Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Уште зимата баш на форумов пишав ќе бараат грциве и општо ЕУ вакцини ќе се потепаат за вакцинации и ете си дојде на моето.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.876
    Допаѓања:
    122.924
    Пол:
    Женски
    И јас тоа го реков. :) Сите антиваксери за да се сунчаат ќе се боцнат :)
     
    На Guns N` Roses, Tajnaotrovna, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.786
    Допаѓања:
    323.718
    Секој си има своја причина зошто се вакцинира.
    Колку луѓе отидоа во Србија на вакцина ?
    И тоа 20 годишни, со Астра Зенека се боцнаа , а нели таа не е препорачлива за под 60 подини.
    Некој за на плажа , некои за работа им треба, за бизнис.
     
    На sunmoonstars, LejlaD, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Ама тоа е во ред, коректно се пријавиле и отишле. Ова е веќе сосема друго, со списоци, со потврди и манипулации.
    Не сакам да прераскажувам што и како ваделе и со какви работи се бафта народов да стигне до вакцина. Веројатно ќе се расчуе ако продолжат манипулациите.

    А тоа дека се боцнале со АЗ и ние тој период да ја имавме кај нас ќе се боцнеа испод 50. Откако се избоцкаа во РС, нашиве донесоа забрана. Да беше порано верувам немаше да одат во толкав број.
     
    На Guns N` Roses, Tajnaotrovna и kravce им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    Системот за масовна вакцинација функционира беспрекорно уште од вториот ден по започнувањето на оваа операција. Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 9123 вакцини од кои 7963 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 74076 граѓани, а согласно последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
    Апелирам граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат. Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет.

    FB_IMG_1620288670350.jpg

    *преземено од профилот на Филипче
     
    На JoyJoy и LejlaD им се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    10.389
    Ама што се фативте за причината зошто некој се вакцинирал или сака да се вакцинира?
    Проблемот тука не е мотивот кај индивидуите зошто ќе се вакцинираат. Кешки секој нека си најде свој мотив и тоа час поскоро, затоа што кога сите што доброволно сакаме да се вакцинираме ќе поминеме од редот, ќе дојде фаза каде што ќе се натегаме со антиваксерите за да можеме да створиме колективен имунитет.

    Проблемот овде исклучиво лежи во одговорните во државава што имаат сила да го сопрат ова лудило и хаос што настана со целиов „план“ за вакцинација, ама очигледно не го прават тоа, пошто самите тие ги почнаа списочињата и изиграваат господ и одлучуваат чив живот е побитен.
    Проблемот е што се дозволува упорно да одлучуваат за вакцинацијата рандом Митри и Стојни, наместо квалификувани доктори што ја имаат историјата пред очи за своите пациенти и можат да одлучат кој од пријавените е приоритетен за вакцина.

    Единствено оправдувам медицинската фела што се вакцинираше пред сите, се друго што се извакцинира ко божем многу битна структура за државата е само уште еден доказ дека администрацијава заборава кому служи и од каде зема плата. Пошто во моментов поесенцијална структура од тоа приватниот сектор во државата да преживее, не постои. Секој без разлика од која институција или фирма е, требаше да си оди регуларно по ред преку страната за вакцинација, се друго е глумење лудило како и вообичаено во ова луда држава.
     
    На noteforself, Glowy, Alishan30 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.876
    Допаѓања:
    122.924
    Пол:
    Женски
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Апсолутно не е битна причината, поводот за вакцинација. Битно новинарчињата ги извакцинираа, за да не пишуваат многу многу околу редов за вакцинирање. Како што реков уште одамна, администрација пред се и над сите. Нема никаква праведност.
    Венко сајтот за вакцинација да не кажам каде да си го стави. Што дека се пријавуваме и чекаме, кога луѓе ми доаѓаат во фаца ми кажуваат дека фатиле врски и отишле се вакцинирале и тоа со вакцина со која сакаат да се вакцинираат. За нив и избор има. Обичниот народ како и за се друго во државава, ќе си пати и може слободно да си умре и никој нема да одговара.
    Да, потекнува од луѓето, и да најодговорна е државата. Ги остави хронично болните, многу му биле за вакцинирање, небитно што се изложени секојдневно на работа, ставени под ризик со вирусот. Здрави млади административци се изваксинираа, списоци по министерства, списоци по организации, списоци по јавни институции. Другите небитни, премногу неопходни на работно место, ама не доволно неопходни да бидат приоритет за вакцинација.
    И да, себични сме. Испитала антитела и ги има во доста голема количина, ама не прашува дали може да дарува плазма, туку ако може сепак пак побрзо да се вакцинира. Дури и се лути што и рекле да почека бидејќи е тазе прележана. Ете таков народ сме. Секој само за себе. Мене само пена уста ми фати
     
    На Coco31, Milkiway, noteforself и 11 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.876
    Допаѓања:
    122.924
    Пол:
    Женски
    Аман бре дајте кажете каде се фаќаат тие врски? Како така стигаат до вакцина што си ја сакаат да ја примат (од икс причини)? Ако имате инфо кажете, а не само нафрлувате дрка се со врски да створите кај народ бес. За такви обвинувања дајте конкретни примери.
     
    Последна измена: 6 мај 2021
    На Sofi.ja, redhead, Glowy и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    Еве и јас се чудам.

