Би се вакцинирала со вакцината од Оксфор само ако ги помина сите 3 фази наиспитување, и после 6 месеци одкога би била одобрена кај нас. Или на пример ако би останала трудна и е одобрена за бремени.
Кина има неколку вакцини во последна фаза. Оваа една беше одобрена за војската уште од поодамна, значи во Јули почнале со вакцинација, Русите ја објавија на 11.08 мислам.
Кога ја имаат објавено? Кога стасале да ја тестираат.. Лудост е ова, прекратко е времето. Колку и да се сигурни во вакцината, треба период подолг на тестирање. Не сите ефекти се јавуваат во рок од 2-3 месеци, некои се јавуваат покасно.
Да, но во време на пандемија имаат право да ја одобрат и порано, за одредена група луѓе, лимитирана употреба, така што Кина веќе ја вакцинира војската и здравствени работници.
Да дојде младината на ред, ќе почекаме уште 2 години. Препоставувам дека прво ќе вакцинираат здравствени работници, стари лица, лица со хронични заболувања и компромитиран имунитет. Сепак тоа е огромна побарувачка. Ама кога ќе дојдам на ред, ќе се вакцинирам дефинитивно. Што се немаме примено, за многу поподмолни болести, па сега за корона вирус. Очекувам да има реакции како и останатите. Зголемена телесна температура, болка на местото на апликација итн. Стравот е зошто е нова, сеуште недоволно истражена, ама тоа е нож со две острици. Ако не ја примиш, може да се заразиш, не знаеш како ќе реагира твојот имунитет и на крај да резултира со смрт. Од друга страна ако ја примиш, може на долг рок да има некои несакани ефекти. Како и да е, со оглед дека сме најутепани во Европа, може и наскоро да ги тестираат на нас. Како што направија Германците во Јужна Америка.
da bi ja primila ruskata vakcina (no kaj nas za zal nema da ja odobrat) taa e so godini testirana protiv SARS I MERS , no ocigledno deluva i na sars cov 2 (covid-19)
Јас не би примила,ниту сега,ниту за 5 години, освен ако не е задолжителна за здравствени работници... Уште по сомнителни стануваат со муабетите ја прими внука му на Путин,на овој, оној бла, бла,бла.
Очиглено е дека овие вакцини се реализираат по забрзан пат. Би се вакцинирала доколку имам повеќе информации и се од веродостојни производители- АнтраЗенека, Модерна, или Фајцер. Ништо од земји кои развиваат таканаречени вакцини по забрзан пат само за политички цели, како на пример Русија, или пак Кина. Додуша Кина мора да плати за вирусот.
Јас не би примил никаква вакцина! Вакцините се штетни за децата и сите стари лица кои примиле вакцина против сезонски грип не се чувствуваат добро. Лично мислам дека вакцините се создадни за да го ослабат организмот кај децата за побрзо и полесно да се разболуваат за да може да купуваат лекови и да функционира фармацевтската мафија. Според Библијата 5 Мојсиева книга 14 глава 1 стих Вие сте синови на Господа, вашиот Бог; не правете зарези на телото свое и не ја стрижете косата над очите свои за умрено; Тука спаѓаат вакцините, тетоважите, пирсовите... Луѓето се создадени совршени од самиот творец. И се што се убризгува или променува го уништува божјото совршенство и си го уништува здравјето и убавината. Преплатете се на каналот MARIJA S има многу паметни работи да се научат. 1. Вакцини за сезонски грип за постари луѓе: 2. Зошто докторите не се вакцинираат: 3. Алуминиум во вакцините причина за аутизам кај децата:
Да ме има прашано некој ова у Март, кога за фарсава мислев дека е реалност, ќе речев дека прва би примила. Сега ни под разно.
како можете бе вакви сра*е видеа да гледате и да мислите дека сте откриле нешто и дека сте научиле? па секој може што сака на јт да објави и да каже и аје сега да глумиме научници....ама со алуминиум во мозок од вакцините кои сме ги примиле не можеме
За сите вакцини некој бил прв. Ние имаме среќа што сме генерации кои наследиле многу вакцини кои со години биле „тестирани“ на претходните генерации и ако било потребно биле „подобрувани„. За коронава, ние ќе сме тие генерации на кои ќе се тестира. Некој мора да е во „првите“. Џабе и 10 години клинички да ги тестираат, додека масовно не се прима, тешко да се знаат сите контраефекти. Таа ни била среќата.
Јас лично не би примила вакцина. Туку, прочитав дека во Австралија веќе стапила присилна вакцинација. Доколку @bittersweet e запознаена со ова нека сподели ако не и е мака
Неее, не сме Северна Кореја па присилно да вакцинираат. Не може во демократско општество присилно да вакцинираат ама има начин како да те примораат доколку сакаш живееш во државата. Претпоставувам дека ќе биде како сега што направија за играчите на АФЛ австралиски фудбал, кога почнаа со рестрикциите најголем проблем беше сезоната на АФЛ се договорија да направат players hub каде што ќе бидат сите играчи во изолација и ќе си ја играт сезоната, за да бидат во изолација и да играат сите мораа да примат вакцина за грип, имаше играчи кои беа против вакцини и не се вакцинираа, нема вакцина, нема играње, нема пари и по некоја недела се вакцинираа, Исто ќе биде за здравствените работници кои и сега се вакцинираме за многу работи и без тие вакцини не можеш да работиш, во обавезителните ќе влезе и за ковидот. Учениците нема да ги примаат без ковид вакцина во училиште и нема да се можеш да се вадиш со медицински или религиозни причини дека не вакцинираш, веќе го нагласија тоа за кога ќе се најде вакцина, сега пр јас си имам напишано дека од религиозни причини не ми се целосно вакцинирани децата и не смеат според законот да ми го одбијат образложението. За наставничкиот кадар ќе биде исто или вакцина или нема работа зошто им го загрозуваш здравјето на децата. Градинките ќе ја пеат истата песна, во старечките домови и вработените и за резидентите, за нивно добро ќе биде вакцината. За примачите на државна помош ќе биде no jab, no pay, нема да можеш да патуваш ни внатре во Австралија ни надвор без потврда за вакцина. Секаде друго работодавците ќе им дадат опција на вработените или да се вакцинираат или ќе останат без работа зошто без вакцина сите ги ставаат на ризик а и самиот бизнис. Така да не нема да биде присилно кога ќе дојде до вакцинирање имаш опција да не се вакцинираш ако не сакаш ама ќе живееш од воздух.
Да направиш да биде задолжителна вакцина која вчера излегла од лабораторија е играње руски рулет. А ако ја направат, прашање е дали секоја земја ќе прифати да сноси одговорност ако се појават последици. Буквално ќе испадне - болје од вакцина да умреш него од ковид, барем од првото нема да заразиш друг. Зашто може да е стварно ефикасна за ковид, ама пак да има други штетни ефекти. Кажав еднаш, антиваксер не сум. Ама тоа важи за вакцини кои со години и децении се примаат и кои сме виделе дека имаат ефект. За ова не. Особено знаејќи дека земјиве беа во трка која прва ќе испадне светски херој па набрзина склепаа некакви вакцини.