Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    43.151
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata се имам изјаснето на темата. Да има вакцина прва ќе се вакцинирам само да не живеам во страв.
    Нашата држава како и во се', еве пак последни ќе добиеме тоа да. Сепак по медиуми слушав дека ќе се воведе тој Имунолошки пасош, дали се работи за црни сценарија, шпекулации или е вистина не знам и не навлегувам во точноста на информациите.
    Прашањето ми беше сериозно. На блиска личност и беше побарано да се изјасни дали ќе се вакцинира. Како да се изјасни позитивно кога пред 10 дена го прележа вирусот, а како да се изјасни негативно ако ваквите информации се точни. Тоа сакав да знам. Бидејќи нема логика да се вакцинираш а имаш антитела.
    Како и да е, прочитав дека се работо за Имунолошки пасош со што би се знаело дали си стекнал имунитет, на овај или онај начин.
     
    На 1209, noteforself, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.782
    Ама ние не знаеме кај читаш. Официјално, никаква информација за таков пасош немам сретнато.
    А твојата блиска особа ќе се изјасни според сопствените убедувања, ниту ќе има вакцини за сите ниту некого на сила ќе вакцинираат, барем во догледно време.
     
  3. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    jas ne sum antikvakser tuku pisav tie 2 ne bi gi primila tuku klasicna vakcina ke cekam
    inaku jas konkretno zboruvav za delot sto ti citarav .. vakcina samo zs tie vlozile pari i moralo da im se vratat? ..iako realno najgolem del od vlozenite pari vo razvoj na vakcinite se sepak donacija? a donacija e sepak nesto drugo, bar bi trebalo da e?!
    i isto prasav koja e opasnosta po tebe, pr vakcinirana od mene nevakcinirana, tii neli zastitena,jas ne sum ? ,
    sto e so decata?
    zs ogranicuvanja za nevakciniranite ? koga tie se vo opasnost
    ova sto ti mi odgovori,nema vrska so ona sto komentirav tuku odma epitet "antivakser"
    vo red e ..da vo pravo si za edno , ne sme mali ,
    i uste edn zs vakcina koga ete vo britanija (dobro ne samo britanija) veke tretiraat so koktel od antitela sto odma stvara imunitet od virusot kaj zarazeniot ,za razlika od vakcinite, zs ne se ide kon masovno proizvodstvo i upotreba na toa tuku samo za izbranite, a za narodot vakcina ? (ona na sto konkretno replicirav da im se vratat vlozenite pari? )
    i uste nekoi dr raboti ama aj
     
    Последна измена: 27 декември 2020
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Значи не.
    Океј.
    Тогаш ако тој не гарантира, како јас да сум сигурна во истото и да им верувам дека ја направиле вакцината ефикасна и безбедна? Кому да верувам кога тој што ја направил не е сигурен?
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    На која вакцина се гарантира безбедноста? Или лек?

    Сериозно прашувам, не знам.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    100% на никоја. Ама од другите вакцини сме виделе ефекти со тек на време или се следеле тестираните неколку години пред официјално да се пушти во употреба. А вака...нека има вакцина. Ама зарем е разумно веднаш да се започне со забрани? Нормално е да имаат луѓето страв и недоверба.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    Апсолутно не е во ред да се започне со рестрикции, ама тоа е веројатно начин да се стимулира поголема вакцинација.

    Секако дека е нормално да имаме страв и недоверба, но сепак мојот и стравот на мојата фамилија е поголем од самиот вирус него ли од вакцината, која додека стигне кај нас ќе биде истестирана на стотици илјади луѓе низ целиот свет и тоа цела година.

    Верувам во медицината оти е напредната, не мора да значи дека се потребни 100 години за да се потврди ефикасноста. Посебно не во денешно време кога според мнозината никотинот нема никакви штетни дејства, ниту на долгорочен план не е ризичен, но вакцинацијата и те како влева страв и несигурност.

    И онака додека дојдеме на ред ние младите, вакцината ќе биде можеби и 2 години во употреба, од тој аспект по сигурна.
     
    На 1209, KateKane, busybee и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Пресмешно е кога читам ќе не примораат да се вакцинираме, а приморувањето уствари забрана за патување да ти било. И да се реализира на тој начин, не е приморување тоа. Право на патување не е човеково право. Човеково право е дека земјата чие државјанство имаш мора да те прими назад. Малце одмор во Грчка како човеково право ви е сфатен.
     
    На Amellie13, KateKane, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    11.471
    Пол:
    Женски
    Сериозно преку Ковакс руската ќе сме ја добиеле или фејк њуз? :rofl:
    Оти руската можеа досега директно да ја набават, вака преку ковакс ем се чека, ем пак истата вакцина. Која иронија.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    Ако не се лажам Ковакс е механизам на ЕУ, а ЕУ засега ја има одобрено само вакцината на Фајзер :?:
     
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    11.471
    Пол:
    Женски
    https://faktor.mk/ruskata-sputnik-k...akcinite-za-nashite-gragjani-ushte-ne-se-znae
    Некој Арсовски така изјавил, ако е точна веста. Не можам да најдам видео изјава, ама ако е вистина, живи гревчиња сме да му се сневиди.
    Директно од Русија ем поевтино ем побрзо можеа да ја договорат, дури и понуда имале од руска амбасада, на која нашиве не реагирале.
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    Фејк е или ни самите од Влада не знаат.

