Татко ми и свекорот прележаа Ковид во Декември, едниот е доктор и се вакцинираше во Март месец кога ги вакцинираат здравствените работници, а другиот имаше антитела 6 (незнам што тоа точно значи) матичниот му кажа да се вакцинира, па сега чека ред за вакцина. Иначе велат добро е да поминат 6 месеци после прележан Ковид за да се вакцинираш. @Kataklinkers па јас мислам на луѓе со низа од вакви болести најмногу им треба вакцина, тие требаше меѓу првите да ги заштитат, да ги вакцинираат. Вчера баба ми се вакцинираше која е дијабетичар на инсулинска терапија, со висок притисок и прекумерна тежина.
Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.
Ова ќе бидат за ревакцинација така? Инаку мајка ми се вакцинираше денес со Синофарм сега за сега нема реакции, и многу е подобро во поликлиниките по се изгледа, ем немало гужва, ем немало прозор што бил затворен, буквално сите биле отворени.
Можда, можда не За ревакцина се 24 000, а ќе и за плус да се вакцинираат и ревакцинираат од пратката. И плус мислам дека покрај онаа пратка и претходната (64 000 вакцини АЗ) треба да стигнат уште 36 000, затоа што мислам дека 100 000 беа вкупно
Јас мислам дека има тргнато настрана за ревакцина со Астра. Од оваа пратка нови ќе се вакцинираат и ревакцинираат.
Жал ми е што вакцинацијава премина во партиска војна, а не заедничка цел да излеземе што побрзо од ова. Ниту еден апел не видов од опозицијата ни за почитување мерки, ни за вакцинација, што е одвратно. Само критики и ликување. Друго, бројот на лажни профили на фб кои шират невистини дека ситуацијата е хаотична е премногу голем и нечовечен. На овој начин спречуваат луѓе кои имаат неопходност да се откажуваат, а ради вас да изгубат живот. Дека има врскаџии, има. Дека има вакцини за сите - има. Зошто? Зошто луѓе не се појавуваат на термини. Или се пласираат лажни приказни дека овој или оној нивни близок се пријавил и уште чекал а бил со вакви такви болести (не дека нема, има и тоа, ама измислените приказни се многу). Од моето искуство - системот и старосните групи функционираат. Мои блиски пријавени во средината на април веќе се повикани во назначените пунктови. Ние помладите, иако со хронични, ќе почекаме. Докторите се што носиш внимателно гледаат и те сослушуваат, ако оценат дека не можеш да примиш некоја те упатуваат таму каде што има од друга вакцина или советуваат да почекаш или да одложиш целосно. Многу е нефер целата ситуација, од не знам чиј интерес е да се создаде слика на хаос, кога не е така! Хаос направи нашата недисциплина и безобразие. И одвратно е што се пуштаат хушкачи кои или промовираат хаос, или промовираат олабавување на мерките, или се исневаат со истите, или викаат вирусот не постои оти од штаб му рекле така, за да се пали раја, а он полни гаќи само што ќе чуе к од корона.
За жал да еве вечерва доби крварење во окото, незнаеме дали е од вакцината, утре ке ти пишам на лс што кажале докторите. Таа е дијабетичар и имаше пред 2 години такво крварење во окото како последица на дијабетот, ама еве вчера ја прими вакцината и денеска повторно и се случило,претпоставуваме дека е реакција од вакцината, но тоа се сега наши претпоставки.
Убаво почнаа со вакцинацијава но како и се останато уште одма хаос направија.Наместо постарите во своите матични градови според возраст ко на почетокот а останата критична инфраструктура масовно во поголемите пунктови сега се се измеша.Во таа критична инфраструктура (образование полиција судство ...)правеа списоци,потпишуваа согласности изјави и луѓево не се најавуваа на вакцинација мк мислејќи со тоа се пријавени преку работа .И сега ништо од тоа па се прави дополнителен хаос.А и ова со чекањево па ако останат вакцини некој да се боцне не е во ред.Плус внесување во термини од самите доктори на нивни познаници преку ред.Требаше по приоритет на возраст и хронични болести ама ...
