Дали ова се случува навистина? Како оди тој процес? Не е апликацијата и преку матичен единствена опција за вакцинирање? Зашто на некоја фирма или било каков колектив да им се даде предност пред хронично болни и возрасни? Ја стварно се надевам дека ова се рекла казала. За "критичната инфраструктура" знам дека е точно, ама наслушнав и за приватни фирми...
Организирано е преку стопански комори. Склучиле договор со министерство, да одделат од синофарм вакцини за приватниот сектор. Мислам дека веќе се почнати, ако не би требало следните денови веќе да почнат фирмите.
Да не има некоја дојава за вакцинација у Србија за викендов? И дали некој знае бугариве дали ќе даваат сертификати за оние кои немаат бугарски пасоши?
Neli 100.000 Sinofarm doniraa denivive? Mislam ima rezervirani i za Armija. Samo nasava Nato Armija so ruski i kineski vakcini ke e
Има ли најава за Синовак кога ке стигне или други поголеми дози на вакцини? Ако имаат само уште за околу 50 000 луѓе за една недела веке ке нема вакцини.
Денес во Букурешт беше хаос, тие што имаа закажано од саботата и нејкеле да се вакцинираат со Астра Зенека, кога разбрале дека денес е Синофарм сите се појавиле пред пунктот. Плус вакцините за каснеле 2ипол саати. Хаосот го прават самите луѓе ниту полиција ниту волонтери помагаат, со термин во 17:00 оби доаѓаат во 9:00 за побрзо да завршеле....
Леле ова како ме нервира беее... Зошто мора се' да се комплицира? Почекај си го терминот, ќе те вакцинираат. Како не им е страв дека е можно да се заразат во гужвата? Мора се' да е преку ред и со врски кај нас. Не знае овој народ поинаку.
Ама тие од банките навистина треба да се приоритетни за вакцина, затоа што дневно работат со многу луѓе. Што е право - право е
Не се само банките, повеќето приватни фирми од различни сектори. Не знам точно како се организира, знам ит компании, имам другари од кладилници, од бутици.. во Штип веќе текстилците мислам ги извакцинираа. Немам сили да се замарам, камо среќа сите да сакаат да се вакцинираат, па да постигнеме колективен имунитет, па и ние невакцинираните да можеме да здивнеме Е сега, зошто не иде преку сајтот вакцинација, па овие истите нели се таму пријавени, зошто не ги викаат преку сајтот, туку фирма по фирма, нека каже министерството за здравство. 20годишна преку фирма вика дали да се вакцинирам, епа ај да се вакцинирам, епа супер не се мисли, не дека некој се пријавил во февруари и уште чека
Во Букурешт се е на отворено, па, ајде да кажеме дека нема толку многу шанси да се заразат. Ама тоа нивно пребирање на вакцини затоа што од комшијата слушнале дека таа вакцина не е добра или баш вчера кога ја прашаа една жена зашто не се појавила на термин нејзин изговор беше дека имала гости. Кога немаше термини зашто нема, кога добија термини не им одговарале деновите или споен викенд бил или имале уплатено негде за шетање. Целото плукање по системот и нервозите од самите луѓе доаѓаат.
Да ,да први да ги вакцинираат ,зошто не изложуваат на ризик со не носење маски,срамота ќе речеш интелектуалци ,ваљда прочитале повеќе од економија ,вчера кај нас само една носеше маска ,а им умре од филијала колешка два месеци се мачеше,ја незнам што си мислат со тоа главите .
Фирмите кои се кориснички настроени ќе имаат вакцини за вработените. Салоните за продажба/ услуги кај што реално работат млади луѓе под 40 кои сега за сега не влегуваат во редот за вакцинација, а се нон стоп изложени на ризик така ќе се вакцинираат. Нормално кој сака. Кај мене во фирма ќе вакцинираат, мада еден куп веќе и со термин од матичен завршија работа
Ама разбирливо е да дадат приоритет на вработени кои работат со клиенти. И кај мене не е неопходно да сум во комуникација со луѓе во живо, помлада сум па сигурно ке бидам мегу последните вакцинирани ама немам право да се лутам. Е сега друг муабет е што сигурно нема да биде изведено ферски, ке се вакцинира преку фирма и кој треба и кој не треба ама тоа е. Можеби требаше уште во формата за пријавување на страната да бараат повеке информации, на пример дали работиш со луѓе и други некои битни информации ама пак и тогаш сигурно немаше да пишуваат точни информации само за да стигнат побрзо на ред и пак немаше да е ферски.