Времето е такво, снајди се па живеј. И јас би отишла така да познавав некој што може да ме бутне. Сега се распрашувам за во странство да добијам вакцина. Смачено ми е на секое излегување од дома да ми упатуваат остри погледи. Искрено многу ми олесни откако баба ми и дедо ми примија прва доза. Најмногу за нив се плашев. Ете сега повикани се и другите од фамилијата наредна недела ќе ги вакцинираат, за себе не се плашам воопшто. Дури и да добијам вакцина си размислувам да ја отстапам на овие што душа ми извадија за таа корона и да прекине веќе оваа глупост. Не ме сфаќајте погрешно, сите се плашат од корона, но некои претераа, секој ден тој муабет го слушам и ми е преку глава. Едит: Првичниот став ми беше дека не би примила ниедна вакцина додека не се направат доволно истражувања за ефикасноста. Не сум анти ваксер но сепак вирусот е релативно нов, а вакцините произведени набрзина. Но сега би прифатила со било која вакцина само да завршат овие стресови. Не го потценувам вирусот во никој случај. Но не ме плаши толку проклетиот вирус колку што се плашам за блиските. Мене што и да ми се случи сум рамнодушна, ама не би си простила да заразам некој кој го сакам и да го изгубам.
Дедо ми. Со Фајзер. Пред две недели. Мислам на 13 мај ќе примат втора доза. Два стенда има. Мала треска само вечерта имаше.
Сега следно сите со синовак ќе се вакцинираат кај нас? Ко што гледам 500000 дози значи скоро сите синовак ќе примат во земјава.
Мислам читав во текот на мај. Ама мислам слабо интерес ќе има за неа, барем од тоа што слушам вака во лични разговори.
На 15.05 ќе пристигнат уште околу 100 000 дози Синофарм, а сите граѓани кои што биле пријавени на сајтот до 30.04.2021 (тоа, како што вели Филипче, биле околу 160 000 граѓани) ќе добијат термин за вакцинација за максимум две недели, имајќи ги во предвид и тие количини. https://www.slobodnaevropa.mk/a/фил...о-очекуваме-колективен-имунитет/31242713.html
Има ли некој друг над 65 што не му стигнало? Ги пријавив моите уште првиот ден кога го пуштија сајтот, имаат и повратен меил, ама термин немаат Не знам стварно што е критериумот за добивање термин.
Има, мајка ми. Не знам и јас што е критериумот, гледам и помлади без болести викнати. Изгледа кој како врски ќе си фати.
Што е со муабетиве дека зависело од градовите , па во некои градови викале и 2о годишни иако не биле приоритетни , вакцините по градови зар се делат, па така да гледаме во Скопје и луѓе во години ме се викнати уште , а во други градови дваесет годишни веќе вакцинирани
Dali ke pristignuvaat drugi dozi od Sputnik ili site ke se vakcinirane so kinewkite? dali mozebi imas info?
Помалку жители во тие градови и автоматски побрзо на ред стигнуваат помладите, во Скопје има неколку пункта, но и многу повеќе пријавени, зошто има и повеќе жители.
Инфо некој или искуство за вакцинација за лице со телесен инвалидитет и долгогодишна терапија за епилептични напади?
И свекрва ми не е викната, 68 има. Свекор ми за утре има термин, а тој има 67 години. Работава е изгледа на среќа, кој како ќе добие термин.
Правеше ли некоја контрола пред тоа? Ни таму ни ваму сум. Нит сум да се вакцинира нит така да ја оставам.
Јас немам никакви врски фатено, па имам термин, од што зависи не знам. Не сум во Скопје, ами сепак голем град е. Изгледа немаше пријавени, заинтересирани.
Моментално само кинеските вакцини се?Се знае со кои се очекува да продолжи вакцинацијата или што ќе дојде тоа?