Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Може да дискутираме многу за безбедноста на вакцината и финансискиот момент, ама чипирањето е тотална глупост за секој што има малце разум. Значи таа цел за прислушкување и следење е веќе остварена и има прецизни и точни методи кои веќе се остварени со кој целиот живот нечиј им е на дланка. Телефоните продолжена рака ни се. Се што им треба за следење веќе е таму. Не му треба на некој таму пандемија да измислува и вакцина за чипирање.
     
    На Iris123, ..barbie.., ElenaOfRivendell и 4 други им се допаѓа ова.
  2. astrophile

    astrophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    271
    Токму тоа ќе го пишев, на некој начин веќе сме чипирани преку телефоните, се' знаат за нас преку нив.
     
    На ElenaOfRivendell и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    И да надополнам уште нешто. Има теорија здравствената состојба ќе ни ја следеле преку чипот и не знам што. Мислите дека да постоеше нешто такво немаше да е ултра скапа дијагностичка метода? Плус ако има нешто битно за мојата здравствена состојба што може да се следи преку чип, прва би сакала да го имам чипот.
     
    На ElenaOfRivendell, CameliaMiller, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Сте ја пропуштиле темата Поврзаност на коронавирусот со 5Г мрежата. :D
     
    На noteforself, ElenaOfRivendell, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ама не го пиша, свесно го одбра "ајварот и тој на комшиката" оти цел ти беше потсмевање, кое редовно е насочено кон "неедуцираните домаќинки" како одраз на се што е "просто и вредно на потсмев".
    Сте се запрашале некогаш при по дифолт потсмевот кон женската страна го насочувате?
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  6. astrophile

    astrophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    271
    Не треба ниту да бидеш медицинско лице, за да сфатиш дека едноставно тие работи немаат логика. Реално, сите индустрии економски паднаа поради паднемијава, со исклучок на фармацевтската. И сето тоа за да не чипираат нас, големите луѓе? Ајде, ќе разберам да чипираат премиери, royal family members и слично, ама што ли ќе добијат ако ме чипираат мене? Или мајка ми, татко ми?

    ДАнгел, каков потсмев? Како прво напишав во машки род, никаде жена не спомнав? Не сфаќам што кажав навредливо? Дури и да беше напишано „комшиката“, иако нема врска полот, воопшто нема врска со потсмев. Поентата ми беше дека не правиме некои битни муабети, ништо нема да добијат ако не прислушкуваат.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Баш тоа е поентата, дека врв на бескорисност се сметаат "женските муабети", "домаќинлукот".
    Исто како кога некој, па дури и машко "пичка" ќе го наречеш, демек слаб.
    Кога зборуваш за "домакинските муабети" како бескорисни се потенцира и зацрвстува положбата на домаќинката како неедуцирана, глупа, бескорисна.
    "Женски муабет не е за слушање", нешто пософистицирано од еврејското дека жена не смее да пее и да дава совети.
    Оти ни еднаш во споредбиве не се спомна "која те заебала на ливче за спортска", туку редовно кога се збори за колку прост е народот навредите се насочени кон "домаќинките" и "домашните работи"?
     
    На 1209 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.325
    Пол:
    Женски
    Хммм... се согласувам дека веќе нашиот живот е на дланка и ни сервираат преку социјалните мрежи и пребарувачите контролирани информации, ама... Сега може да одат еден чекор понатаму па не само да имаат податоци за нас и преку контролирано сервирање на информации да се обидат да влијаат на нашите одлуки, туку преку „чипирање„ многу полесно ќе може да манипулираат со нашите мисли, реакции итн...
    Не дека навистина верувам дека вакцинава е чипирање, ама... дека вакво сценарио е можно во блиска иднина, тоа е сигурно.

    А што се однесува до потсмешливите муабети дека токму нас сака некој да не прислушкува и нашите домаќински муабети... Шта реЌи? Чипирање не е прислушување, туку многу, многу повеќе. Ама ако некој размислува вака, тогаш очигледно капацитетот му е ограничен за да согледа нови хоризонти ;)
     
  10. astrophile

    astrophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    271
    Кажи ми каде е делот во кој го споменав „женскиот род“, „женските муабети“ или „домаќинката“. Буквално во машки род го напишав.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    А сега не влијаат на нашите одлуки? Мислиш дека не се манупулира со ставови и со реакции на друг начин? Mass media (не ми текнува на соодветен термин на македонски) е супер алатка за манипулација. Само темата за корона види ја, 100 паники имаше за линкови кои беа практично кромид вести, без никаква издржаност.
    Освен тоа, факт е дека светот отсекогаш го воделе центри на моќ кои супер манупулирале со масите, векови наназад. Мислиш дека во време кај што само прифаќаме секакви информации како точни зашто имаат голем број лајкови на фб, потребно е да се чипира некој?
    Да не одам повеќе оф топик, може да се отвори тема посебна :)
     
