Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Па ако сносат одговорност тогаш сите би се вакцинирале Танче, јас до сега такво нешто не сум прочитала. А и не верувам дека такво нешто би направиле.
     
  2. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Како би се сносиле со компликации ако они не се криви за компликациите????
    Ако хирургот ти пресече артерија за време на операција, ќе го судат ли производителот на скалперот?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.980
    Да, се согласувам. Ова е како лавиринт и нема крај. Нема решение освен вакцина, стварно нема. Може да има само пролонгирање со седењето дома кое е лошо од ментални причини, економски итн.
    Не може вечно да сме затворени.
    И тие што се спремни да се вакцинираат се истражувале, не дека не им е мил животот.
    Може се брзо направени ама тоа не значи дека по дифолт ќе се штетни. Времето ќе покаже, да. Но, не мора да значи дека се штетни пак ќе се повторам. Шансите дека се штетни и дека не се штетни се 50-50.
     
    На Ahoy, tinka-mace и busybee им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.508
    Пол:
    Машки
    Не.
     
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.174
    Пол:
    Женски
    Не знам можеби сте пишувале и за ова, да не читам се'.
    Што е со оние кои го прележале вирусот и имаат антитела, ќе треба да примат и вакцина? Како на антитела би додале уште антитела?
    Бидејќи се забранува одење во странство, сигурно ќе се забрани и возење во јавен превоз и слично ако немаш вакцина, не знам како ќе се регулира ова.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.090
    Прочитав негде за фондови за обесштетување, ама не разбрав какви. Дали за индивидуални последици или судски случаи. Конкретно мислам државен фонд прочитав дека имало, во државава кајшто живеам, ама оди докажи дека од вакцината е сајдефектот.

    На англиски, за некоја друга држава еве нешто
    https://www.cnbc.com/2020/12/16/covid-vaccine-side-effects-compensation-lawsuit.html

    И пак јас за свинскиот грип, пошто подобра паралела немам
    https://sverigesradio.se/artikel/7349633
     
    Последна измена: 26 декември 2020
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Ако хирургот ти пресече артерија е крив само тој и никој друг. Така и овде, ако ти се случи нешто после вакцинава ќе боде крив тој што ја направил. Ама за тоа треба многу испитувања. Значи за нова вакцина дојдовме до заклучок дека треба испитувања долги години, да видиме дали предизвикува нешто, дали има катастрофални последици итн.
     
  8. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Пак не сфаќаш што ти зборам. За компликација ретко е крив производителот. Најчесто настануваат поради несоодветно чување и нестручно аплицирање. А за тоа дека Петранка не ја чувала вакцината на -5 степени, или Петко ја превезувал во фрижидерот што не работел или ги чувале на сонце, не е крив производителот.
    Другиот дел од компликациите како анафилактичен шок... се наведени на самите вакцини и ти се согласуваш на нив, пред да ја земаш. Анафилакса можеш и од обично земање пеницилин, парацетамол и секој лек.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.090
    Како се забранува одење во странство?
    Сега, да бидеме искрени, нас и одење во продавница ни е забрането, јер локдаун ама локдаун е за сите, здрави, болни, прележани.
    Многу далеку сте заминале, уште нема вакцина во државата, вие стигнавте до блек мирор епизода на забранет јавен превоз.

    Имаше ваква епизода додуша во Словачка, или тестирај се или си во домашен притвор, ама траеше 2 недели и мислам бизнис интерес беше во позадина, не ми е баш јасно:?:
     
    На Ugly Duckling и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    35.508
    Пол:
    Женски
    Или си наивна, или се правиш? ;)
    Знаеш од кога се збори за вакцинални пасоши? Од кога се шушка за авиони, јавен превоз итн... И тебе може да ти изгледа не знам колку неверојатно ама реалноста е дека всушност ова води токму до тоа, гетоизирање на сите кои не сакаат да примат вакцина и принудување да ја примат ако сакаат да живеат нормално. Слично како на Евреите што им правеа. Јас напнав со Евреиве, ама паралелата е сосема на место. И тогаш не им се верувало на луѓето дека е можно да се случува тоа што се случувало во Германија, па сега знаеме дека всушност се случувало. Така што...
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    35.508
    Пол:
    Женски
    Како бе не е крив производителот? Што збориш? Зошто тогаш едно чудо лекови се повлекуваат од пазарот откако ќе се утврди дека се штетни? И едно чудо луѓе добиваат оштета?
    Јас колку што сум информирана (можеби грешам) производителот е должен да ги наведе сите познати нуспојави од медицинскиот производ. Дури и кога тие се минорни, секој пријавен несакан ефект треба да се наведе во упатството за употреба. Е сега, кај вакцини, анестезии и други лекови каде што пациентот нема пристап до упатството за употреба, одговорноста е на медицинското лице кои го дава лекот. Ама производителот е виновен ако производот не е во ред и ако е познат некој несакан ефект, а истиот не е наведен во упатството т.е ако производителот од немарност или од други побуди го сокрил овој факт.
     
