Ме потсеќа на филм со суперхерој. Со вакцината ќе напрај мутација на некоја жена, компатибилна и по мерка. Ама за да се напрај таква треба да се проба на поголема популација, соодветен донор да се најди. И после сакале да не' чипират.
Абе блазе си им. Еден ден паметот да им го имам да одморам. Замислете колку им е весело на тие луѓе бе, којзнае на која планета живеает, жими леб и јас сакам еден ден онака главата само за шишање да си ја носам. Иначе деновиве ќе правам тест за антитела па ќе споделам резултат за да видиме ефективност. Ќе пишам и од колегиве отприлика како се движат. Едниве колеги што се со фајзер се проверија сите, кај сите имаше антитела над 20ка. Ниту еден не разви несакани ефекти освен блага температура и локална болка од раката. Ќе ви пишам за некој ден дали и колку имам.
Нема шанси Лејла, ниту имаме Синовак, ниту има договор за Синовак официјален. Да не го читаше Дејан Трајковски на фб случајно? Кое разочарување со последните постови...
Не,на ливчето пишува Синовак,буква по буква читавИ мене не ми се веруваше,па пут под нозе,маска и пред порта,оти кај нив не одам ради вирусот,ради неа де...ми го подаде ливчето небаре преку затворски решеткимаки пандемиски....
Синофарм е Ако можеш оди утре до пунктот каде се вакцинираше мајка ти, за да ви корегираат. Или на ревакцина кога ќе одите Едит: Мора да е грешка. Ниту има договор, ниту има донација Синовак, ништо. А и по деновите закажи за ревакцина, Синофарм би требало да е.
И мене не ми се веруваше што ми чита,па се закренав да прочитам лично,на 26 ти Мај е -исправив погоре
Видов, видов. Точно 21 ден, тоа е Синофарм Ревакцина од Синовак е за 28 дена најрано, според тоа проценувам. А и нема како да имаат Синовак во Битола, ниту во Македонија во моментов. Во Регионалниот пункт за вакцинација во Битола имунизацијата се врши со кинеската вакцина на „Синофарм“, а дневно се договорени по 950 термини на лица од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
Има. Имам блиска особа вакцинирана со Синовак пред 3 недели некаде. И јас се чудев кога го видов картончето. Изгледа донеле без помпа и најави за да не се откажуваат луѓето што слушнале дека е најмалку ефикасна. Или е некоја донација ситна. Ама дефинитивно ја има.
Мислиш дека донеле вакцина без да се сликаат и пофалат? Не верувам Имаше донација од УАЕ 1000 кинески дози, беше речено дека е Синофарм, едино тоа ако биле Синовак.
Па и не треба со антитела да се вакцинираат, и ради другите и ради себе. Јас колку што знам, ковид пасош значи или вакцина, или негативен пцр од вчера или позитивен пцр од пред најмногу 6 месеци. Ама па може јас сум грешка, може тие се поинформирани. А дека се промашени групите, промашени се од старт и на многу нивоа, насекаде. Само љубоморна да не му се погоди https://www.independent.co.uk/news/world/americas/melinda-bill-gates-ex-girlfriend-b1842317.html
Како и да е,веќе ја боцнаа,белким заштита каква и да е тровче ќе има...оти во ризична група е...ради тоа и ја пријавив...Дај шта даш е работава ....
И јас помислив на таа донација искрено. И се надевам дека е таа а не такви педерски финти како што си претпоставувам. Ама апсолутно не исклучувам можност.
Потврдувам и ја ова. Не ми се веруваше кога дознав дека врски може да се фатат и да се прават лаги за вакцинација. Ама еве веќе трет случај вчера имав на вакцинирана личност. Првата од ј. Админ, втора додадена на некој си таму список преку школи, а не ни работи тоа, трета со некоја си потврда од ПЗУ... Затоа се такви гужвите пред Борис да не мислите МЗ е крив. НЕ, луѓево се пикаат преку ред одат на незакажано и чекаат со некакви потврди и списоци. Од овие 3 случаи 2ца се само за Грција да одат. Здрави,прави испод 40г. Срам од народ сме...
И јас би се пријавил само за во Грција да одам, ама сигурно не би фаќал врски. Со тоа осудуваат многу други на сигурна смрт!