Ова е вирус. Еден сој ке стивне, се 'појавува' нов. Или веруваш дека е мутација? Ако вирусот се шири преку воздух, ако може 14 дена да се пренесе, зошто тогаш не карантин од 3 недели? Уште кога почна епидемијава можеше да се спречи ширење. Ама очигледно поентата е да прими населението вакцини, некој да земе пари од сето ова. Секако ке те послушам.
Во продавница со маска одам. Нели со маска не се шири? На забар одам само, докторката со маска и визир. Парк е отворена површина и не се мешам со други луѓе. Се породив додека немаше корона, а во скоро време, можда и веќе никогаш нема да раѓам. Син ми ке полни 2.
Па ти велам заразна болест се решава само и само со вакцинација. Вирусот е заразна болест. SARS- CoV- 2 (COVID-19) е вирус. Коронавирус. Значи, SARS- CoV- 2 може единствено да се реши со масовна вакцинација.
Не ја гледаш поентата, не е важно дали носиш маска, важно е дека се движиш меѓу народ и зависиш од општеството, и према општеството и сите нас си должна да не не` заразиш. Ако сакаш само за себе да гледаш, не можеш да очекуваш да живееш во општество, не иде така.
Дошла зима кај нив ,а со тоа и респираторни инфекции. 62% вакцинирани,потребни се 80%,а има и непотполни информации.Нема податок меѓу која популација се раширило.И најважно од се колку ке умрат од заразените. Со карантин не можеш да го спречиш,само привремено и кратко.
Јас давам се од себе да не се заразам и да не заразам никого. До сега успешно. Ако сите се трудеа и беа дисциплинирани, немаше да има толкави бројки. Со изолација и карантин не? Зошто се појавуваат соеви? Таман ке стивне, пак нов бран? Мутиран наводно.
Не. Карантините се за да се успори ширењето и да се растегне, додека се вакцинира населението. Во Македонија ние го немавме тој систем, отидовте на директно неконтролирано ширење, што ете за жал не става меѓу првите 10 светски држави по починати. Новите соеви нормално ќе се појавуваат. Секој вирус мутира. Постојано. Најголем дел од тие мутации се неуспешни, дел ќе станат поуспешни и од претходникот, како Британскиот сој на пример. Грипот мутира многу повеќе од Короната, за среќа.
Блумберг ли е анти-вакс сајт? https://www.bloomberg.com/news/arti...ated-nation-reintroduces-curbs-as-cases-surge За Британија не знам, може лето е таму, може поинаку дува ветрот...
Не е карантинска болест. Затоа не може да се реши со карантин од две недели. Мутациите се нормални и очекувани кај вирусите. Сите организми мутираат, вклучително човекот. Тоа се вика борба за опстанок. Кај помалите организми оди побрзо таа мутација, затоа постојано има нови соеви.
Со карантини нема да се справиме со вирусот. Ако ги даваш за пример Австралија и Нов Зеланд, да имаат малку случаи заради строги карантини. И Австралија во моментов крши на велико шовекови права со тоа што не им дозволува на сопствените граѓани да се вратат од Индија во Австралија. Ама и Австралија и Нов Зеланд на велико вакцинираат. За да може да се отворат. Не го решија вирусот со затворање. И не може вечно да се биде затворен како држава. Вакцинирањето не е само за да се спречи вирусот. Вакцинирањето е и за да се спречи тешка клиничка слика. А податоците од земјите каде што има вакцинирани е дека вакцнините се особено ефикасни во тоа. Пример Србија. Имаа пораст на заразени дури и со вакцини, ама од вакцинираните немаат ниту еден смртне случај и помалку од 0,5% од вакцинираните завршиле во болница или развиле пневмонија. Ете затоа се вакцините. Тоа што ти не си се заразиле не значи ништо. Има луѓе што се заразиле на работно место со Н95 маска што не ја извадиле цело време во затворено. Не може индивидуални случаи да ти бидат репер за тоа дали луѓето ќе се заразат или не.
Ми истече времето за редактирање, ама го најдов истражувањето од Србија за користа од вакцините. Од било која од четирите вакцини што таму им се достапни: EKSKLUZIVNO! KONAČNO SE ZNA: Koliko ljudi u Srbiji je obolelo posle koje vakcine, koliko je završilo u bolnici, a koliko dobilo upalu pluća (blic.rs) - тука убаво се гледа дека многу малку од тие што примиле две дози завршиле во болница. Еве го и тоа за антителата повторно за сите четири вакцини што им се таму достапни Istraživanje: Građani u Srbiji dobro razvili imunitet na koronu, Fajzer stvara antitela već kod prve doze | Novosadski informativni portal 021. Јас кога се вакцинирав ми рекоа со било која вакцинирај се. Не е битно со која битно да сте вакцинирани сите по дома.
Тате се боцна денес Мил мој Многу си го сакам. Мама утре ќе се боцне, а јас деновиве претпоставувам. Со кинеските ќе ги боцкаат, многу ми беше страв дека тате со тромбоза ама денес беше на преглед и му дале зелено светло за вакцина. Ако има контра-ефекти ќе ви пишам,се надевам нема да има.
Баба ми ја боцнаа денес со кинеската. Ајде уште 3 недели и конечно ќе ја гушнам, ќе ја искрцкам. Повеќе од година ја немам гушнато
@MilaSs12 За заразна болест спасот е вакцината. Карантини не може да има вечно. Се проба да се реши пандемијава со карантин лани во февруари/март/април, да се намали ширењето, да се излекуваат болните и оп нема пандемија. Изгледа лесно и розово, ама свесни сме дека не оди се така црно и бело во реален свет. Прво самиот вирус беше новинка и прашалник што и како, а после и нивото на свесност не ни е толку високо. Видовме дека карантин не е решение, туку вакцината. И на пандемијава нема да и дојде крај само ако се вакцинираат тие што сакаат, туку ако има масовна вакцинација. Зошто се појавуваат соеви? Затоа што секое живо суштество е подлежно на мутации, за опстанок. Вирусите се уште повеќе подлежни на муатции, почести се грешките при репликација. Тие грешки можат да се подбри или полоши од претходникот, ако се подобри ќе имаме updated верзија на обичниот во британски, бразилски итн. Има луѓе се пазат, има и луѓе што не им е гајле, тоа е до нивото на општествена свест. Слично е и со вакцините едните сакаат, другите не. Не се грижиме само за нас или да ни е гајле само за нас, имаме одговорност и за тие околу.