Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    мРНК е транспортна, месенџер РНК. Најпросто што можам да го објаснам е дека е сегмент од генот, што треба да стигне до рибозомите(клеточна органела за синтеза на протеини) и да го создаде/синтетизира тој специфичен протеин. Така и кај вакцината, на некој начин код што иницира создавање на протеин што ќе го биде ист како вирусот. Бидејќи лесно се дегредира мРНК, ја имаат направено во вид на мали масни капки, за да биде заштитена дур стигне до рибозомите. Нема допирна точка мРНК со ДНК-та што се наоѓа во јадрото, така да не предизвикува никакво генетско мутирање.
    Кога ќе се синтетизира тој протеин што би налекувал на ковид, иницира реакција антиген-антитело во организмот. При што се создаваат антитела против вирусот.
    Интересно е тоа што, немаме внесување на мртви бактерии или вируси, туку само дел од нормалниот клеточен процес.
     
    На noteforself, JoyJoy, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  2. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Како и за секоја вакцина и лек и за оваа има контраиндикации.
    Не смеаат да ја примаат лица што примаат имуносупресиви, антикоагуланси, фебрилни, луѓе што моментално боледуваат или го прележале ковид.
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.163
    Пол:
    Машки
    Не биле вклучени во фаза 3, со оглед на тоа што било пракса така. Ќе ги тестираат во фаза 4, после одобрувањето, меѓутоа, не се очекуваат некои компликации како што сфатив, освен да биде помалку ефективна. Ако те интересира повеќе, а знам дека те интересира, ќе ставам во спојлер :)

    Can you get the Pfizer COVID-19 vaccine if you’re immunocompromised?

    The short answer is yes.

    The vaccine was authorized to prevent COVID-19 in people age 16 and older. People with autoimmune conditions or who are immunocompromised are not excluded from getting the vaccine, but they are part of certain groups that require extra consideration.

    That’s because people with these health issues were not part of the clinical trial on which the emergency use authorization was based. This is the big study of nearly 44,000 people who received either the COVID-19 vaccine or a placebo, which found the vaccine to have 95 percent efficacy at preventing COVID-19, according to results published in the New England Journal of Medicine.

    It is common practice to exclude people with certain health conditions, including pregnant or breastfeeding women and those on immunosuppressant medications, from vaccine phase 3 clinical trials.

    The goal of these studies is to make sure the vaccine is safe and effective in a large group of healthy adults. Other populations are typically studied in phase 4 (post-marketing) studies that occur after the vaccine has been approved and more is known about their safety and effectiveness.

    That said, there’s no reason to think that the Pfizer COVID-19 vaccine would be less safe or in people who are immunosuppressed or have autoimmune conditions, but there may be concerns about it being less effective (more on this below).

    The fact sheet for the vaccine says that you should tell your provider about all of your medical conditions, including if you:

    • have any allergies
    • have a fever
    • have a bleeding disorder or are on a blood thinner
    • are immunocompromised or are on a medicine that affects your immune system
    • are pregnant or plan to become pregnant
    • are breastfeeding
    • have received another COVID-19 vaccine
    The fact sheet says that you should not get the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine if you:

    • had a severe allergic reaction after a previous dose of this vaccine
    • had a severe allergic reaction to any ingredient of this vaccine
    If you are immunocompromised or have an autoimmune disease, you and your doctor can decide together whether getting the vaccine now is right for you. Keep in mind that for the first couple of months, it will likely only be available to health care workers and long-term care facility worker and residents.

    At the just-held 2020 annual meeting of the Advances in Inflammatory Bowel Disease (AIBD), gastroenterologists said they would recommend the COVID-19 vaccine to people with inflammatory bowel disease (Crohn’s and ulcerative colitis, who may be considered immunocompromised).

    “The [vaccines] leading the pack do not have any replicating virus and thus can be used in immunocompromised people,” Maria Abreu, MD, director of the Crohn’s & Colitis Center at the University of Miami Miller School of Medicine, told Medscape Medical News. “Although it is true that we don’t know — and won’t know for a while — whether the high levels of efficacy seen with the mRNA vaccines so far will be achieved in patients who are immunocompromised, there is every reason to believe that [the vaccine] will still be enough to protect them from complications of COVID-19.” She also said that “it’s much safer to get a vaccine than it is to take your chances of getting COVID-19.”

