Ние другите сме првачиња, така вели @Biljarkata Како тргнало изгледа нема ни тука да се вакцинираме, како што гледам повеќето околу 30+ сите надвор се вакцинираа, кој во Србија, кој преку стопанска комора преку фирма и така
@Ahoy, @anastasijaki, @tinka-mace, @Celltica во Велика Британија дури сега отвараат термини за тие под 40 и тоа само во некои делови. А Велика Британија е една од земјите со најголем опфат со прва доза вакцина. Еве линк: Covid vaccine: How many people in the UK have been vaccinated so far? - BBC News. Во САД уште не се спуштени под 45 (за ова немам линк ама имам инфо од братучеди што се над 40). Во Данска што исто сега прилично згоелми опфат на вакцини тие под 45 уште не се повикани. Само Србија пушта сите возрасни групи да се вакцинираат по интерес веројатнмо зашто имаат многи анти-ваксери. Пуста Србија што ни направи, да мислиме дека само ние не се справуваме со вакцинација како што треба. Инаку јас сум од тие што во Србија се вакцинираа ( не во гужвите туку пред два дена примив втора доза).
Во САД 16+ вакцинираа до завчера, од вчера мислам дека границата ја спуштија на 12+. Иначе да, 40+ ретко каде имаат вакцинирано, а не пак 40-.
Не, апсолутно не мислев дека е само кај нас, сосема е нормално и правилно, повеќе се шалев да не е толку само озбилно на темава Нека одат прво постарите и хроничарите, јас сум секако за тоа. Едит: Ама не можам да речам дека добро се справуваме искрено. Барем во мојов случај, далеку од добро. Јас за себе не ни чекам скоро и помирена сум со тоа, најмногу ми беше и за постарите зошто не добиваа термин, ама испадна нешто е до системот.
Да, но ова се сепак држави што се многу поголеми од нас. Кај нас масовната имунизација почна премногу доцна, плус голема неорганизираност... А реално треба да се заштитат и луѓето под 40, дефинитивно се на многу поголем ризик за разлика од старите на 70+.
Тие се експериментални групи. За истражувачки потреби за да добијат дозвола за користење на вакцината на деца. Инаку границата на регуларната вакцинација сеуште е висока од аспект на возраст. САД мешаат проценка на кој е под особен ризик со возраст. И оние што се со ризик имаат добра покриеност без разлика на возраст, другите чекаат. @tinka-mace секаде во Европа вакцинацијата почна со брзина на полжав. Се забрзаа дури последниве две недели. Данска на пример е една од најбогатите држави во Европа, има само 5 милиони населени и само одлага вакцинирање на луѓе под 50. Значи по големина Данска и Србија се отприлика тука некаде (Србија е поголема малку). Еве график за Србија: Coronavirus (COVID-19) Vaccinations - Statistics and Research - Our World in Data Еве за Данска: Coronavirus (COVID-19) Vaccinations - Statistics and Research - Our World in Data. Ако споредиш ќе видиш дека Србија многу побрзо почнала да вакцинира од Данска. Данска сега ја стига Србија. Со тоа што покриеноста со втора доза е подобра во Србија зашто порано почнале со вакцинација.
Веќе имаа дозвола, 16+ од почетокот, а 12+ ја одобрија пред 3 дена. Зборувам за нормална вакцинација, со сигурност знам за16+ дека можат да се вакцинираат. Ама ок, тоа е САД.
@JoyJoy иритира тоа што многу млади се вакцинираа, а сега ние останативе да чекаме, минимум 8 души лично знам горе доле на моја возраст кое се вакцинираа а не работат во приоритетни инститиции, тврдат дека се викнати регуларно , а не со врски . Исто секаде пишуваат дека одат и без термини и ги вакцинираат, ни останува мм да проба така, иначе реков јас одамна, ние на 30 во септември и така ќе биде. И сигурно со Синовак
И јас сега разбрав дека немало тие под 40 сега да ги вакцинираат. Се изнервиравме со маж ми ... Имало притисок од стопанска комора, за по фирмите да ги вакцинираат прво, па да продолжат после по возраст. А кои 'фирми' се тие... можеме да претпоставуваме. Не знам како е најдобро, ама вака, сигурно не чини. 2 милиони сме сосе мачињата и не можат да набават доволно вакцини?? Сето е башибозук
Ни 2 милиони не сме тоа сигурно, башка деца и под 20 не вакцинираат, грст народ сме ама ете, неспособност ли е, што ли е
Јас знам само за случаи надвор од Скопје дека викнале под 40 без врски и дека ако си помлад и пријавен во систем и почекаш на крајот од денот може да добиеш вакцина нема да те вратат. Ама само надвор од Скопје. За Скопје немам слушнато. А и да е Синовак не е важно. Битно да се прими вакцина. Како излегува работава сите вакцини штитат од тешка клиничка слика. Синовак и Синофарм, па и Астра Зенека се исто ефикасни во поглед на создавање антитела (само кинеските се поспори). Ама на терен истражувањето од Србија беше дека сите четири им се ефикасни во превенција на тешка клиничка слика. Ако ја свртиме поинаку работава Кина нема Ковид случаи. Други вакцини освен нивните не даваат.
Џабе е сето. Да ја пишиме и оваа година за 'пропадната'. Ама наредниот пат, ако стане сезонска вакцинацијата, да му се нацртаме пред влада и да не мрдаме дури не набават 2 милиони вакцини. *Се нервирам
Надвор од Скопје ќе проба и мм, мене ми кажаа и преку ден ден не ги враќале, освен ако не се погоди некој на лева нога станат За мене не е проблем, ама на мм ќе му е проблем со Синовак, не е признаена никаде, а нас егзистенцијата ни зависи од тоа он да може во Еу да влезе без проблеми.
Тоа којзнае колку време ќе ни треба за сите по еднаш да не вакцинира со ревакцинација, а не па сезонско да биде.. И јас се нервирам.
Ако продолжи вакцинација со ова темпо значи 14000 дози на ден. За една недела се вакцинираат 70000 луѓе. Ова ако се вакцинира само 5 дена (без Сабота). За 28 дена сите жители по последен попис (околу 2 милиони) може да примат прва доза вакцина.
Па ако имате родители околу 40 првачиња сте, не ве фаќа параграф На толку вакцинален туризам не мислам дека ќе остане некој невакциниран. Посете те го Сан Марино и добијте вакцина, посетете го замокот на Дракула и добијте вакцина, посете ја Кнез михајлова и добијте вакцина. Спикинг оф КнезМихалјова, знае некој со што вакцина се вакцинирал Џанлука? И јас да барам од тие за богати и убави