Mislam deka Cka kazuva za eden decko sto ima 2O ka antitela a ke se vakciniral, druga se vakcinirala iako ima visoki antitela zaradi odenje vo stranstvo. Uzas. Sto se ne vidov denovive na fb.
Значи да ми простиш ама на тоа ковид групите веќе се качија на глава. Сите дома што не ги трпат, на групите замараат. Молам докторите да ми кажат, пред 6 месеци прележав, уште осеќам замор, од што ми е? Еве сега Пановски гравчињата ќе ги фрли, ќе ти каже. Сто пати истите прашања се вртат, ама оток од народ. Антителата залепени, референтни вредности пишува, апла, ве молам докторите да ми кажат шо значат резултатите. Косата ми паѓа, шо да правам? Некој се гуши, они за косите, оди носи се таму и ти и коса и све, пиши на ЖДМ не во ковид група кај што треба да се остави простор за сериозни прашања. Луѓе без осет! Па нормално дека и млади ќе трчаат да се вакцинираат кога сите се пресебични. Групите ми покажаа кое ниво на свест и емпатија го има овој народ, никакво.
Македонија ко што знам не ни има на план да вакцинира обични смртници под 30 години, така да за џабе зборите. Секој има право да избере дали ќе се вакцинира или не и фала богу ссекој си идлучува за себе. Ако некој од 20 години решил а отиде да се вакцинира озаради патување во странство, бидете сигурни дека не ја земал вашата вакцина оти вам секако пред нему ќе ви дошол редот. До вчера невакцинирањето ви беше себичност, сега вакцинирањето ви е.
Вирусот не поштеди ни млади ни стари. Шо е до мене, колку повеќе вакцинирани - толку подобро. Ќе ни дојди редот на сите, кога тогаш. Само да не испадни се пријавив ама не се вакцинирав. А фазите им се промашени ептен. Тие шо седиме дома, имале 20 или 70 години не сме приоритет, ќе поседиме уште некој месец, според мене. Тој шо мора да е надвор, во комуникација со луѓе, е!
Пред две недели момче на 20 год.едвај се спаси со цитикинска бура. Ама до толку беше страшна состојбата што блиските се поздравуваа со него. Ги промашија приоритетните групи. Сега ќе оди побрзо,и ке се вакцинираат и млади. Е сега ние што сме со антитела сметам дека е исправно да почекаме. Не мора да се гураме веднаш да примиме вакцина пред тој што не прележал и нема никаква заштита. Себично е да јас да се вакцинирам за да одам во Грција на викенд и да земам вакцина на некој со хронични болести кој нема никаква заштита.
И тие што се пријавиле а во меѓувреме се предомислат може на време да откажат и да остават место за другите, ама колку од нив тоа ќе го направат.. инаку да, ние што работиме секој ден со секакви неразбрани луѓе што киваат вадејќи ја маската, или ја вадат под изговор дека не можеле да ја носат жешко им било.. Господ да не чува
Da sebicnost e so visoki antitela da se vakciniras zaradi patuvanje vo stranstvo, dodeka nekoj so seriozni bolesti ceka i koj znae koja tura ke ja doceka i nedaj boze dali ke ja doceka.
Ништо не ми е јасно, се јавив кај матичната ми вика до сабота се над 70 години. Мајка ми е 53 та за неа прашував. Вика чим ќе стигнат до нив одма ти кажувам. Значи каша попара чим викаат и 55то пред 53то
Службеничките во собрание на РМ, што седат дома и не одат на работа по 30 години или помалце се вакцинираат пред две недели. Они се со приоритет
Ахам, значи 20 годишни за патување во странство имаат приоритет пред оние со сериозни болести? Каде тоа?
Се вакцинира со врски на големо, сами луѓе си признаваат. Млади, без хронични болести. Каша попара ваксајн систем. Нема ред, нема правда, тешко да си болен во државава без врски, ниту ред ти доаѓа, ниту некој се интересира за тебе
Знам за нив. Нели, приоритетот... Она, искрено, да се плукнам во државата... Ама гледам на темава се истура бес врз обични граѓани и луѓе што отишле во Србија да се вакцинираат, па некако многу силни за без врска.
@Celltica и држава и народ и све у... @LejlaD сигурно ова? Кога стигнаа синовак @Ahoy дежурен ваксајн информирач )
Денеска на работа ми дојде една што ми гарантираше дека Бил Гејц пуштал вакцини за нова жена да си најде сеа кога се разведува, ќе си одберел сега од вакцинираните. Вие арни?