Не смее. Битно е и то јадеш, и што пиеш и како се однесуваш кон своето тело во периодот пред/после примање на било која вакцина. Не мора да кажат. Едноставно, најдобро е да му дадеш на имунитетот шанса да се сконцентрира на создавање имунитет, наместо да го преоптоваруваш со надворешни фактори со кои треба да се бори.
За Синофарм некои виролози велат дека треба да се прима и трета доза, затоа што кај одреден дел од популација не создава антитела.
Беше таму и ова го виде? бидејќи јас бев и видов доста исфрустрирани куѓе кои така велеа, ама другите од 15 ипол уш не беа поминати па у старт каснеа и вториве. Ред е, да нема ред, Македонија златна
Ова е ново. Оти пак нас ни викаа дека не е важно саатот; ама мора точно денот да е погоден. И стварно гужва немаше. Јас првиот пат саат време порано отидов со кафе, си викам ај ќе си почекам надвор, подобро да не закаснам. Ама немаше луѓе и одма ме викнаа. Ми рекоа дека не е важно времето. Вториот пат пак порано отидов, ич луѓе немаше и пак одма ме викнаа, дали 10 мин. почекав. Ама сега зошто одат незакажани, тоа не разбирам.
Зошто сме факинг Македонија и зошто и нив ги вакцинираат, они ќе пренесат и и други си идат така. Не знам за Борис, ама колку ги има по маливе градови што си се појавуваат и си се вакцинираат да знаете. Никој не ги враќа. Дивно чудо е како воопшто им стигаат дозиве по план во државава за вакцина и ревакцина.
Охрид ги враќаат и те како. Од 20 што ги познавам и отишле без термин, само 2 вакцинираа и тоа затоа што се со хронични болести и 40+. За Кавадарци знам дека беше хаос, кој кога сака одеа таму, сега не знам дали средија.
Искрено не знам за Охрид и браво ако е така, така и треба да е, ете бар на едно место ок организација. Ама за неколку други града што знам, баш хаос. Срамота стварно. И разбирам да е пример за постари луѓе што имале термин, неколкумина знам што дента имале нестабилен шеќер, висок пристисок, самите лекари на пукнт ги советувале да дојдат за неколку дена. Во ред е, навистина. Ама колку се такви, максимум 10тина дневно нека се. Тие секако нема гужвата да ја прават.
Во вторникот другарка ми така направи. Во 16 и 15 термин, она таму во 16 им кажа на тие редарите им покажа маил и рекоа влегувај.
Во саботата немало на време вакцини а и народов да не си расипува викенд не оди на термин. Друго сега е продолжен викенд и тие што имаа за утре или денес брзаа да се вакцинираат да не им пропадне викендот. Тоа е цела приказна. Да имаше ред друго ќе беше. Или да имаше и вакцинирање надвор. Стави шатори, вакцинирај во коли.. Многу побрзо и поедноставно ќе беше. @fana утре си ?
Враќаат како не,вчера вратија едни од Прилеп,се пријавиле за СК ама поблиску им било овде па дојдоа-ѓи вратија СК да одат...
На почетокот на месецов со Синофарм боцкаа (од искуство на блиски) , сега не знам. Што препораки ви дадоа после боцкање со Фајзер?