Па ако не си била надвор од Европа, може не ти барале вакцинација. Инаку мене лично ми барале за во Австрија здравствен картон и целосен систематски преглед за да ме примат на тримесечно доусовршување службено. Пред едно 5-6 години. Не сте биле во ситуација, затоа ви е чудно. Секоја земја си ги штити здравствените капацитети и јавното здравје. Впрочем тоа е многу понормално отколку ова кај нас, ниту се знае кој ниту како влага во државава. Слобода на патување не постои правно бај д веј. Слобода на движење е сосема друго нешто. Мене ми е сосема разграничено, дали ти е и тебе?
Едно е подолг престој, а сосема друго е туристичка посета. Ти зборуваше за туристичка посета дека може да бараат и дека е нормално. Мене ова ми е нонсенс и без преседан! Ниту е нормално, ниту некогаш ќе ми биде. Ниту пак некогаш ќе речам дека е нормално. Тебе може ти е различно слобода на движење и патување, мене не ми е, оти ми е исто. И аман олабавете со подсмешливи муабети од типот: за одмор ли ти треба? Мислам! Ок е! Одмор излезе дека е луксуз и ако речеш дека сакаш на одмор да одиш исто како човек да си убил во најмала рака или аздисуаш Свашта!
A целта на здравствениот картон и систематскиот преглед е? Мислам јас знам за што е, ама имаш ли ти идеја?
Девојче, едно е пандемија, друго е секојдневна пракса. Тука се зборува дека секојдневна пракса ќе стане да мора да имаш примено вакцина ако сакаш и до тоалет да одиш малтене. За да патуваш во афричките земји кој ти бара вакцина, они или нашиве препорачуваат? Оти логично ако одиш таму треба ти да бидеш заштитен од нивните болести, а не обратно. За америчка виза барале вакцинален картон? За туристичка или иселеничка? Ама еве и да бараат за двете, повторно ич не е исто тоа со ситуацијава која се обидуваат сега да ни ја наметнат. Што да ви кажам кога сами не приметувате дека доброволно се откажувате од сопствените права и слободи А некој со години се борел за истите, за да вие со една добро изрежирана пропаганда сето ова го отфрлите како неважно.
Еве го како беше до неодамна Тhird-country nationals who hold a valid residence permit or visa have the right to move freely within the Schengen area for up to three months within a six-month period. Пошто за МК граѓани не треба/ше виза, правото на движење и лимитиран период на престој во Шенген зоната беше овозможено.
Да. Ама ти глумиш дека живееш во некоја утопија и демократијa каде нема правила, туку само желбата на Ана која е неприкосновена. Одење на одмор не е аздис, ниту реков дека е некаде. Ама не е ни право. Ниту па е нешто ново ова. Сега е вакцината, ама досега имаше 100 други предуслови и правила за да патуваш, ама ти биле нормални зошто постоеле. Ова ти е ново и затоа не ти е нормално. Проблемот е што вака декларативно сите се против вакцината, ама први ќе се вакцинираат за одмор. Извини, ама одмор да ти е приоритет пред сомнеж од вакцината, тогаш мора да е минимален тој сомнеж. И стварно не гледам причина за толку извичници во мислењето што е цитирано. Може многу посмирено да се изрази мислење
И за работа во Германија ми бараа вакцинален картон, не е баш ништо ново. На темава, прва би примила вакцина ако донесат, тие што ја смислиле се сигурно од мене попаметни...
Без разлика на поддршка на кампањата за вакцинирање, и Рајанер нема да бараат задолжителни вакцини, тоа го изјавија веќе. Не им е економски исплатливо затоа што дестинациите на кои летаат се интерконтинентално, луѓето можат и со кола да се возат, па ќе престанат да летаат едноставно. Инаку, вакцини за обичните граѓани од Македонија некаде 2022-2024, додека да се изведат сите на кои им треба и додека да стигнат вакцините до нас. Друго, замислете се покаже дека имунитетот од вакцината не е траен, тогаш тек нема да стигне за обичните граѓани. Вакцини за минување граници сега се сега се многу далеку, и ако ги воведат никој нема да идеме никаде, не оти сме многу антиваксери туку од што нема да може да се дојде до вакцина. Инаку, Интерпол и Европол предупредуваат и на можни лажни вакцини, но и на можни обиди за кражба на вакцини. Њу Јорк Тајмс имаше текст за како ковид, а посебно вакцинацијата е класичен пример на the prisoners dilemma. Кој го занима нека подзачита.
Да додадеме тука и лажни потврди за вакцинирање и таман сме. Не дека нешто ново ќе измислат, кога можеше лажни резултати од пцр тестови Битно Спојлер: резиме
Za nepolna godina napravija vakcina, a lek uste nema. Ili sepak poveke im odgovara da gi osakatat lugjeto negoli da gi izlecat
Секако дека може. Ама... колкумина ќе стигнат до тоа да им треба лекот? Мислам, колкумина поминаа корона без лек досега? Еве, кај мене никаква експериментала терапија нема, ни превентивни антибиотици по дома, ни антивиротици по дома- за лесна клиничка слика, ништо освен антипиретик. Од друга страна, да имаше лек, можеби немаше да има толку фатални исходи Е сега, некој да објасни, зошто е побитна вакцината од лекот?
Можеби... Ама ете, нема лек, оти цел свет се концентрираше на правење вакцина. И ја направија. И сега? Лек нема, вакцина не сакаме, да се дружиме сакаме, луѓе умираат. мислам... до кога?
A ako primis vakcina nema da se zarazis? Koj garantira nikoj. Sekako deka ima nus pojavi od se. Bar so lekot ke postoese nadez za onie sto se borat za svojot zivot. A i neli e cudno sto za nepolna godina izmislija vakcina a lek ne izmislija. (a znaeme deka za nova vakcina za bilo koja bolest ne samo korona e potrebno nekolku godini, a vo toa sleduva i ispituvanje dali e bezbedna za lugje). Mene logicno mi e za bolest prvo lek da izmislat negoli vakcina eve neznam... Mada jasno e deka se e za pari, i korona i vakcini i se. Nekoj golemec ako zaboli odma go lecat, obicniot narod ne.
А за вакцина пари не требаа? Илијадиници луѓе, стотици илјади работни саати, материјали, истражувања, анализи. Истото е. Низ ист процес поминува и изработка на лек и изразботка на вакцина.
До на лето. Тедрос најави дека оваа пандемија не е последна, значи оваа го прогласи за умрено Сега за следната да се спремаме
Zosto togas lek ne pustija. A deka imaat lek vo labaratorija nekoja imaat. Nemoze da pustat virus a da nemaat prvo lek bar za niv...
Лек -лекувa, вaкцинa -спречувa, тoлку еднoстaвнo. Ќе те излечaт еднaш, пaк шириш, пaк мoже дa фaтиш пoштo вирусoт е уште тукa, пaк пoлни бoлници пoштo сите лек ќе сaкaaт без рaзликa сo кaкви симптoми се... Инaку, кoлку трaе имунитетoт сo вaкциниве?