Да прашам тие што се вакцинирале сп синпфарм а се физички активни , после колку дена почнале да вежбаат? Бар3м да пешачат?
Ќе сопреле со термини за лица под 45, 40 години, за да ги викнеле од ново пријавените постарите. Вчера рекоа сите пријавени до 30.04 без оглед на возраста ќе добијат термин, а сега пу пу не важи
Читам привеле денес некоја Карен што правела хаос на вакцинација да влезе преку ред дур чекале стари лица. Коментари, срамота било што ја привеле. Не бе, ние сме најневоспитаната нација што мисли со галама, карање, насилништво ќе добие тоа што намислила. Никаква самокритичност, никаква доблесност, се нешто нас ни следи, се нешто нас не ни се погаѓа.
@nena2010 зошто и го откажавте терминот? @anastasijaki греота за сите. Само за плукање по се го бива народов. Еве и овде на форумов иста пруча. Ако има термини зошто има ако нема зошто нема. Па зошто оваа вакцина, а не таа па ова па она. Ништо не е погодено. Размазеност.
Одморете 2-3 дена после вакцина, потоа вежбај си, нема никакви контраиндикации, само внимавај пак на дистанца и маска на кинеските вакцини им треба малку подолго време да создадат имунитет
Откако се дозна дека ако им останат вакцини на крајот од денот вакцинираат непријавени, народов направи тотален хаос. Буквално ќе се заразат пред да примат вакцина. Се буткаат, се туткаат пред пунктови за вакцинација, на незакажано нормално, уште во 8 сабајле. Да биде уште потрагично, ова се истите ликови кои веруваа во 5G, чипирања, авиони кои прскаат корона и слични глупости и беа најголеми експерти за темата какви се вакцините. Па како и со која логика ќе им останат вакцини на почеток од денот бре? Ама не, типично македонско е ова, хехе се пикнав преку ред, хехе вие будали закажувајте и чекајте термин 3 месеци. Зошто толку немаме култура, зошто...
САД ја одобри употребата на вакцината Pfizer/ BioNTech за деца на возраст од 12 до 15 години: https://p.dw.com/p/3tDR9
Cisto informativno,ako ima clenki od istocniot region,sto sakaat da se velciniraat,a nemaat termin,slobodno otidete vo stip vo salata,ke ve vakciniraat,malku poveke se ceka,no nikoj nevrakaat,vakciniraat so kineskata
Не, народов го бива само за пикање преку ред и со врски, ама и тие не се криви, државата тоа го овозможила. Ако уредно сум пријавена, и уредно чекам ред, заслужувам и да бидам повикана, кога ќе ми дојде редот. А не како будали да чекаме со месеци, и гледаш млади здрави прави, со врски, од партија, од администрација, од роднина на некој таму...како имаат предност пред тебе. Ти си никој и ништо, тие семоќни и најбитни. Не ме фрустрира чекањето, ме фрустрира неправедноста. И не, не планирам да ги носам родителите да чекаат со саати на друг крај од градов и да молат за вакцина. Очигледно ни останува само да се надеваме дека штом до сега не го фативме вирусот, ќе го поминеме и летово без него.
Тука кажува дека во другите градови вакцинираат до 40 години затоа што нема доволно стари пријавено, а скопје уште се постари наводно затоа што има стари пријавено. Ако слушам убаво си пстанува тоа сите термин да добиеме до 15ти кои сме заклучно пријавени до 30.04. Еве кај мене сме отприлика 15 луѓе што чекаме впзраст од 30 до 60 години па ќе споделам дали и кој ќе добиеме смс. Сите сме уште од денот кога го отворија сајтот пријавени