Затоа што такви им беа групите за тестирање. Секоја земја сама си одредува за колку време ќе ревакцинира, но најдобра е ефикасноста со 12 недели измеѓу двете дози.
Не мислам да земам ред на некој без антитела. Но ,ако и моиве антитела траат 8 месеци како што се збори, јас со позитивен тест од февруари во октомври ќе се поздравам со антителата. Затоа размислував да се пријавам на сајтот за вакцинација,но да се вакцинирам на есен, а бидејќи Филипче изјавуваше дека секој што ќе се пријави сега ќе го викнат,не се пријавив сега зошто ми е рано. Се надевам нема да е доцна јули/август ако се пријавам за да примам септември/октомври. Ако не,ќе пробам во Србија.
Го пријавив пред некој ден за Куманово баш, и така од таму е он, ама не го викаат уште . Ќе проба без термин белки ќе има среќаt
Вчера стигнаа 38 400 дози на вакцината на Оксфорд/ АстраЗенека преку Ковакс механизмот, а ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на лицата на возраст над 60 години.
А нели и здрави, прави развиваат тешка клиничка слика? Јас знам случаи што се хронични , па лесно поминаа. Нема правила. Јас сум за да се вакцинираат прво тие што одат на работа, а не стари што седат дома и не се мешаат со никој.
Ви го начука Филипче Младите, кои и сопствени родители би продале само да се печат некаде на плажа, ќе ја преплават Србија само да се вакцинираат и да можат на одмор да одат. Ќе биде интересно
Се имав пријавено на ваксинајс уште пред да се инфицирам. Од прв ден корона до денес се поминати 2 месеци. Немам ни антитела испитано. Ми стаса порака дека на тој ден во топку часот треба да се вакцинирам. Матичниот ми вели-како сакаш... Демек не е препорачливо ама ако сакаш и можеш, организмот ти е отпорен, може да се избори. И сеа? Сите различно ми зборат Некои како мене се вакцинираат. Некои одбиваат.
Секаде има разни препораки, и во однос на тоа после колку време од инфекцијата, и колку дози. Овде рекоа дека уште не се знае колку штитат антителата, па прележаните си примаат две дози вакцини месец дена од оздравување, ако тогаш стигнат на ред за вакцина. Ако ти е шубе, види со антитела како стоиш.
Во светов праксата е 6 месеци после прележување, јас лично да бев на твое место немаше да примам зошто кога веќе си прележала мислам дека секако си заштитена барем одреден период. Плус, не е дека ќе ти "избега редот" ќе си се пријавиш пак, понатака мислам дека се подостапни ќе се вакцините и нема да има толкаво чекање како сега. Но сепак, мислам дека и ако примиш нема нешто страшно да ти се случи(претпоставувам?) но мислам дека немаш реална потреба. Среќно што и да решиш.
Мислење или искуство? Мајка ми си тромбоза и хроничен бронхит секој ден е со тие спрејовите за дишење, инаку поминала операција на малиген тумор после што и опадна имунитетот па имаше лоша алергиска реакција скоро се загуши едвај стигна до клиника, алергијата е на мед, полен, житарки, така на храна некоја. Сега се пријавила за вакцина. Инаку иман55 годинини есенва го помина вирусот многу лесно, без тт. Безбедно е да се вакцинира, има некоја вакцина која се препорачува повеќе за волку болести?
Синофарм мислам би било најдобро. Секако да си се консултирате со сите лекари кои ја водат, иако сметам дека сите ќе се согласат дека вакцина и' е потребна.
И мајка ми е со варикозни вени и милион дјагнози, ќе се боцне со Синофарм само да ја викнат сега пак. ( Болна беше па не отиде на термин) .
Дечки ми треба инфо Дали има некој на пунктовиве Фајзер што добива? Ги ставаат во Борис трајковски? Воопшто кај се тие дози секој пон што ги добиваме само синофарм слушам ниеден со фајзер... ?
Во Румунска со Астра зенека денес прашав. Освен ако не донесат пак Синофарм сега со доставава.. Не се надевај на Фајзер.. полесно ќе ти е. И јас ја преферираав таа ама изгледа со Гари компани ќе се боцкаме. Така ни било пишано кога живееме во државава. Веќе што да е само да помине кошмаров аман веќе.
Знаеш некој да добил пример во борис таа да му се паднала? Не за мене мајка ми е со автоимуна и рекоа само фајзер смее па доби термин чисто дали да се надеваме дека може да и се падне. Ако не нема да се вакцинира
Ако ви рекле само Фајзер да прими, не може да се издаде таков упат/потврда/мислење од специјалист и да ја однесете да ја прими таму каде што вакцинираат со Фајзер?