А од кај знаеш дека некој 'го пуштил' вирусот? Вирус е да му се сневиди. Најдолго постојат на планетава.
Pa da bese priroden do sea ke oslabnese majko mu. Toj zema zamav uste tolku. Pa cela godina pomina, kolku milioni lugje se zabolea, kade e kolektivniot imunitet? Da prelezis ti e isto ko vakcina da si primil. Cim dosega nema kolektiven imunitet koj garantira deka so vakcina ke ima. Isto kako sto nikoj ne garantira i ne zema odgovornost od nus pojavi od taa vakcina. Vrti suci se se sveduva na 50:50. Izborot za svoeto zdravje e samo na poedinecot.
Од каде знаеш ти за колку време ќе 'заслабне'? Знаеш колку варијабли има кои влијаат на мутациите и колку можни мутации може да се случат? Може да мутира и на полошо.
Sekako deka mutira. Sepak se se sveduva na kileltivniot imunitet, a i na poedinecniot imunitet. Drugo e da imas antitela i pak da zabolis, organizmot veke go prepoznava virusot. A do sega milioni lugje se zabolea. Pa pola od niv da imaat antitela pridonesuvaat za kolektivniot imunitet. Sepak pak ke kazam, koj saka neka si se vakcinira negovo pravo, jas ne planiram da bidam eksperimentalno gluvce, bar ne sega, neka pominat edno 5-10 godini od pustanje vo upotreba na vakcinata, da vidime sto nus pojavi ke izlezat pa togas ke razmislam. I uste nesto me interesira, zosto ne ja prifativme donacijata na Rusija od nivnite vakcini? Zosto gi sakaat vakcinite na Gejts? .... Ne komentiram ponataka. Pozdrav
Ако мислиш на лек како таблети тогаш треба орално да ги примаш неколку месеци до години (во зависност од формулацијата) за да покажува ефект. Лекот се прави на база на хемиски аналози и да се најде соединение кое ќе спречува/лечи болеста. Додека пак вакцина одма делува или за брз временски период и во суштина е вирусот во инактивирана или активен во мала количина и така се ствараат антитела.
Абе не знам, не сум јасновидец. Само читам што кажуваат. Значи велат ќе имало трет бран и ова не било последна пандемија. Четврт бран уште никој не спомнал Израел вакцинира по 100.000 луѓе дневно. Ние ќе вакцинираме што ќе вакцинираме. За западен балкан ЕУ дале незнам колку милиони да набават вакцини (пишав пред некој саат во некоја тема)...Па ќе видиме
Не се сомневам дека ќе има и други пандемии. Мислам, статистички, неизбежо е. А во право си иначе... стварно никој не спомнува четврт бран. Може им е заклучок донесен од податоци од претходни епидемии и пандемии...
Ок, убав одговор. Ама како пак шириш, колку време шириш? Како пак ќе фатиш кога веќе си го имал вирусот, ваљда си развил имунитет идентичен на тој од вакцината? Немам чуено некој да каже колку трае имунитет од вакцините, што е логично, пошто не поминало доволно време за да се знае, нели.
Шириш дoдекa си зaрaзен мислев, пa и oтпoсле нели мoже пaк дa се зaрaзиш. Бaрaм и јaс и тешкo дoaѓaм дo инфoрмaцијa кoлку ќе трaе имунитетoт, вaљдa требa дa имaaт инфoрмaции a не дa чекaaт дa видaт штo ќе биде? Рaбoтеле нa тoa дa имунитетoт oд вaкцинaтa е сo пoдoлг рoк oд oнoј штo би гo дoбиле пo прирoден пaт. Јaс мислев се е среденo, тие уште рaбoтеле не случaјoт. Не знaм, пoинфoрмирaн некa кaже.
Уште истражуваат тоа... Според она што до сега се знае, Фајзер сигурно дава 2 месеци имунитет, а Модерна 3 месеци, а овој период веројатно станува и подолг со примање на бустер: https://www.google.com/amp/s/global...rus-vaccine-protection-immunity-covid-19/amp/
Ама не ја тепаме мечката со таков имунитет Леле допрва ќе биде смешки со вакцината, ја да ви кажам. И тоа не ради теории на заговор туку ради фантастичен сплет на недугави политичари и профитери. Не знам дали е страшно или е смешно во моментов, ваљда ќе се искристализира.
Пример, им дале пет дози вакцина на некои наместо една. Ваљда ќе биле ок. Има голема збунка околу дозите, наводно во една ампула се пет цели дози плус уште нешто- ваљда цела ампула им шибнале... Гуд њуз- штом е така, нема чипови (да се разбереме, теоријата со чипови ми е сеуште мистерија)
Колку ми се смешни и нелогични заговориве, дека преку вакцините против ковид ќе не чипирале. Ако им е тоа целта, многу полесно ќе не чипираа преку најчесто употребуваните медикаменти, кои ги купуваме скоро секојдневно. Ќе не „прислушкувале“. Се чудам што ќе слушнат од нас, чив ајвар бил подобар, мојот или на комшијата.