    Баш сега читав на официјалниот сајт на Ковакс Механизмот.

    Тие засега имаат потпишано договори со околу 10 прозиведувачи на вакцини, меѓу кои ќе бидат и, според досегашните резултати и истражувања, одличните вакцини Новавакс, Џонсон и Џонсон, Јансен, АстраЗенека, CureVac и неколлу други кои скоро го имаат започнато процесот на развојот на вакцина.

    Ниту една од руските вакцини ја нема на листата.

    Според досегашниот терк, најверојатно најпрво ќе ја добиеме вакцината направена од Оксфорд и АстраЗенека, Модерна (кога ќе се одобри во ЕУ од ЕК), Новавакс, потоа CureVac и така натаму.

    Еве во прилог дел од вест објавена на официјалниот сајт за Ковакс, на 18.12.2020:

    The new deals announced today include the signing of an advance purchase agreement with AstraZeneca for 170 million doses of the AstraZeneca/Oxford candidate, and a memorandum of understanding (MoU) with Johnson & Johnson for 500 million doses of the Janssen candidate, which is currently being investigated as a single dose vaccine.. These deals are in addition to existing agreements COVAX has with the Serum Institute of India (SII) for 200 million doses – with options for up to 900 million doses more – of either the AstraZeneca/Oxford or Novavax candidates, as well as a statement of intent for 200 million doses of the Sanofi/GSK vaccine candidate.


    As part of the COVAX R&D portfolio, CEPI has invested in 10 vaccine candidates. 9 of these candidates are still in development, and 7 are in clinical trials.

    • AstraZeneca/ University of Oxford (Phase 3)
    • Clover Biopharmaceuticals, China (Phase 1)
    • CureVac, Germany (Phase 2B/3)
    • Inovio, USA (Phase 2)
    • Institut Pasteur/Merck/Themis, France/USA/Austria (Phase 1)
    • Moderna, USA (Phase 3)
    • Novavax, USA (Phase 3)
    • SK bioscience, South Korea (Preclinical)
    • University of Hong Kong, Hong Kong (Preclinical)
    • University of Queensland/ CSL, Australia (Phase 1, programme discontinued)
    Извор: https://www.who.int/news/item/18-12...didates-plans-global-rollout-starting-q1-2021



    Едит 1: Руската вакцина Спутник има само изразено интерес за да учествува во Ковакс, а другата засега потврдена вакцина во Русија на 12.12 испратила документи до СЗО за да биде регистрирана и од нивна страна.

    Едит 2: Последната вакцина на списокот, онаа од универзитетот од Квинсленд е суспендирана и нема да се користи никаде во светот.
    https://www.nytimes.com/2020/12/11/world/australia/uq-coronavirus-vaccine-false-positive.html
     
    Последна измена: 27 декември 2020
    На Biljarkata, Billy Idol, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.246
    Допаѓања:
    39.593
    Пол:
    Женски
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.031
    Пол:
    Машки
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.406
    Пол:
    Женски
    Ааа ај малце без претерување.Како не е право да патуваш? Знаеш дека луѓе не идат во странство само за одмор во Грчка, нели.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па не е. За што и да одиш, не е загарантирано дека мораш да одиш. Дај ми еден пример каде загарантирано право е дека апсолутно мораш да патуваш. Имаш право на слободно движење, ама тоа во рамки на земјата каде имаш државјанство. За секој друг случај, дури и во рамките на ЕУ, не ти е загарантирано правото дека било која друга земја освен таа чие државјанство имаш, мора да те прими, ако не сака. Па кој сака нека е мотивот или потребата за пат.

    Да се бараат услови за патување не е ништо ново, ни па нелегитимно. На аеродроми бараат и да покажеш дали имаш доволно кеш во тебе и каде ќе си сместен и до кога, па не за вакцина. Они својата популација ако ја вакцинирале, нормално е да бараат од Славица од Македонија да се вакцинира за да влезе во нивната земја.
     
    Последна измена: 28 декември 2020
    На le.soleil, Bezimenka90, Lima24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Уште се крстам во тоа дека барем Визер нема да си дозволат вакви лудости. Нема да потклекнат сите авиокомпании и земји - дестинации, сигурна сум.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Што не јасно? Вакцините ги докарале во Пловдив, комбето продолжува, и ги доставува колбасите на Илинденска бб.
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.304
    Пол:
    Женски
    Каде и во која држава за влез ти барале до сега вакцина да имаш примено? Јас ова не го знам?
    Едно е да примиш (а не си приморан) вакцини кога одиш на подрачја каде некои болести се актуелни, ама дека мораш и дека ако не примиш ќе ти забранат патувење, јас ова не знам.
    Слобода на движење. е исто што и слобода на патување. И те молам, разграничи ги работиве. Едно е да бараат финансиски средства за да те примат во државата, а сосема друго е да ти чепкаат по здравствен картон и истиот да е на изволте на цел свет. Ова до сега го немало!!! И ич не е нормално!
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Пример за да патуваш во некои земји во Африка ти бараат картон и примени плус вакцини за хепатитис итн. За визи во Америка ти бараат здравствен картон. И ништо чудно не е во сред пандемија да бараат здравствени картони. Чим ние не сакаме некој сомнителен, можеби заразен, клицоносител да ни влезе во државата, зашто они би не сакале нас??
     
    На Amellie13, dayla, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.