    На толку места чепнав, високи позиции на клиники во Скопје и никој не се најде да нè услужи. Не барав за мене, барав за мајка ми која си е со хронични болести, и ете немаше врски. Коментарот на сите каде што побарав беше "Многу е строго, ништо не можеме, чекајте ред. Не можеме ни за родителите свои да добиеме. Извини".

    И така се откажав, еве ме 2-3 недели немам пробано пак :D
     
    На Milkiway, Alishan30 и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Немам инфо, и јас би сакала да знам, ама единствено што ми текнува е дека можеби е преку партија. За жал, обичниот човек во оваа држава е заложник на елитата наречена партија на власт. Не мислам само на конкретната власт, туку години уназад.
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.876
    Допаѓања:
    122.924
    Пол:
    Женски
    Исто и мене. Во фамилија доктори имам, пријатели доктори имам, е не можат ништо да направат. А имам дијагнози прва да бидам боцната и јас и мајка ми ама нема. Ќе си чекаме и тоа е.
     
    На Alishan30, LejlaD, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.139
    Допаѓања:
    40.504
    Пол:
    Женски
    Ама џабе фаќате високи позиции и доктори. Фатете некое тетке таму што штанца документи или боцка, да видите што е врска|(. Се знае кој е најмоќен во матното.
     
    На Tajnaotrovna, Nikolina35, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.876
    Допаѓања:
    122.924
    Пол:
    Женски
    А така значи.. @Ahoy читаш? Ај мењаме стратегија :)
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    10.389
    Па докторите не кажуваат, кажуваат рандом особи списоци што тераат.
    Не знам како не знаете за ова одење преку ред, зошто јас сите што ги знам се вакцинирани вака. Последно чув дека се прави список за еден музеј што и вон пандемија не е нешто префреквентен. МУЗЕЈ со список. - тоа е се што треба да се знае за оваа брилијантна стратегија за вакцинирање што се тера.

    Муабетот оди нешто во стил - „Еј, а бе правиме еден список за кој сака да се вакцинира, па да те прашам да не сакаш случајно и ти? Ама да знаеш не е за сите ова, ќе видиме колку можеме повеќе да ставиме, ама ќе видиме што ќе биде.“
    За бирање вакцини уште не сум слушнала, ама кога може се ова да се случува, не ме чуди ни дека некој може и да бира. Особено кога ќе се испорачаат сите вакцини што ги чекаме периодов, апла ќе се прават калкулации и ќе има простор за пребирање ако си со врски.
     
    На Alishan30 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.205
    Допаѓања:
    189.279
    Мислам дека разликата меѓу битка за вакцина прв и задолжителна вакцина е прашање на 6 месеци:?:

    Америте викаат вака- Фирмите размислуваат да го направат вакцинирањето задолжително
    https://www.bloomberg.com/news/arti...k-firms-weigh-whether-to-make-shots-mandatory

    Сејшелите викаат вака- највакцинирана нација во светот ги враќа рестрикциите заради пораст на ковид случаи, 1/3 од нив се комплет вакцинирани
    The number of active cases in the nation rose to 1,068 on May 3 from 612 on April 28...Just under two thirds of those are either unvaccinated or have only had one dose, and the rest have had two doses, he said.
    :drunk:
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Па ти кажувам пример, во фаца ми кажува дека се вакцинирале преку врски, врската им работи на вакцинален пункт. Дали е доктор, сестра, некој од администрација таму не знам. Се јавиле и кажале да им чуваат од таа и таа вакцина, и си отишле и си се вакцинирале. Здрави прави млади луѓе. Ред знам не им е, не работат во јавна институција, а за доказ и раката се нудеа да ми ја покажат.
    Ако претпоставував нешто, ќе пишев претпоставувам. И јас кога читав по темите дека со врски идело мислев си пишуваат така ко за све во државава, ама ете, стварно било со врски.
     
    На noteforself, Giovanna, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.139
    Допаѓања:
    40.504
    Пол:
    Женски
    Па ова не е ново. И на факултет врските се фаќаа преку пониските. Кај мене на работа теткиците што чистат се први информирани за се :rofl:.

    Ова општо правило е секогаш. Тој високиот нема да си ризикува. Вака некој таму правел, а ние ништо не знаеме:devil:
     
    На Milkiway и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Дај луѓе не заебавајте, се трубеше за оние што не сакаат да се вакцинираат а сеа па се разглабаат причините зошто некој сака да се вакцинира.
    Владата треба да направи кампања за стимулирање на вакцинирање, ете Вучич паметниот дава по 3000 динари за секој што ќе се вакцинира, нека смислат нешто и нашиве.
    И уште една работа ме нервира, толкави хистерии слушавме и гледавме изминативе месеци зошто нема вакцини за сеа да дојдеме до тоа луѓево да бираат, не сакале кинеска сакале руска и тн. Никако не може да ни се угоди, тоа е.
     
    На Ambrosia, Sofi.ja, referentka и 9 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.876
    Допаѓања:
    122.924
    Пол:
    Женски
    Јакиот стимул 1500 денари наши. Нека им даде 3000 евра па да се прчи.. Море и они не се цвеќиња за мирисање.
     
    На boomsleng и LejlaD им се допаѓа ова.