И мајка ми доби термин денес, за во вторник во пол. Чаир Едвај ја дочека вакцината и ете ја сега паничи да не и биднело нешто од вакцината
Мене мува не ме лази. Вчера на аеродром ме тестираа, негативна сум. Барем дознав и тоа. Не се плашам туку едвај чекам. Да заврши тоа па раат да си патувам.
Татко ми е 68 години уште не е викнат, денес пак го пријавив уште еднаш за секој случај, да не ја зезнав работата
На мајка ми и на татко ми им стигна порака за вакцинирање на мајка ми во а1 арената а на татко ми во јане сандански. Со кои вакцини вакцинираат таму?
Јас се пријавив уште веднаш кога излезе страна за пријавување, минатиот месец го прележав вирусов и денес ми стигна покана за вакцинација за вторник. И сега не знам што треба да правам, ќе одам во понеделник со матичниот да видам што ќе ми предложи, да одам или не? Имам 40 год.
Мислам дека може матичната да ви го откажи терминот па откако ќе оздрави повторно ќе се пријави. Прашајте матичен лекар
Има ли некој блиско искуство да е некој вакциниран со стент? Некако ме плашат тромбови и слично. Не ми се пушта мајка ми на вакцинација пред да се распрашам убаво. Иначе свекор ми се вакцинираше денес, свекрва ми ја викнале за во вторник. Пријавени пред околу две недели.
Дали има некој деновиве што се вакцинирал со потврда за здравствен работник, без термин? Сакам да одам во понеделник, не знам како е со гужва, колку се чека... Во Скопје конкретно
Јас, но не во Скопје. Влегов преку ред, но не ме разбирајте погрешно морав и кај мене постоеше револт како што имаше кај народот кој чекаше. Вравотена во јзу и во служба прва на удар бев изземена од секаков список од моите одговорни на работа за вакцинавија само заради тоа што сум на породилно кое завршува за месец дена. Додека колегиве мои си бираа фајзер спутник, мене ми остана синофарм, фала му на бога добро поминав со прва доза. Да доктор сум, со висок протисок од бременост, не дојам,со мали деца и старци по дома, да не речам ради нив се вакцинирав, али државава наша пошто е хаос, морав да се снаоѓам сама и да се буткам преку ред.