Синофарм е сега, плус мали количини на Фајзер од директниот договор што стигнуваат редовно секој понеделник по 4000- 7000 дози. На 15 мај ќе стигне пак Синофарм, околу 100 000 дози, донација од Кина.
А дозиве не сфаќам, дали се само за првата доза или за вкупно двете дози ги користат? Негде читав за ова на форумов ама не се сеќавам и не можам да најдам.
Вкупно. Значи од вкупно 300 000 дози Синофарм во Мај ќе се вакцинираат 150 000, од вкупно 26 000 дози Фајзер во мај (од директниот договор) ќе се вакцинираат само 13 000 луѓе, итн...
Не се вакцинираат, нив директ антивирус им инсталираат. За шо треба ит фирма да се организира, вработените не се луѓе со здравствено осигурување кои сами треба да се пријават каде и да е
И мене ми кажаа за една ит фирма дека ќе организирала вакцинација за вработените, ама не ми е од прва рака муабетов да кажам со сигурност. И не знам како ќе потегнат да им се даде приоритет цела фирма да биде испратена на вакцинација, кој би го одобрил тоа. Уствари и не знам што се чудам... Ај да видиме Филипче дали ќе си стои на денешниот збор, иако довербата не е нула, туку минус
јЈас прочитав деновиве ке дојдат Синофарм и Синовак.Добри се и двете имаат заштита во Кина највеќе со овие 2 се вакцинираат. Еве се намали бројот таму.
Дефинитивно не одат по возраст. Туку според пријавени,како што и беше најавено. 30 год.40 год.неделава имаат термин. Брзо оди,ќе бидеме слободни за скоро.
Ако е сппред пријавени и јас и мм и мајка ми на исти ден се пријавивме , мајка ми ја викнаа нас не. Други се жалат пријавени дека се февруари март па не се викнати, ние средина април се пријавивме.
Помлади што се пријавени на почетокот се викнати неделава.Во наредни две недели сите ќе бидат викнати,така знам.
Дали е укината потребата од носење упат при вакцинирање? https://sdk.mk/index.php/makedonija...snot-pred-da-se-vaktsinirate-protiv-kovid-19/
Не е точно моите се пријавени баш првиот ден кога го пуштија сајтот па не ги викнаа, свекрва ми ги пријавивме пред 1 месец нив ги викнаа. Критериум не знам кој е.
Па сега блиски пријатели ми се утре на вакцина. 37 и 43 год.Пријавени на почетокот. Еве погоре и Sky -Bytterfly пишува без врски ја повикале на 40 год.
Има и нема ред изгледа пријавена од старт на сајтот ме немаат викнато млада ваљда рачунаат, мајка ми пријавена пред месец ја викнаа, вујко постар од мајка ми хронично болен не е викнат
Јас не викам дека другите се со врски туку дека системот не функционира како што треба. Тие што се со врски ги протнуваат без термин.