    In a press release, the American College of Allergy, Asthma, and Immunology said the “Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine is not a live vaccine and it can be administered to immunocompromised patients. Physicians and other providers should inform such immunocompromised patients of the possibility of a diminished immune response to the vaccine. We do not know at this time if people with a weakened immune system will respond to the vaccine and be protected from COVID-19.”

    You can read more here from major medical organizations explaining why mRNA vaccines like the Pfizer COVID-19 vaccine are okay if you’re immunocompromised.

    Eдит: речиси истото го пишува и за вакцината на Модерна, само што таа е за над 18 години. Да не полнам со текст, еве ако ве интересира подетално, иако е скоро исто како текстот во спојлерот: https://creakyjoints.org/living-wit...t-moderna-covid-19-vaccine-immunocompromised/
     
    Последна измена: 29 декември 2020
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Беше кажано дека и тие што прележале ќе мора да примат.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Моја грешка да, различно сум прочитала.

    PHE COVID-19 Vaccination Programme Information for Healthcare Professionals advises that individuals who are currently unwell and experiencing COVID-19 symptoms should not receive the vaccine until they have recovered. This is to avoid wrongly attributing any new symptom or the progression of symptoms to the vaccine. As deterioration in some people with COVID-19 can occur up to two weeks after infection, ideally vaccination should be deferred until they have recovered and at least four weeks after onset of symptoms or four weeks from the first PCR positive specimen in those who are asymptomatic.

    There is no evidence from clinical trials of any safety concerns from vaccinating individuals with a past history of COVID-19 infection, or with detectable COVID-19 antibody so people who have had COVID-19 disease (whether confirmed or suspected) can still receive COVID-19 vaccine. This is because it is not known how long antibodies made in response to natural infection persist and whether immunisation could offer more protection. If antibodies have already been made to the disease following natural infection, receiving COVID-19 vaccine would be expected to boost any pre-existing antibodies.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.795
    Не бе Танче, не мора, доброволно е. Ама некако принудно доброволно, ако не, сме неодговорни граѓани. |(

    Стеј тјунд, вас секако назад ви е зимата:)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Добро не мислев мора као мора него иако прележале, нема да им се рачуна дека имаат имунитет без вакцина.
    Можда сум грешка.
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.163
    Пол:
    Машки
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.163
    Пол:
    Машки
    ВАКЦИНА ДОБИВАМЕ ВО ФЕВРУАРИ, ДИРЕКТНО ОД ФАЈЗЕР!!!
     
    На thelittle17, busybee и Amellie13 им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.795
    Последна измена: 30 декември 2020
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    кај нас ќе стигнела вакцината на фајзер (pfeizer).

    овој артикл вели дека вирусот има можност да навлези во спермата кај
    мажите и да им ја уништи:
    https://physician-news.umiamihealth...th-potential-implications-for-male-fertility/
    Истите истражувачи прават студија за ефектот на вакцината на машка
    плодност.

    Исто така, самиот фајзер прави студија за ефикасноста за долгорочните ефекти
    на нивната вакцина, а во упатството се вели мажите да не даваат сперма:
    https://pfe-pfizercom-d8-prod.s3.amazonaws.com/2020-11/C4591001_Clinical_Protocol_Nov2020.pdf

    Јас ова го толкувам дека знаат дека вакцината им има негативни ефекти
    на спермата кај мажи.