    На Bezimenka90, Ahoy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    Давајте тема^_^
    Ок, има кромид вести кои шират паника, има мејнстрим медиуми кои шират поинаква паника.
    Едно нешто не ми е јасно- фарма бизнис интересот е јасен. Што е интересот на антиваксерите?:?:
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ајде, смисли наслов и формулирај воведен пост, слабо ме бива да срочам кратко и концизно :D Ова ми е една од поинтересните теми за дискусија :)
    Апсолутно и менјстрим медиумите не се цвеќе за мирисање.
    Поентата на постот ми беше дека влијанието е огромно и онака, и без чип.
    Инаку постојат и порпилично големи антивакс фондови, не е скроз волонтерско антивакс движењето. Имаше некој документарец слично на The politics behind antivaxx или нешто така, ама никако не ми текнува на точниот назив за да го најдам. Имаше интересни поенти.
     
  14. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Ти го препорачувам документарецот the social dilemma. Да видиш колку е дехуманизирана технологијата и дека ние веќе со години сме чипувани. Следат се. Што се допишуваш, секоја слика што ја имаш направено, се што си видел на интернет, дури и колку време си се задржал. Секој си има различен feed и различен алгоритам, базиран на сите податоци што ги имаат за тебе. Се што правиш на телефонот и на интернет е засекогаш зачувано. Преку алгоритмот, они ти даваат реклами базирани на тоа ти што се интересираш, вести базирани на твои ставови и тоа е најлесен начин на манипулација на луѓето. Не им е потребен дополнителен трошок за чипови, кога се знаат за тебе. Во колку си легнуваш и стануваш, твојата локација, твојот отпечаток...
    Имаше едно што го кажаа дека лажните вести до повеќе уши стигале. И се гледа тоа.
     
    На јolene, DomD и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  15. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Толку многу луѓе се против вакцинирање, што ми дава надеж дека јас ќе стигнам некако на ред да се вакцинирам :D
     
    На јolene, Angie1432, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    Дали некој знае како ,,работи,, мРНА,,? Нешто поконкретно од ова што најдов? @Tan4ence можеби?

    ... While an mRNA vaccine has never been on the market anywhere in the world, mRNA vaccines have been tested in humans before, for at least four infectious diseases: rabies, influenza, cytomegalovirus, and Zika...
    While the flu and rabies vaccines appeared to be "safe and reasonably well tolerated," Weissman and colleagues wrote, trials did show "moderate and in rare cases severe injection site or systemic reactions...
    Their chief safety concerns, which they said should be closely watched in future trials, were about local and systemic inflammation, as well as keeping tabs on the "expressed immunogen" and on any auto-reactive antibodies.

    "A possible concern could be that some mRNA-based vaccine platforms induce potent type I interferon responses, which have been associated not only with inflammation but also potentially with autoimmunity," they wrote. "Thus, identification of individuals at an increased risk of autoimmune reactions before mRNA vaccination may allow reasonable precautions to be taken."
    The authors also noted that extracellular RNA could contribute to edema, and cited a study that showed it "promoted blood coagulation and pathological thrombus formation."

    "Safety will therefore need continued evaluation as different mRNA modalities and delivery systems are utilized for the first time in humans and are tested in larger patient populations," they wrote in the paper, which was published in 2018.
    :?:
     
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.163
    Пол:
    Машки
    Instead of injecting a deactivated form of the virus, the mRNA vaccine uses a component of the virus DNA called messenger RNA that basically contains the genetic instructions for the human body to make the specific spike protein of the coronavirus.

    By doing this, the immune system learns to recognize and respond to that specific protein, meaning it can more quickly mount a response if the virus enters the body. The mRNA, however, does not modify a person’s DNA or genetic makeup.

    “When your body actually sees the real virus, then you have the weapons already in place — the antibodies and the cells that know this virus that can recognize it — and can kill it faster,” Dr. Donald Vinh, an infectious disease specialist and a medical microbiologist at the McGill University Health Center, told Global News.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    Ама не ми одговарај со цитати, или ќе дебатираме ако имаш макар и некакво практично знаење или поарно ќе си ќутиме.
    Што правиме со имунитетот и неговата потенцијална хипер-реактивност?
    Имаш некаква идеја колкав процент на популација веќе има автоимуни заболувања?
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.163
    Пол:
    Машки
    Мислев дека бараш поконкретно и поедноставно објаснување за како работи ваквиот тип на вакцина, затоа одговорив со цитат.

    Претпоставувам дека голем процент од населението има автоимуни заболувања, всушност тоа и го гледам околу мене. Можеби нема да го аплицираат ваквиот тип на вакцина на луѓе со автоимуни заболувања, затоа (ќе) има избор и на повеќе типови на вакцини.

    Во тестирањето, Фајзер и Модерна немаат вклучено ваков тип на луѓе?
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    Не знам. Ете ти домашно- да провериш:).

    Нема бирање вакцина- шо ќе ти се падне, тоа е:doh:
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.