    На Lima24 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.090
    Или сум наивна или верувам во демократскиот капацитет на ЕУ. За Америка не сум сигурна и не ме интересира искрено.
    Пред пар страни констатиравме дека не постои момент кога сите би биле вакцинирани и безбедни, затоа мислам дека вакцинални пасоши се неизводливи.
    Ќе помине време, ќе видиме.
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    35.508
    Пол:
    Женски
    Хммм, кој демократски капацитет на ЕУ? :^)
    Колку пари се во прашање, мислиш им е гајле за демократија. Да беше важна демократијата, немаше вакви циркузи да се изнагледаме ;)
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.090
    Колку пари се во прашање и што ако/кога ќе почнат да излегуваат негативни ефекти на виделина?
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    35.508
    Пол:
    Женски
    Најверојатно многу, многу пари. А за негативни ефекти... пропаганда. Исто како сега што ни се случува. Лудило е ова, лу-ди-ло.
    Еве ја читаш членкава погоре, не се криви производителите, туку несоодветно се чувале вакцини, несоодветно аплицирање, итн... изговори секогаш ќе се најдат.

    Не знам навистина. Не сум 100% сигурна во ова што го зборам, всушност сум 60/40. И очајно сакам да грешам, да излезе дека си правам филмови и светски заговори. Ама.... цела оваа ситуација ми прави сомнеж, особено откако ќе размислиш со ладна глава и ако се употреби логика.

    Ај, ќе видиме. Јас навистина сакам ти да бидеш во право :)
     
    Последна измена: 26 декември 2020
    На Lima24, Kitten, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Има разлика од лек и вакцина. Вакцината има специфични протоколи на пренос и чување. Секоја вакцина има различна температура на чување која истата мора да се запази и за време на преносот. Секојдневна контрола на растворот и неговата конзистентнција, дали сменила боја, дали е згусната или станала облачеста. Ако во делот на чување на вакцината потфрли медицинскиот персонал и притоа ти аплицира вакцината која е несоодветна, за тоа не е крив производителот. Голем дел од вакцините се примаат субкутано, исто така ако апликацијата е несоодветна можат да настанат компликации.
    Не викам дека компликација не може да настане од страна на производителот, но тие компликации како што кажав се еден во 750 000, да те удри гром 1 во 700 000. Почесто се јавуваат компликациите од страна на персоналот него од производителот.
     
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    39.538
    Пол:
    Женски
    И со која поента би било тоа?Особено тоа што има шанси да продолжи со мутации а со тоа и примање "сезонски" на вакцината, на пример.Стварно ме интересира, која би била целта за толкава контрола на вакцинирањето?Не мислам дека би биле способни да изведуваат вакви крајности, искрено.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    35.508
    Пол:
    Женски
    Пари :) simple as that ;) или ти мислиш од љубов ги прават вакциниве. Заради спас на човештвото? Ха, ха, ха... на крајов ќе излезе дека фармацевтската мафија е доброчинител, а не профитер како што до вчера се збореше за нив :^)
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.090
    За Мк сум па скоро сигурна дека колективен имунитет ќе се стекне а со вакцините, кои којзнае кога ќе дојдат, ќе биде исто како со свинскиот. Не е лошо да се читне малку баш за вакцините за свинскиот, нивните сајд ефекти и епилози.
    Мислам дека ќе се издише балонот набрзо, нели уште трет бран ,,предвидуваат,,:?:. Мерките што ги гледам се фак лоџик, ама тоа е за во друга тема. Кај и да е, секоја земја ќе измисли свои тестови и толку од пцр бизнисот.;)
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.090
    И уште ова. Да, сите познати нус појави треба да се наведени. И да, јас како пациент, на свое барање, добивам, или сум добивала упатство со наведени нус појави, пред вакцина.