    И ова сега ни го носат...?:^):worried::fubar:
     
    На LadyC, Luciferka и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Ако преживеам до јуни сакам да се вакцинирам.
    Знам дека не е сигурна и дека искрено свашта може да има ама преку глава ми е веќе од коронава.Сакам да се боцнам и да живеам нормално.Моите неќат да се вакцинираат и се против тоа јас да се вакцинирам..
    Ај да дојдат прво па ќе видиме..Може ќе се премислам до тогаш ако искочи нешто за лоши сајд ефекти
     
  13. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    422
    Мала исправка :)
    Информационата, месенџер РНК не е и транспортна.
    Ние во нашето јадро имаме двоверижна ДНК.
    Во нашата клетка имаме повеќе видови на РНК (месенџер (која препишува од ДНК), транспортна која ги носи аминокиселините и рибозомална (во состав на рибозомите)).
    ДНК (која го содржи генетскиот код, информацијата) не излегува во јадрото. Поради тоа, ДНК се препишува (транскрибира) преку процесот на транскрипција во мРНК. Потоа мРНК излегува од јадрото и оди во цитоплазмата. Таму, во рибозомите настанува транслација, преведување на информацијата во протеини. Во рибозомите, по комплементарност се спаруваат мРНК и транспортната РНК и со тоа се одредува и редоследот на аминокиселините (кои ги носи тРНК, една тРНК носи една аминокиселина). Потоа, аминокиселините се спојуваат и се добива протеин.
    За вирусите е познато дека ја киднапираат оваа наша машинерија и со влегување ја користат за да создадат нови вируси.
    Од ова што имам досега читано,
    Кај вакцината од Модерна/Фајзер РНК од коронавирусот се внесува во липидна наночестичка и се внесува во телото. Клетката ќе ја внесе оваа честичка во себе, и нашите рибозоми поради вирусната мРНК ќе почнат да произведуваат вирусни протеини. Определени наши клетки, овие протеини ќе ги фрагментираат и ќе ги изложат на својата површина (ќе ги презентираат како антигени на телото). Тогаш ќе дојдат Т и В клетките, ќе видат што е презентирано и ќе започнат со продуцирање цитокини, кои ќе помогнат да се убие вирусот. Ќе се испратат и сигнали одредени клетки да почнат да создаваат антитела и клетки со меморија, кои би имале информација доколку дојде до повторна инфекција да се спремни веднаш да нападнат.
    Кај вакцината од Оксфорд/Астразенека, Спутник ;
    Од протеин од круната на коронавирусот, добиена е генетската информација (всушнност обратно преку редоследот на аминокиселините е добиена информацијата ). Овој гентски материјал (ген) е внесен во носач (аденовирус). Т.е сега аденовирусот надворешноста му е од аденовирусот, но во внатрешноста има генетски материјал од коронавирусот. Понатаму е слично со претходниот принцип, внесувањето во клетката и созадвањето антитела.
     
    Последна измена: 1 јануари 2021
    На An-na, Ahoy, busybee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Да да, приметив и јассс, фала што ме исправи. Али пробав на најлесен начин да го објаснам. Среќна нова на сите! Да ја снема чумава годинава:hug:
     
    На kokodaki и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.795
    Самиот ковид може да има негативен ефект врз машка плодност.
    Врти сучи, исто ќе му дојде
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    По другите држави веќе одреден период се прима вакцина против ковид.
    Мене ме интересира, дали има некаква статистика дали опаѓа бројот на заразени во тие земји и што се случува кога вакциниран ќе заболи од ковид?
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.795
    Колкав период? Веќе 3 дена се вакцинира во ЕУ. Не, не опаѓа бројот, допрва расте после семејните средби за католички божиќ.
    Одговорот на последното прашање е непознат, ефект од вакцината би бил видлив во април негде.
    Е во Израел се брзи со вакцинирањето, ама не следам израелски медиуми.
     
    На LejlaD, JuLleE и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.163
    Пол:
    Машки
    Израел е и во локдаун, ама имаат вакцинирано скоро 12 на секои 100 жители, со што очекуваат дека во Февруари за нив ќе заврши пандемијата.

    _116329004_1cabceb5-828a-4512-aba6-75511eebb3f0-1.png

    https://www.google.com/amp/s/www.bbc.co.uk/news/amp/world-55514243
     
    На LejlaD и noteforself им се допаѓа ова.
  19. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    Па тогаш, зошто избор вакцина или плодност?

    Треба уште истражувања.
     
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.163
    Пол:
    Машки
    Околу сомнежите како вакцините се развија толку брзо, еве објаснето од стручно лице - Д.р. Горан Кунгуловски:


    Како вакцините против SARS-CoV-2 се направија за толку брзо време и дали се сигурни?!

