Па не се врските од штабови, од пријатели се сите. И јас не верував дека има врски затоа што имав такво искуство, сè додека не ми кажаа во фаца "се вакциниравме, фативме врски".
За непријавување во систем се сами криви луѓето. Фирмите и сите почнаа да прават списоци за да си ги смират вработените. Демек еве нешто работиме. Никаде немаше официјална информација дека тие списоци ќе важат. И кај нас и кај маж ми на работа се правеа списоци за демек да се направи притисок секторот во кој работиме да добиеме приорите (на ист начин ка воспитувачки и учителки). Ама немаше информација дека не треба да се пријавиме во систем. Ни беше кажано вие пријавете се ама ова е плус како притисок. Е сега ако некој се надевал дека е така пријавен не знам што да кажам. Сто пати беше кажано дека пријавување за помлади од 70 години е само преку официјалниот сајт, ама кој да разбере. Се сложувам дека стана каша попара. Делумно вина има кај Владата зашто сто пати сменија сгратегија на вакцинирање, а делумно и кај луѓето што само се бунат ништо не им чини, ништо не им е погодено. Дел не се појавуваат на вакцина зашто слушнале нешто за оваа или онаа вакцина па не би со таа туку ќе чекаат да се почне вакцинација со некоја нив што им се допаѓа и така со ред. Старциве се особено за стап. Имам пријателка матичен лекар. Вика умрев да им најдам термини, ми дремеа на телефон и пред врата. И уредно ги пријавив и им се јавувам на ден пред термин да си знаат а тие ми викаат: „А не одам јас. Нејќам јас со таа што се умира од неа од срце (мислат на Астра Зенека), сакам да поживеам уште малку ќе чекам друга да дојде.“ На другарка татко е лекар во пензија со прележан инфаркт и си се вакцинирал со Астра Зенека како што му дошло ред, и потоа лично убедувал други луѓе да се вакцинираат зашто ништо нема да им се случи од вакцината. Човекот нема мир сега по дома само му ѕвонат да го прашаат. Ако мене ме прашаш и за оваа збрка е делумно виновна Владата зашто одма прогласи нема со оваа да се вакцинираат помлади и бла, бла (демек како жабата и коњот и ние по Европа). Факт е дека касно стигнаа вакцини. Факт е дека сите ние зедовме да се буниме најмногу заради Србија (каде што меѓу првите во свет стигнаа вакцини и може теоретски да се бира вакцина, а најмногу се користи Синофарм зашто од таа има најголеми количини). Се друго е комбинација од фактори и споделена одговорност за каша попара ситуација меѓу Влада и население. Инаку постарите многу уредно ги викаат.
Тие што не се пријавиле сеуште , не се сигурни во тоа дали сакаат да се вакцинираат. Се прави преголем притисок ,хистерија дури. Луѓето се срамат да кажат поинакво мислење во овој хаос . Така да не биди сигурна дека можеби тебе не те излажале токму тие,непријавените. Полека....вакцини секако ќе има...очигледно е веќе и дека сите ќе бидат вакцинирани. Подобро е да се погрижиме да задржиме макар малку човечност во себе.
Нема шанси да се стигнати сите 50 годишни на ред. Ќе се задржам само на блиски примери со коишто комуницирам секој ден, како мајка ми и неколку колеги од работа над 50 години коишто сигурно не се викнати, а најуредно се пријавени. Татко ми само доби термин, ама он е и повозрасен од сите овие што ги набројав. Сите се од Скопје, ако тоа нешто менува. Од тоа што гледам верувам дека набрзо ќе стигнат на ред, ама не можеш да кажеш дека ама баш сите од оваа возрасна граница се викнати до петок, пошто не се.
