https://alsat.mk/mk/graganite-koi-d...ke-se-vaktsiniraat-vo-nivnite-naseleni-mesta/ Граѓаните кои добиле термини за вакцинација во други градови ќе се вакцинираат во нивните населени места
Majka mi ha prijaviv vo Bukuresht poliklinika a i stigna Arena A1,B.Trajkovski.A isto i tetka mi vo Cair a vo Aeeba A1.Dali i po poliklinikite vakciniraat ili samo vo Vio Areba A1
Нема потреба од ништо. Баш вакво слично прашање имаше вчера и докторите во групата на фб рекоа не треба ништо. Ако има реакции отпосле може парацетамол.
Сега тетка ми 73 години беше се боцна, ја прашуваа што пие апчиња, и рекоа алкохол 3 дена не, и ако има нешто само парацетамол.
Добив порака дека ми е закажана вакцина, но не на мое име. Се мислам дали да се направам на три и пол и да се појавам на пунктот, зашто врски за вакцина немам и не знам дали ќе дочекам таква порака за себе.
На познаник кој што се пријави пред две недели на сајтот за вакцинација му стигна завчера порака каде и кога треба да се вакцинира. 20 годишен, не спаѓа во никаква приоритетна група и без никакви врски барање. Ќе дојдеме сите на ред, полека. Пријавете се на сајтот за вакцинација само, и бидете трпеливи.
Ти ќе се направиш на три и пол и ќе се појавиш на пункт, но на вакцинација ќе биде повикан Петко Петкоски, а не Под Притисок, и во здравствената евиденција на Петко ќе треба да се запише дека бил вакциниран.
И на Петко ќе му биде запишано дека е вакциниран, Петко ќе си извади сертификат и ќе може да патува пример како вакциниран а ти или ќе одиш да се вакцинираш по втор пат со што ќе си го загрозиш здравјето и животот, или нема да добиеш сертификат и нема да смееш никаде да патуваш многу долго време бидејќи иако си вакцинрана ти сепак немаш доказ за тоа. Птичји мозок да имаше ваква глупост немаше да ти текне а башка што Петко ќе остане невакциниран и ќе го загрози туѓото здравје, а да не зборуваме дека на Петко можеби и животот му зависи од оваа вакцина.
Ти или не го сфати постот мој или не знам што е проблемот? Поентата ми беше дека не може да иде да се вакцинира на туѓ термин, затоа што секако ќе биде повикана личноста за која и бил наменет терминот. На пунктот каде што се вакцинираа баба ми и дедо ми, пред да влезат лични карти оставија за идентификација.
Познаникот се пријавил пред две недели и го викнале, важи. Моите се пријавени на 10ти февруар, абер нема од термин, ама него туку така го викнале. Да го поздравиш
Има една би ја кажала мучка со сајтот за вакцинација, имено кога ќе се пријавиш за вакцинација и ти стига на меил потврда, во самиот меил има линк дали сакаш да ја откажеш вакцинацијата и ти вика кликни на него ако сакаш да ја откажеш вакцинацијата. И сега ако кликнеш на него, он те брише од системот како пријавен за вакцинација моментално, а тебе тој линк не те носи никаде. Многу луѓе така се имаат зафркнато и воопшто не ни знаат дека го откажале терминот за вакцинација.
На татко ми му стаса порака со термин за вторник дури за во Охрид. И не, нема утнато при пријавување бидејќи јас го пријавував и убаво обележав за во нашиот град.
Па не работи, кликаш на него и автоматски ти ја брише пријавата што ја имаш за вакцинација. **Можам да замислам колку од вас од радозналост го отвориле линкот и сега појма немаат дека не се ни пријавени за вакцинација.
Па не сум до толку интернет неписмена, за да кликнам на линкот кога во ниту еден момент не сме посакале да се откажеме од вакцина. Нека не ве лажат, никој помлад не е туку така од нигде викнат на вакцина