Не, јас не пробав, ама друг спомна, некаде низ темиве. А за другар ти, јаки врски фатил, само што ќути.
Јас од тие радозналите сум, кликнав на линкот. Сакате да кажите дека џабе чекам? Ај, посекако немаше да дојдам на ред.
Татко ми на 24 февруари фати ковид. Има 65 години. Јас пред недела дена ги пријавив со мајка ми на вакцина, си реков ќе минат месеци може додека дојдат ред. Сега му пратиле порака за понеделник. Не знам дали да одложи или да ја прими.
На мајка ми и стигна сега за вакцинација во Борис иако имавме одбрано Букурешт. Бидејки нема да може да оди од здравствени причини, а не сакаме да го држиме редот, има ли шанса некаде да се јавиме за да се откаже терминот и друг да го искористи?
И доколку се стигне со возило до салата и некој отиде да пријави, излегува екипа од доктор, сестра и дечките од црвен крст и вакцинираат во кола пример. Комшика така направи, а и мајка ми кога ја чекав видов и други луѓе што исто правеа. Колку е точно ова? Оти нели не идат на термин многу.
Член од семејството доби термин за вакцинација. Има 55 години, од болести има Дијабетис тип 2 повеке од 25 години ( 7 пати на ден инсулин користи ) и стент на срце вградено.
Со Синофарм вакцинираат. Баба ми ја прими првата доза пред 2 дена, немаше никакви реакции. Само некоја блага болка во раката пола саат/саат после вакцината.
Не доаѓаат дома, но како што посочи една членка погоре, може со кола да отидете до местото за вакцинација и сестрата да излезе надвор да ве боцне.
Сега и мајка ми добила термин за 11.05. во Јане Сандански Има 64 години, нема никакви хронични болести и не спаѓа во ниедна ризична група. Не знам дали успеа сестра ми првиот ден да ги пријави, ама знам дека многу брзо се пријавија откако го пуштија сајтот за пријавување. И таму со Синофарм боцкаат?
Укочена е во кичма со инекции нема шанси да стане. Здравје. А зашто не направат драјв ин вакцинација не ми е јасно. Толку побрзо ќе оди, врз опасност од гужви. Цел свет така боцка.
Свекор ми е неподвижен, па не сакаа да дојдат дома - таков бил протоколот. Далеку сме ние од цел свет