    Во кратки црти, се направија толку брзо поради декади на базични научни истражувања, среќа во несреќа што е пандемскиот вирус беше коронавирус, а не некој друг тип на вирус, високи нивоа на ургентност и пари, пари, пари, пари. И да, вакцините се сигурни како и било која друга вакцина. Кога пандемијата би се случила пред 10 години, ситуацијата ќе беше многу полоша.

    Правење на функционална вакцина за помалку од една година е важно, можеби и поважно од слетувањето на Месечината или можеби слетувањето на Марс во иднина (што јас отсекога сум го сметал за најважното идно човеково достигнување).

    1. Декади на базична научни истражувања и среќа во несреќа:
    - Технологијата на NGS секвенционирање е развиена во 2006-2007 години но стана глобално достапна некаде во 2013-2014 година. Преку неа за неколку дена беше одредена РНК секвенцата на вирусот SARS-CoV-2. Без неа можеби ќе беа потребни неколку недели/месеци за да се стигне до геномскиот код на вирусот [среќа во несреќа бр.1]. Тоа важно парче на информација ни кажа дека SARS-CoV-2 доаѓа од фамилијата на коронавируси.
    - Среќа во несреќа бр.2 е што историски има огромен број на научни истражувања за овие типови на вируси, посебно после SARS и MERS. Значи научниците однапред ја знаеја структурата, геномот, начинот на којшто вирусот се врзува и влегува во клетката и веќе однапред знаеја кој е најдобриот таргет за вакцина и терапија (Spike протеинот). Без ваков тип на информации за биологијата и особеностите на вирусот (пр. дека одредена модифицирана структура на S протеинот е подобар антиген отколку природниот S протеин), сигурно ќе беа потребни уште неколку години за да се стигне до истите сознанија.

    - РНК платформите врз коишто се базираните вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna се резултат на 10-15 години силни и фокусирани научни истражувања, посебно во полето на канцер вакцини изминативе неколку години (BioNTech). Без развојот на мРНК формулациите во изминатите 5 години, немаше да имаме платформи за РНК вакцина [среќа во несреќа бр.3]. Значи кога пандемијава би се случила пред 5 години, ситуацијата би била многу поинаква.

    2. Високи нивоа на ургентност и пари, пари, пари:
    - Најбавниот дел од развојот на вакцините не е нивниот технолошки развој (научниот дел), туку нивното тестирање (клиничкиот дел). Тоа значи дека потребни се стотици милиони евра и илјадници луѓе за тестирање во сите фази на клинички студии. За трета фаза на студии потребно е регрутирање на десетици илјади луѓе и десетици/стотици болници за остварување на тие студии. Со високо ниво на ургентност и висока трансмисија на болеста возможно беше да се регрутираат стотици илјади луѓе во стотици болници за да се остварат овие клинички студии. Ретко се случува за толку кратко време да се регрутираат толкав голем број на луѓе. Ретко се случува болест да има толкава фреквенција на трансмисија за да може за толку краток временскиот период да се направат анализи за ефикасност.

    - Најважно од се, компаниите и владите истурија огромна река на финансии за да може сите процеси на регрутирање, клинички студии и производство да се одвиваат паралелно. Значи целиот овој процес на ризично инвестирање (којшто обично не се случува) во вакцините беше поради глобалниот економски ефект на пандемијата и немањето на други опции. Тоа не се случи со еболата и со други болести, бидејќи се немаше ваков глобален мотив, за жал.

    Сите овие клинички студии подлегнаа на истата етичка, научна и статистичка ригорозност како и сите претходни вакцини, што е прилично лесно откако ќе се направат тешките технолошки и клинички исчекори за толку брзо време, со толку многу пари.

    Пораката за дома е дека дека да се инвестираат милијарди евра во научни истражувања на биологијата и структурата на сите типови на вируси, за да бидеме спремни и во некоја идна пандемија. Сега ни се посреќи што коронавирусот беше од позната вирусна фамилија.
    -



    Статусот е преземен од неговиот фб профил, ако некого го интересира, таму во коментари има и одговори на некои други прашања.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.