Чекај! Ќе се избацваме ќе се изгушкаме ко ќе се видиме! Едит: Ќе не бриши @RainBow , чатаме. Извини Реинбоу
Со среќа на сите вакцинирани и со лесно Прашање, дали некој од Охрид знае до кога се врши вакцинација во салата после пладне? На моја блиска и рекле да појде денес, зошто ја вратиле на терминот не била добра, па да знае дали може попладне после работа да оди или завршени се веќе тоа време?
Не се вакцинираат тие. Се вакцинираат оние кои сеуште од дома работат, по канцеларии,за да одат на одмор во Грција.А во исто време 35 год.со тешки болести чекаат преку сајтот.
Мм се вакцинираше утрово, во Борис Трајковски, Фајзер прими. Цела недела со неа вакцинираат изгледа, нема веќе кинески?
И тешка физичка работа не треба, кревање тешко исто, барем на моите така им кажаа кога се вакцинираа. Првите 3 дена.
Не знам, ова за Синофарм. Во смисла да не е некој голем физички напор им рекле, иначе нормално низ дома да, алкохол да не пијат и да следат за температура првите три дена. Не знам искрено дали за сите, ова од тоа што ми пренесоа. Ама што знам некако нормално ми делува, нели ако ствараш некој имунитет да не го оптоваруваш телото, ова лаички што знам. Немам инфо стварно, ова така што им кажале само на пункт. За мрзите ко мене таман
За Фајзер ми рекоа после 7 дена алкохол. Дупло пазање до наредна вакцинација. Јас за 10 дена примам втора доза.
Да, и ИТ фирмите преку МАСИТ прават списоци. Опа-цупа, оде Ендава и 200те запослени од 20 години на вакцинација. Ги направија 200? Немам ништо против што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат, ама стварно дојде оглав да вакцинираат луѓе кои цела пандемија работат од дома, а ризични категории им чекаат за вакцинација?