Аа епа чекај од фамилија до 59г сите добија смс мојте се 55-56 на почеотк пријавени уште немаат. Другово младинава или преку врски или случајно се десило и тие да добијат смс. До 15ти рекоа сите ќе добиеме ај да видиме
Од Будимпешта со љубов! Донација од 6.000 дози АЗ наменети за граничната полиција. https://republika.mk/vesti/makedoni...-astra-zeneka-a-da-ne-gi-navredime-ungarcite/
Вајлд остај ние малди сме.. Сега старите да избоцкаат. Тоа коморнидитети не важи. Знаеш колкав коморбидитет е да си министер? Или не дај боже пратеник? Ај сега луѓе со болести ќе се боцкаат.
Моја блиска особа на возраст од 45 години без хронични болести пријавена од почетокот завчера вечер добила меил за вакцинација. Смс порака не Среќа проверила меил сабајлето, а терминот околу пладне закажан, па отишла на ваквинација Ако и други не добиваат смс, туку само меил, јасно ми е зошто е ваков хаос Инаку, сите што биле таму во тоа време биле на приближно нејзина возраст. Во Скопје живее и се вакцинираше.
@WildMk Ако немате повратен мејл ,пријавете се пак. Инаку ке ве викнат,многу наши врсници 40+ се веке вакцинирани. термини имаат добиено и 35 год. Добро,ама ова не треба да биде проблем. Ако сум се пријавила на вакцинација би требало да си го проверувам мејлот или нотификациите на мејл.
@Cosmi Не треба да биде проблем за помладите, ама еве конкретно мајка ми да ја земам за пример……не проверува меил никогаш. Татко ми уште помалку, т.е. воопшто Не знаат и тоа е. Други блиски од нивна возрасна група исто така. Ако не им стигне смс, гарантирам дека би ги пропуштиле закажаните термини, појма ќе немаат дека се викнати Не очекувам некој повозрасен човек кој нема познавања околу тоа редовно да проверува.
Ти нели ќе чекаш Фајзер, што ако сега добиеш термин? И на мајка ти го откажа. Ќе се вакцинираш ако те викнат со кинеските?
На свеки не и стигна ни меил ни порака. И се јави матичната да ги извести. За среќа. На мој телефон се пријавени. Само за светко стаса. И да, проблем е системот очигледно. Едно нешто треба да функционира и тоа е каша попара.
Да за постарите е така,и со моите е исто,но јас не знам случај за постариве што добил мејл ,а не смс, сите со смс се повикани,плус матични им се јавуваат,и сега пак ке им пракаат на тие што не се појавиле.
Не знам, среќа што е личност што редовно проверува па сепак стигнала на терминот, како што и закажале за толку краток рок, од вечер за утре.
Се извинувам доколку прашањето е поставено претходно, но ме интересира како лице без здравствено осигурување/матичен лекар би се пријавило за вакцинација?
Ти благодарам на одговорот. Денес на работа некој го спомна ова и ме замисли – баш го погледнав формуларот на сајтот за пријавување каде се спомнува дека ќе треба да те извести матичен лекар преку мој термин. Некако како да не им е скроз смислено.
Не ги известуваат матичните, ама тие може да видат дали има закажано термин за вакцинација за нивните пациенти. Терминот го закажуваат од сајтот, добиваш смс и мејл на бројот и адресата што ги оставаш при пријавувањето.
Рекоа да не се пријавуваме пак оти се бришеле предходните апликации. Инаку на мајка ми прво и стигна мејл, па по 24 часа и смс.
Има ли некој инфо, како македонско-бугарски државјанин може да се вакцинира во Бугарија? Која е процедурата?