Како намерно да не сакаат луѓево да се вакцинираат. Ние сме од Скопје, на татко ми му закажале вакцина во Охрид, на мајка ми во Тетово Жива среќа што веќе се вакцинираа, имаше по телевизии да ги има за ова.
Значи конечно приоритет за хронични. Уште да се изјаснат и за оние до ретки заболувања... Некој ако е со хронични или ретки споделете како ќе биде принцип на пријавување на вакцина: дали извештај од специјалист, мој термин итн...секоја информација ми е добредојдена
Абе све опасни. Со хронични не биле викнати. Не знам како си го замислувате системот, стискаат копче и сите од еднаш ги викаат. А тоа што утнува место на вакцинација е зошто не сте селектирале каде што треба кога сте се пријавувале. Секој ден има слаб одзив. Ете ги вакцините, очекувано беше ова...
Не е само до тоа каде селектирале зашто јас и свекор ми и мајками ги пријавував и за двајцата одбрав исто нашето место.За мајка ми стигна за овде а за свекор ми во др.град. И уште нешто Значи до вчера ве читав ама не верував дека и со вакциниве се прават манипулации во смисла на вакцинирање со врски упикување без термин.Ама денес самите на пункт си кажуваа.Вика пукнав од притисоци ,300 вакцинии стасаа а 3000 бараат ... Не не бива...
Значи ако викаат од пријавени 900 дошле 300, така го ,,уредиле, , за да има и за тие преку трупа Инаку сегде вакви приказни прочитавме, ќе има вакцини за сите ама некому му се брза, ете, не разбирам зошто
Денес главава ми е хаос. Ми стигна порака за вакцинирање,ковидот го прележав пред 2 месеци. Едни велат доволно е еден месец,други 2 ,трети 6.. да поминат... Моиве ме притискаат да не се вакцинирам. Јас само едно знам ,како јас ја прележав...уште еднаш не би можела да издржам...
А врз база на што ви се овие тврдења и што ќе добие повеќе со вакцината? Ај преведи ако не те мрзи https://www.dw.com/en/german-parlia...eedoms-for-covid-vaccinated-people/a-57450855 За вакцинирани луѓе и тие што прележале ковид во последните 6 месеци, во Германија нема лимитирање. Изедначени се. Ваљда знаат зошто.
Нема ништо повеќе да добие од вакцината, заштитена си е 6 месеци секако, имала или не антитела. Ама нема ни да биде проблем да прими вакцина, нема да направи штета. Единствено може (или треба) да ја одложи вакцината затоа што има ограничени количини на вакцини, од други причини не гледам зошто би одложила вакцинација, или да прими само една доза, што не е можно моментално. 1/4 од оние 80 000 вакцинирани се прележани, а се вакцинирале затоа што живеат во Македонија и не се сигурни дали за 2-3-6 месеци ќе има вакцини пак. И ги разбирам.
Ама врз база на кои достапни информации? Другото башка, се вакцинирале оти ќе немало вакцини. Обавезно, еве не знам што би се десило за да снема вакцини Торлак за кого ќе работи? Другите од што ќе праат пари?
Врз база на Петличковски Еве, пример: https://www.forbes.com/sites/brucel...-get-the-coronavirus-vaccine/?sh=329f480b4b8b Не сум слушнал доктор до сега да мисли дека не е безбедно да се прими вакцина после прележан Ковид, а ете имаат и 2 месеци поминато.
Ајде биди своја најдобра верзија, не ми пуштај гугл линкови од претприемач и одгледувач на авокадо Од доктор, клиничко испитување, во однос на кинеските вакцини кои се во оптек. Да, пишат американците, ама за мнра вакцини и во истиот стил, не би требало да е проблем. Ако велат германците имунизација ти важи 6 месеци по ковид, ти важи и тоа е.
Еее, девица да не си во хороскоп? За Кинеските нема објавени клинички студии за најобични луѓе, а не па прележани/ непрележани или различни групи Шала на страна, ова го кажувам од Петличковсли што го имам слушано ресентли, ваљда он знае, тоа му е работа
Јас не знам зошто ги праќаат во други градови да се вакцинираат луѓево а не во градот од кај што се. Денес баш дознав за луѓе што им е закажана вакцинација во други градови, а може да се вакцинираат во градот од кај што се. Никаква организација нема, ама не сум зачудена воопшто.