Во Хрватска првична анализа , после 2 доза се заразиле 95 лица,од кои 93 вакцинирани со Фајзер, а 2 со Модерна. Со Астра Зенека и Џонсон нема случај.
Епа ајде ама никој не сака да и закаже термин. Има документи и мислење од матичен специјалистиве не сакаат ништо да даваат поврзано со вакциниве се е само преку телефон. Треба ептен врски веројатно
За синофарм мислам е најголем проблем што нема студии доволно а за фајзер имаат со конкретнава ти пишав
Искрено малку ви ги читнав мислењата за вакцината и се е тоа ок. Сите ние сакаме да се обезбедиме прво себе си а потоа и другите. Но, како и секогаш кај нас во нашата држава ред никогаш нее имало. Искрено никој не се грижи за здравјето на луѓето одпосле. Контраиндикации, нус појави, најчесто смртните случаи кои доаѓаат од резултат на непознати болести т.е примарни болести на луѓето што се занемарени од претходно. Ако ја примиме вакцината сите ние тогаш зошто пак сме со маски и пак сме ограничени со дополнителен полициски час. Плус тоа познавам блиски кои примиле две дози од различни фармации. А потоа ако се случи нешто, кој одговара за тоа?? НИКОЈ! Шетаме со маски затоа што и покрај вакцината пак сме подложени на вирусот. Ако примиме вакцина тоа значи дека треба да бидеме заштитени од вирусот, а не и понатаму да го шириме. И само едно не ми беше јасно: ракот е поголема пандемија и вакцина за рак никогаш не се измисли, "короната" ни дојде и ајде цел свет си направија свои вакцини, проверени - не проверени тоа никој не го докажа. Искрено не сум во никој случај против вакцините, само многу работи има неразјаснети во целата таа пандемија.
Не знам како е на другите пунктови. Знам само дека во моментот Фајзер нема. По правило ќе стигнува секој понеделник.
Алал да ти е за постот. недела дена после вакцина изгубив член на семејство. Не е заведен како од вакцината, туку срце... Доктри од странство ни кажаа дека е од реакцијата на вкцината. Кај нас ништо. Тоа е. Никакви анализи, кој што смее да прими.. И како јас сега да се боцкам со нешто за што само Филипче ми вели дека е сигурна? Што со нас што сакаме да раѓаме а немаме време за чекање? Многу непознаници. Само боцни, и толку. Да бидеме реални Фајзер и Модерна се најтранспарентни. Се е друго само на збор .. Не знам веќе.
Мајка ми 44 години татко ми 48, пријавени во ист ден уште кога почна да функционира страната. На мајка ми денес и дојде порака за на 21ви, на татко ми не..
Не би ги рекла неуспешни вакцинирање, попрво несоодветен имунитетен одговор, да речеме Ама знаеме, вакцината не штити од инфекција туку од тешка клиничка слика...ваљда. Имаш линк? @nena2010 така ти се чини транспарентност, ниту транспарентност ниту избор нема. За транспарентност на ЕМА датабазата за несакани ефекти, за избор кај мене можело евентуално да бираш меѓу фајзер и модерна, жити изборот.Е добро, испитуваат смртни случаи поврзани со вакцина, ги има и такви повремено. This will be a long journey...
Те следам некое време и се мислев да ти пишам, не знам зошто си длабоко убедена дека со Фајзер ако си вакцинирана ќе е се мед и млеко, и ќе бидеш комплетно здрава. Јас се вакцинирав во средата со Фајзер прва доза. Кога дојдов почна да ме боли раката, местото само. Другиот ден не можев да ја дигнам до степен дм да ми помогне да се облечам и пресоблечам. Трет ден почна да попушта,ама приметив дека немам толку сила ко претходно да шетам на долги релации пешки,па ваљда е дел од процесот на вакцината. Цело време сум дома и ме облеа една ладна пот во текот на денот,ми беа ладни нозете ама тоа кратко траеше. Денес е чеврти ден имам кратки вртоглавици. Може и на психичка база ми е што си поврзувам ама не е ништо поразлично ни со други вакцини што примиле. Мајка ми пак со Синофарм ја болеше раката само. Малку претерувате со сакам таа и таа,нејќам ова она ко деца мали. Вакцинирајте се заштитете се дур можете да не е касно после.
Сочувство до тебе за изгубената личност. Бог да го прости и нека ви даде на сите вам утеха. Па поради таа причина и јас ја одбегнувам вакцината. Тоа мене повеќе ми личи на биолошка војна. Господ ни го дал животот и тој ќе ни го земе кога тој ќе одлучи а не шприцот кој ни е наметнат како "заштита" во државава и светот.
Добро озбилно мислиш дека вакцината е создадена за да те убие? Ај разбирам страв, неизвесност, сите имаме прашања ама вакви работи да пишувате прво седнете замислете се колку луѓе се вакцинираа и нормално си продолжија со животот, а второ замислете се колку луѓе се сега вакцинирани и им пишувате вакви работи, без осет.
Не сум баш по господ , верувам во вакцини, ама ете. Никадр не можам да најдам нешто, бекоја студија за Кинескиве. Ај ќе се боцнеме да не сум црна овца, а ако не делува? Ако не развијам антитела? Сите што ги знам во европа и уса што се било со Фајзер, Модерна, АЗ имаат развиено после 2 доза. А не познавам малку. Сакам да видам издрмана студија за тоа што ми го нудат. Многу сум скептична а знам дека ќе морам да се вакцинирам. @buba4e89 знам се. И нус оојави кои се и се. Најмалку мр плашат. Сакам да знам дрка тоа што ќе го примам е ефикасно. Нека ми дадат издржана студија за кинескиве нема да преферирам ни Фајзер ни Модерна. И АЗ ми беше на листа додека не се појави ова со тромбовите. Јас на Нолпаза лек што е за желудец како ранитидин што беше, развив алергиска реакција.