Нена, до сега ги имаш примено сите вакцини кои се редовни? Верувам да. Сите се изработени на технологијата на која е изработена и Синофарм. Благодарение на тој тип на вакцини денес се искоренети многу болести, нешто подоцна се појавуваат и вакцините со жив атенуиран вирус, ама тие секако не се за сите групи, главно се за здрави лица. Векторските се од пред некоја година, мРНК прв пат годинава во масовна употреба. Да, Фајзер и Модерна имаат тон повеќе податоци и јавни студии моментално, ама тие вакцини немаат студии на долг стаж, какви што имаат Кинескиве. Значи долго искуство има зад тој тип на вакцини и не се тешки за изработка, што значи дека сите од тој тип се со горе- долу иста ефикасност. И сите се покажале како ефикасни и безбедни, на долг временски период. И пак ќе го спомнам д-р Петличковски, според него антителата не се единствено мерило за имунитет, затоа што не е само IgG имунитет. Како што вели тој, а и други српски имунолози кои што имаат големо искуство со Кинескиве, тие развиваат и многу други имунолошки одговори кои секако штитат, а не можат или се тешки за мерење, пример неутрализирачки антитела мислам спомна Кунгуловски, кои се доста комплексни за испитување. И пак ќе речам, до овој момент, со целото искуство од околу 100 години вакцини, деактивираните се одлично покажани, во секој поглед. Да, мРНК и векторските даваат многу надеж и за други болести, и од она што до сега знаеме од неколку годишната/ месечната масовна употреба на истите, се одлични. Брзо создаваат огромен имунитет, и немаат некои значајни несакани ефекти. И се исполитизирани. Ама да бидеме реални, со другиве има многу поголемо искуство. Ако имате можност за вакцина, сите, ве молам не откажувајте термин само затоа што немате можност да бирате вакцина. Затоа што освен во Србија, каде се собираат политички поени со тој чекор, никаде нема избор. И не треба да има. Кој има специфична болест и не смее да прими одреден тип на вакцина, во ред е да му се одбери друга, од страна на доктор. Поинаку, не. И Фајзер штити, и Модерна штити, и Синовак, и Синофарм, и Јансен, и АЗ, и Спутник, и Новавакс, и Канзино. И сите што ќе ги поминат сите три фази на клинички испитувања. И безбедни се. Било која.
Почнаа изгледа секаде постариве и без термин, порака да,ги вакцинират. Блиски мои си отишле и тоа во др.град и ги боцнале...А пред некој ден и за,саатот ако не си навреме правеа проблем. Хаос се прави со ова. Сега,стариве пак ќе неќат со АЗ па ќе бараат кинеска ...
@Ahoy дај боже да е како што велиш. Јас не бегам од вакцина. Само нека помине чудово да се живее пак без страв. И да закачам да ми помине без трауми. Е тоа само сакам. @mareane кој каде стигне се вакцинира. Нормално кога во Скопје само 4 места се вакцинира. Еј најгусто населен град само 4 од кои едниот спортска сала, гужви ко на митинг. Друго, едни вакцини ваму едни таму. Или направи на повеќе места, не ограничувај кој кога да оди, прати смс вашата возрасна група ср вакцинира од тогаш до тогаш.. И пушти вакцини по сите поликлиники. Пушти во ИЈЗ.. Направи драјв ин, направи се. А бе луѓе на штаки, изнемоштени во Арена висат, со колички, надвор чекаат редици. Многу лошо организирано. Арена има толкав паркинг, направи едно драјв ин вакцинирање, кој сака внатре нека иде кој не надвор. И ајт. Вака само револт се ствара. Прееска поминав од Арена претпладнево, а ве мислиш митинг се држи!! На времето во сала за физичко не боцкаа па ете не. И сега со фирмине. Земи оди во фирмата, извакцинирај на лице место за време викенд кога нема никој. Што толку комплицираат.
Зашто не го прашаш доктор Пановски или доктор Даниловски одговараат на facebook на секој со секакво прашање
Татко ми не прашал колку дена после синофарм вакцина да избегава алкохол или само првиот ден? Глупо прашање знам. Мајка ми доби термин за вторник ама мн се плаши бидејќи имала јака алергиска реакција од пеницилин ко мала. Некој да има такво искуство?
Не е проблем ако се напие чашка ракија дневно пример, само да не се претерува Тоа ќе им го каже на докторите во пунктот, иако не би требало да има проблем затоа што вакцината не содржи Пеницилин.
Да се пофалам. Вчера ни стасаа СМС-и со термини за вакцинација. Требало јавно да ги прозивам, за да 'слушнат' Шо сторе море, шо сторе
Не знам за морето да ти кажам... многу рипнати се цените во Грција Маж ми е запнат за Јадран, јас никогаш не сум била, а и многу пат ми е. Не трпам долги патувања. Плус, проблем ми се и парите
https://tocka.com.mk/vesti/376920/l...ka-vo-srbija-ke-mora-tamu-da-se-revakciniraat Оние кои се боцнале со АЗ во Србија таму треба да се ревакцинираат.
Јас примив прва доза Фајзер, немам никаква несакана реакција досега освен болка во рамото првите неколку дена и грчеви. Не бев омалаксана, не качив температура. Се надевам дека и втората нема да ми направи проблем, и ќе земам сертификат веднаш. Мене ми напоменаа 3 дена никаков алкохол.
Затоа што немаат веќе АЗ и не добиваат донации, пишуваат дека само старите над 60 ќе се вакцинираат со оваа вакцина, демек они така одлучиле исто како Германија и Канада Полни се со сељачки финти. Виц на денов: Ваквата одлука земјава ја донесе откако Канада и Германија ја ограничија вакцината да може да ја примаат само повозрасни граѓани поради можната поврзаност на вакцината со предизвикување тромбоза.