Конечно Во Охрид од денес вакцинираат 40+, колку што знам. Многу познаници, денес се на вакцинација, исто и мајка ми и татко ми Уредно добиен мејл и смс со термин и пункт за вакцина. Повеќе инфо наскоро
Татко ми, 61 год уште нема добиено термин, од Охрид сме. Се надевам ќе биди за брзо. Не знам како оди вака. Проба повторно да се пријави, ама нема уште ништо. Мило ми е за твоите блиски, сподели инфо за реакција од вакцинацијата, како и за организацијата.
Во скопје границата е 59 мојте се по 55-56 уште немаат добиено Убаво да се објаснам најмлада од фамилија има 59 што е викната пред неа се други над 60 од фамилијава
Немојте да се пријавувате по повеќе пати! Кога ќе се ре- пријавите, првата пријава се брише и останува само следната. Ако се пријавил после 01.05, ќе почекате веројатно. Моиве беа пријавени на првиот ден кога се пушти сајтот, исто и познанициве кои добија термин.
Да, пред брзо време се пријави, бидејќи го прележавме вирусот, па чекавме да помине некое време. Аха, епа во ред. Ќе почекаме.
Не се согласувам, од причини што јас аплицирав повеќе пати и ме има во систем. Додека цела моја фамилија и на мм, кој еднаш се пријави, кој два пати, никаде ги немаше заведено. Среќа матичните им излегоа во пресрет и добија термин. Не знам каде е проблемот. Еднаш стигнува меил, еднаш ништо. Дури и со повратен меил, воопшто немаше никаква евиденција за нив. Ова се однесува и на оние што сметаат дека се крева паника, кога се е во ред. Не сум партиски мотивирана воопшто, но знам од најблиско искуство дека нешто не е во ред со пријавувањето на страната. Најдобро е да се јавите кај матичните, тие знаат да проверат дали ве има или нема во системот. Еден сајт не можат да го направат како што треба. Се надевам дека сме единствени, но чисто се сомневам. Така да, најсигурно е јавување кај матичната за да провери, не ја кошта ништо, 5 секунди работа е.
Ова го кажа доктор на пријателка на пунктот во Охрид, таа имаше аплицирано неколку пати, последно пред 4- 5 дена и тоа за Скопје, мислејќи дека побргу ќе ја викнат. Претходните 2- 3 пати што се пријавила во Ресен или Охрид, ги немало во системот, само тоа за Скопје.
Навистина не знам, само знам дека не е баш розево како што се преставува. Да не се јавеа моите и останатите, ќе си чекаа, мислејќи дека се пријавени. Револтирана сум од причини што на средношколец да му дадеа да го води сајтот, пофункционален ќе беше. Се надевам дека ќе дојдеме сите на ред пред да почнат Синовак да ја даваат, што искрено не би ни сакала да ја примам и онака шансите за зараза ми се 50% колку што нуди ефикасност. Трагикомедија од држава.
Па истово за тебе може да се каже сега. Факт не е тоа што си го видела во круг од пријатели. Ме боли глава више од темава. Кај неправда, па и лажга, и вмроец ќе те напраат.
Не знам зошто толку против Синовак, вакцината се покажа 86% ефикасна во Турција, а и истата платформа е со Синофарм, таквите вакцини генерално имаат слична ефикасност. Плус ни нема официјален договор со нив, сè е на збор на Филипче и Заев, па не е баш за верување.
Се надевам дека има поголема ефикасност. Од она што јас го читам, искрено не сакам да ја примам, од причини, ќе дојдат сигурно, други подобри вакцини повторно и ќе бидам оневозможена за вакцинација со нив, ако веќе сум се вакцинирала. Не е целта да се вакцинирам колку да се каже, ако ме штити со пола капацитет, што заштита всушност имам?!? Туку колку да се рече, еве набавивме...Бруки. Србине не знаат што да прават со вакцинине што ги имаат, ние се китиме со Гари шоп вакцини со ниска ефикасност. Барем 500.000 на Синофарм да беа. Ќе видиме, којзнае кога ќе дојдам на ред и што ќе има на располагање.