И во Скопје почнаа да добиваат термини помлади од 50(регуларно зборам).Ама мислам дека има врска и кога е пратена апликацијата.
Не знам веќе каква врска има откако го отворија сајтот 2 или 3 ден се пријавивме мојте се 55 56 еве до моментов нема. И ја гледам на инстаграм млади 35-40 во борис се вакцинираат дали им е се испомешано или има ред ни они не знаат изгледа
Да се пријавам вакцинирана. Претходно бев против, ама подобро да се заштитам отколку не дај Боже пак да поминам низ истото со вирусот и последиците кои ги остава. Синофарм примив прва доза, 2 дена ме тераше на спиење и имав малку намален апетит.
Јас кога ги пријавив моите, не добив ништо назад, некаков абер дека се во системот. По една недела, за да проверам зошто никаква потврда немам назад, се пријавив јас (за проба) и пак не добив никаква повратна информација. Добив СМС за моите пред една недела, и за мене по нив, оваа недела. И се чипиравме (половично де по 3 недели на целосно чипирање).
Eve i jas gi prijavuvam moite no nema nikakov odgovor ni deka uspesno sum sum gi prijavila ni nisto ne ni znam dali se vneseni vo sistemot
Не знам Мејл проверувате ли редовно? Зашто може само таму да пуштат, без порака на телефон. Ако не пријавете ги пак.
Може и матичниот лекар да провери преку мој термин дали имате уредна пријава за вакцинација. @Milkiway има сеуште луѓе од образование што исто така вакцинираат. Пример тие што треба да прегледуваат тестови од државна матура. Така што и од таму ќе има помлади што ќе ставаат дека се вакцинирани. Пак ќе кажам ако е некој од друг град а не Скопје сосема регуларно може да добил термин за вакцинација (дури и во Борис Трајковски).
На ФБ двобој меѓу омилените авторитети на @Ahoy , Трајковски и Кунгуловски. Тема- Сејшели и кинеската вакцина. Јас научив дека Сан Марино ќе организира вакцинален туризам за Спутник. Речиси цела возрасна популација е вакцинирана со Спутник, нема нов пик. So far so good. Спутник би требало да биде одобрен од СЗО https://www.business-standard.com/a...rway-un-secretary-general-121051300069_1.html
Јас не знам што математика знае, ама предложениот локдаун од 3 дена беше смешка. Ај раскажи и на Селти, или да пробам јас со свои зборови?
@Biljarkata раскажи ти, од мене линк https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1042695506258967&id=100015555820636 Горан му објасни во коментарите
Човек да не знае кој пат да го фати, докториве не може да се договорат а не па лаици што читаат разни дискутабилни текстови
Матичнава на мојте им рече немала увид преку мој термин да провери дали им е успешна пријавата. Наводно имале увид само кога бил пуштен системот за 70+ да ги пријават...ова сигурно ти е? Тоа да ама ако немаа доволно вакцини во скопје за сите до 40 години пошто се влечкаат и границата уште е 55-60 од тоа што овде читам, тпгаш требаше да ги повлечат вакцините од другите градови и на ниво на држава да достигнат 50години... ама ај нелк битно нека вакцинираат. Еве сега читам ние под 40 нема термин да добиеме
Шо да раскажувам Во светов којшто Фајзер сака да го монополизира, во земја кајшто луѓе се вакцинираат со сите можни вакцини, да спекулирам за нешто во кое немам увид како Сејшели, ми е невкусно. Башка бројки ко бројки, многу лажлива категорија. Eве, и моето Сан Марино било катастрофа!!! Пораст од 129% во споредба со претходната недела 16 нови позитивни, 25 вкупно активни Глупости.
@Biljarkata @Ahoy Јас ако се прашувам, доста е да прекинат да умираат луѓе искрено од срањево и да не се тресам секојдневно за блиските кои се постари, барем да знам дека од тој аспект се безбедни. Најмногу за нив ми е, а за нив секоја вакцина ќе заврши работа, оти за ниту една барем колку што знам нема вакциниран и починат од ковид. Колку што знаеме де. Мислам доволна придобивка е и тоа после година и пол слушање лоши вести за луѓе што ги познаваш. Политиките си го направија своето, и допрва уште ќе гледаме други сценарија, јас искрено не сметам дека можам да донесам одлука која вакцина е каква. Нормално е и човечки да се прашува човек, ама дека можеме лаички да одлучиме, тешко. Она што знам е дека постариве ок ја поднесуваат синофарм засега барем овие од моја околина, нема некои значајни нус ефекти. Па останува времето да покаже. Едно сум сигурна, кад тад ќе мора сите да се вакцинираме, така што освен да се надеваме на најдобро, друго не знам што да додадам.