓе ќе се вакцинираат за да патуваат/ работат во еу, а не оти вакцината реално брка работа, пример кај имуносупресирани пациенти Е сега па и ти, за 6 случаи не ќе се праи галама. Има датабаза на несакани ефекти во ЕМА, тој што најмногу боцкал, логично најмногу пријавени случаи има.
Па праќаат На другар пред две, три недели му стасала порака да оди да се вакцинира во Борис, отишол и таму му рекле дека не е прв дента што дошол со грешна порака И утешително, он бил од Скопје, пред него вратиле некој од Прилеп така да... Инаку... на тема вакцини. Јас имам уште дваесетина дена до истекот на трите месеци по позитивниот тест. Се уште не знам дали ќе се вакцинирам, ама најверојатно да, особено ако имам шанса со Спутник или Астра. За кинеската не сум, не оти се правам учена, туку оти не им верувам многу на кинезиве. И на русиве не им верувам, ама има други показатели гледајќи ја светскава ситуација, пардон циркуз, кои ми укажуваат дека Астра и Спутник се добри. За кинескава како што реков не сум баш, ама пријатели медицински лица многу ја препорачуваат, ем затоа што е позната технологија, ем затоа што била врз база на мртов вирус (ако добро сум разбрала) и како таква имала поголема ефикасност врз муатциите Ова не знам дали е точно, вака ми кажаа Не мислев веднаш да се вакцинирам, ама немам антитела, така што вакцина ми останува како опција. Ќе видам по 25-ти каква ќе биде ситуацијава со вакциниве Со Фајзер не се вакцинирам
@An-na на мајка ми и рече доктор дека треба да баправи хемостаза пред да прими било каква вакцина бидејки има варикозни вени. Исто ми е препорачано и мене. Многу сум скептик за вакцините, Фајзер ја преферирам затоа што е Грмански изум на Бионтек а не е Амерички. Фајзер само ја купи вакцината. И од тука гледам ако не е добра, дали Фајзер ќе ја купеше знаејки ги кои се? Само заради тоа ми е да речеме сигурна. А Кинезиве.. ама ич немам доверба.
Значи за брзо време би ја викнале мајка ми, 1956 Пуштаат смс со закажан термин или маил само, како оди? Да и’ кажам маил да проверува, скарана е скроз со технологија ако и’ стигне во меѓувреме.
Немам. Секако пред да примам вакцина, пак ќе проверам, ама кога проверував немав. А од друга страна после прележувањето бев во контакт со свекор ми (и тоа повеќе пати) кој беше позитивен и во прилично лоша состојба, и маж ми исто така, ама не се разболевме. Најверојатно заштитени сме, иако немаме антитела. Или па ова со антителава не е сигурно. Како со @referentka која имаше антитела, па пак се разболе. Мене медицински лица ми викаат дека важното е што организмот е запознаен со вирусот, иако не разивл антитела
Баба ми и дедо ми и мејл и смс добија. Прво стигна мејлот, на моја адреса беше, после околу 30- тина минути им стигна и смс. Иначе двајцата се 1950, дедо ми се вакцинира утре, баба ми задутре