И кај маж ми имало опција за пријавување за вакцина преку фирмата. Преговараа менаџментот дали да се пријават, или не. Ќе го прашам па ќе ви кажам што одлучија. Овој муабет е од пред некој ден. Иначе, да, од дома работат сите. Повремено ако има ептен потреба некој да 'претрча' до канцеларија и толку.
Збориме за ИТ сектори. Значи техничка поддршка, развој. Луѓе што цела пандемија работат од дома. И јас сум една од нив де
Ќе одиш и нема да застануваш во ред. Ќе покажеш таму имам термин во толку и толку и влагаш. Нека чекаат овие што се без термин. Иако мислам дека денес ќе биде фул во Арена, ама утре ќе биде полабаво, дека ќе се мавнат многу на продолжен викенд.
Леле ги гледав колку е по ред пред некој ден, ич!!! Повеќето беа со термини. Во 17 ч, влегуваа од 15ч, се беше каша попара, се караа луѓе, лажеа за саатот, дека се во 17ч, а имале термин во 18ч. Секоја чест за војската, нерви кинат со неразбран народ. Им викаат да држат растојание, ја отвара вратата и се буткаа како пред автобус Не не бива не, залепени у врат ти дишат и редица долга на 2те врати.
Нека се вакцинираат и младиве, важно е повеќе луѓе да се вакцинираат. А за ред, нема ред, затоа што сега повеќето паника ги фаќа зошто не се пријавиле со време, а и сега заради фрката околу патувањата и неизвесноста за количините (а некои сакаат да бираат ваксајнс), прават хаос на вакциналните пунктови.
Да да, знам за ит, имам баш близок што работи, и тоа цела година работат од дома, и ете.. Ама веќе џабе да зборам за планов за вакцинација. Испадна и дека лажам и дека паники кревам, и дека ширам дезинформации. Битно мајка и татко се вакцинираа, државава секако нема јас да ја оправам
Cyprus includes Sinopharm in acceptable vaccines for entry in the country Ова за @kravce Па и насловната со вакцините од кај нас
Јас пред да се вакцинирам ми се јавија од центарот каде ќе ја примам да го потврдам терминот,а после примање ми се јавија од Министерство да потврдам дека сум ја примила. И сеуште се чудам зошто се јавија вторите уствари.
Само уште повеќе ми ја потврдува тезата дека сме најголемо дно во Европа по број на вакцинирани, број на заразени и умрени по број на жители. Тотален fail Читам Англија веќе вакцинирала 50% од своето население. Земја со скоро 60 милиони жители.