https://asia.nikkei.com/Spotlight/C...ID-19-shot-is-83-effective-not-91-Turkey-says 50.4% во Бразил, што најверојатно се должи на Бразилските мутации кои што го одбегнуваат често имуниот одговор, па така мислам дека и 50% ефикасност е добра против новите мутации. Инаку сите вакцини до сега што сме ги примале колку што знам се со таа ефикасност, горе- долу 50-60%, затоа што биле исто на оваа платформа.
Веројатно од истите причини за кои ти сакаш пример Модерна да примиш, мислам за неа беше за Бугарија заинтересиран. Во суштина Грим е во право, ако таа самата има простор да чека и не и е итно, секако ќе има и други вакцини на располагање, а па она не е ни во некоја супер ризична група па да мора да брза. Лично, не би се вакцинирала со синовак од истите причини. За моиве со оглед на хроничните, ајде да речеш било која зошто се ризични. Плус доволно е да се види во кои земји се користи само и се е јасно. Од моја околина, генерално тоа е мислењето, било која освен таа.
Имаше повеке статитии во медиумите вчера и денес за ефикасноста на Синовак во Индонезија. https://www.businessinsider.com/chi...ne-efficacy-effective-real-world-study-2021-5 https://www.bloomberg.com/news/arti...ot-found-highly-effective-in-real-world-study
Не реков дека јас би сакал исклучиво да примам Модерна, туку реков дека ја преферирам. Било која да ми ја понудат кога ќе можам, веднаш би примил. Секако е се оставено на избор, кој сака може да прими, кој не- не мора. Ова е одлична ефикасност
Штити Синовак од тешка болест, ама со оглед на ефикасноста читав статија дека ќе треба многу поголем процент на население да се изваксинира, за да се достигне колективен имунитет Јас не ги сакав кинескиве, ама дур да дојде време за мене, може ќе донесат некое трета таму кинеска најнова и баш таа ќе ми се погоди ко за инат. Германија ги повикува заинтересираните помлади, кој сака да се вакцинира со астразенека. Ептен ми е криво што не отидовме во Србија да се изваксинираме
Нормално, и јас да немам друг избор и јас и синовак на крај ќе ја примам. Или ако лекар ми рече не смееш друга освен синовак, нормално ќе ја примам, што е нереално сценарио. Само сакам да кажам, мислам исто како неа, во смисла на тоа дека повеќе вакцини ќе станат достапни со тек на време, со оглед на тоа дека се поголем дел од населението надвор масовно се вакцинира. Инаку и јас за хроничарите сметам дека е битно било која, а реално ние помладите прашање е дали ќе стигнеме скоро на ред, па ова секако останува само на претпоставки Настрана од тоа, веќе не знам дали во иста држава живееме. Ние два дена се бркаме со матични, едниот го има на список, другиот го нема, двајцата со повратен мејл пријавени уште првата недела на сајтот. Фино би било малце секој во свој двор да си гледа.
Би сакала да прашам дали синофарм е безбедна за доилки, вакцинираат ли со неа? Има ли некоја доилка од оваа вакцина примено?
На 30 годишни дојден им е редот за вакцинирање ? Како не им е срам јас не знам, па уште и јавно објавиле дека се вакцинирале. Ама во партија се први.
Дали има некој искуство со вакцинација во пунктот во Букурешт? И како сте задоволни со вакцинацијата во тој пункт, во однос на гужва. Баба ми и закажаа за вакцинација па ме интересираат вашите искуства.
Zdravo neznam dali e prasanjeto za tuka no sakam da prasam dali ima vrska toa sto seuste nemam ostanato bremena a se vakcinirav Vasi mislenja za posledici dali steti vakcinata na polosnosta ili ako znaete slucaj na vakcinirana zena i nareden mesec ima ostanato bremena fala sepak
Вчера се вакцинирав со Синофарм. Вечерта имав некоја темп.37,2..ништо страшно Да се надеваме на добри антитела
По кои параметри одредуваат термини? Пријавени сме од првиот ден кога ја објавија апликацијата. Јас 43г, сопругот 45г, двајцата со коморбитети и сеуште не сме добиле термин. А гледам помлади од нас и без комордитети веќе се вакцинирани. Знае некој?