Некој од искуство да каже, на 60 год има дијабетичар и (тумор, се уште се лечи) . Дали од такви болести се вакциниравте и од која вакцина ,дали се е океј?
Свекор ми е со дијабет (со лекови) и висок притисок (исто со лекови контролира). Се вакцинираше со Спутник две дози и се супер си помина. Реакциите на вакцината исто како и кај самата болест се индивидуални. Исто и нус-појавите. Инаку баш за вакви случаи е вакцината. Да ги заштити од самата болест.
Епа ќе вакцинираат пак над 70 години пошто поише од пола закажани не им се појавија на термин. Ги испозакажаа безвезе по други градови при имајќи вакцинални пунктови во сите. Еве и јас повторно ги закажав и сега ќе чекаме пак нов термин. Ова е страшно, не знам што ги кошта да ги распределат вакцините и по другиве градови, ем помалку гужви ем поголем број вакцинирани. И кога ќе прочитам коментари од луѓе и од надлежниве - не сте кликнале точно во апликацијата којзнае кој пункт сте го избрале.... Ма немој! 90% од стариве ги пријавуваат од дома помладите, до толку писмени сме да знаеме што и како треба да пополниме да му се сневиди, не вреѓајте интелигенција.
Моите родители (69 и 72 години), со хронични болести, сè уште не се повикани. Јас (40) и браќата (35), би биле среќни ако успееме да се вакцинираме во јуни. Хаос е во системот. Знам случај лице да е пријавено два пати и да го викнат 3 дена после второто пријавување. Очигледно во Скопје е посебен хаос, прееска слушав на вести за Штип, сите над 60 години ги примаат за вакцинирање и без закажан термин... Еве ви еден пример за лажни информации од лажен профил. Срамно е... Не е можно ова, сите лица околу мене до 50 години сите добија термини до петок да се вакцинираат, само кај мајка ми гo смениле пунктот, но е во Скопје, затоа што и лично баравме друг термин преку матичниот, па стигна според желба, но во друг пункт. Зошто не размислувате кога ширите штабски насоки? Разбирате ли дека креирате нечија одлука и живот? Што добивате од тоа? Сфатете дека јавното здравје не е политичка игра, ниту пак алатка за создавање на некаква слика. Треба да биде исклучок од се друго, да има барем какво такво морално и етичко правило на игра. Не бидете бедни и мали личности. Особено вакви изјави со таа старосна група, сите пријавени, сите се повикани. Делиме воздух со морално осакатени луѓе. Немилосрдни и грозни. Немам зборови, со години сум свесна каде живееме, ама деновиве како што го сфаќам тоа, никогаш до сега не било. На страна политичарите, туку празните зелкови глави што мислат дека ова е уште нешто што може да се искорости политички. Срамота.
И сега ако ти пишеш дека се шират штабски невистини, автоматски ќе ги направш лажговци сите кои викаат дека не се повикани на термин, а уредно се пријавени одамна? И со ова ќе потврдиш дека нема врски, вакцинирање преку ред, или што? Навистина не ти ја разбирам поентава на постовиве уназад?
Те знаеме и тебе. Не се чувствувам должна да ти одговорам. Да, лажат зошто тоа не е вистина. Врски има, како и вакцини преку ред од помладата генерација, но уредно пријавените од постарите сите се повикани. Без исклучок! Не ме интересира кој какви интереси брани, но зборувам од фактичката состојба и од информации од моите блиски, како и од матичните лекари. Што си мислат, мастило пиеме? Па имаме глава да процениме. Од друга страна оваа идеја да се создаде хаос успева затоа што познавам луѓе кои би добиле термин, но не се пријавуваат зошто не веруваат во системот оти веруваат на вакви информации. Не бидете смешни.