А, од друга страна пак читаме по групиве како се жалат дека се со хронични болести а не се повикани, еве ни ние не сме повикани уште а пријавени сме одамна. Вчера баш читав една жена коментирала кај Заев дека е со хронични болести пријавена заедно со родителите од прв ден а не е повикана. Многу нејаснотии има.
Не е фер да се фрлаат вакцини дури има луѓе кои едвај чекаат д им дојди терминот, и пари би платиле! И имам впечаток дека оние кои го поминаа релативно лесно вирусот или не го поминале воопшто, не сакаат да се вакцинираат. Еве и јас пример на 22г и само со симптоми на изгубени сетила, не се вакцинирам. Ама баба ми со ќеф вчера се вакцинира а татко ми едвај чека да го викнат. Се надевам дека ќе убрзаат.
Да стварно еве и ја барам за родител со приоритет да се вакцинира поради историја на болест сегде во свет тие ги вакцинираат меѓу први ова што се дешава не знам искрено. Исто уредно пријавена на сајт од 1 ден ама на сајтот немаш опција да пишеш болест. Следно ќе треба во србија да и барам можност ако имаат вишок вакцини... свашта
Исто и синофарм втората доза им ја закажуваат за 21 ден, ама во Малта мислам поверојатно ќе да е Фајзер, мислам дека околу 70% од сите администрирани вакцини таму беа Фајзер.
Дали знаете на колку дена/недели е ревакцинацијата со Модерна, а на колку со Фајзер? Вчера мм влегол на страната да ме пријави за со Астра Зенека баш на 15.05 имало прв термин , ама последен момент кажа министеров за здраство дека од крај на мај сите од 30+ ќе си бираме до која сакаме вакцина да се вакцинираме па реков ќе чекам И сега не знам што е најдобро Џонсон, Модерна или Фајзер??
@Ahoy за ова што ќе кажеш сега ќе попушти ли Вилипче https://www.google.com/amp/s/amp.dw...neca-covid-vaccines-for-all-adults/a-57453351
Kако ти текна сега Модерна, од кој ракав ја извади и зошто? Кажете кај ќе вакцинираат туристи со Спутник бтв, најдобро Спутник Лајт За кого уствари ќе ги штанцаат на Торлак?
Ее не за џабе словачка, чешка и кои други беа ги откупија од данците АЗ. Вилипче нека чека да види искуства
Некако повеќе ми се допаѓа од Фајзер, конкретна причина немам Иако тие две се сестри близначки Некаде ќе вакцинираат туристи со лајтот? Каде?
@Cosmi и јас повеќе за таа се мислев , ама читав негде дека 66% е ефективна , најверојатно ради што е една доза
Не е Фајзер само, Модерна, Спутник, Џонсон и Џонсон следната недела. Ама не е важно, важно е да не е Астра.