Се нудат да те вакцинираат таму де Па и со Фајзер и Модерна, или АЗ Ете ги пунктови на граничните премини ќе правеле, јас ги контактирав нормално
Дали кога им закажуваат термини за вакцина по смс, пишува и со која вакцина ќе бидат луѓето вакцинирани или тоа го дознаваат на пунктот?
Два пати се пријавив и ниту смс ниту емаил ми стигна, никаква потврда. Сте имале ваков проблем? И сега следно кај да се обраќам? Не знам дали сум внесена во системот, да не си чекам за џабе. А на мајка ми матичниот и рече и да се пријавела на страната и после да се јавела кај него, а викаа немало потреба..
Оваа недела што имаат ваши блиски или вие добиено термин за вакцина на која возраст се? Отприлика да знам со која брзина оди
@Ahoy ме замисли сега, можам и таму да се вакцинирам. Поарна е од кинескиве, нели? Инаку и моиве ги викнаа на вакцини, немаме врски, не се ризична група, не се изложени на ризик на работа. Додуша во друг град се викнати ама се викнати. Пријавени се уште одма на почетокот. После ќе имаме колективен имунитет на фамилијарно ниво. Сите повозрасни у потесна и поширока фамилија скоро се буцнати... сите вакцини ги дегустиравме, кинеската, Фајзер, АЗ... you name it, we had it.
И јас сум замислен веќе недела дена Ама некако сумливи ми се, кога ќе ми текне дека вакцините ги транспортираа во комбе за колбаси А и далеку ми се. Ама фри Фајзер или Модерна кој ми дава А и оваа болницава што организира (Comac Medical) е за клинички студии
Мајка ми и татко ми 44 и 48 години, сабајлево матичната им кажа до крајот на месецов ќе бидат викнати и двајцата. Let's hope so
Ме радува што има еден куп луѓе што се заинтересирани за вакцини. Јас мислев ни 10% од популацијава нема да покаже интерес. Иначе за Модерна, пола другари што ми се со бугарски пасош се избоцкаа со неа, сите се со антитела и никој не направи тешка компликација. Најнормални, температура и малаксаност.
Ако се пријавени преку сајтот изјавија дека сите ќе добиеме термини до 15.05. Тоа мислан не оди преку матичен директно ти праќаат смс
А дали има некои прегледи што треба да се прават пред вакцина? Денес чув дека матичните правеле генерален преглед и на некои од тие што ги знам советувале да не се вакцинираат заради одредени поместени параматри, ама не знам што точно испитуваат. Не знам дали сами закажуваат луѓето или стандарна некоја процедура е, да не знаете?