Во Куманово вакцинирале и такви од 20-30 години, бидејќи толку биле пријавени.. пример. Наредно се чекаат уште 600.000 вакцини тотал, башка што Фајзер секој месец испраќа по 10.000 Би требало наредниве два месеци да бидат на ред тие под 40. Се разбира, ако стасаат вакцините како што е договрено.
Да се надеваме, не знам. Ипак... и ние во Виница сме многу помал град од Куманово (немам инфо колку се пријавени и вакцинирани ) и многу споро оди. Всушност не препраќаат во Штип. Тоа и ми е збор, што треба секаде да бидат расподелени вакцините. Некој не може да патува по другите градови.
Аха, од фирма ќе кажат не овие не ги вакцинирајте, од дома работат Ај ќе видиме следнава недела, верувам сите имаме познаници што работат на различни места Мислам и @nena2010 од работа се вакцинираше, може да сподели искуство како се организира од работа
Аман се знат па ти. Македонија е не е Америка. сите знаат дека од дома работат ИТ секторот, не е тајна.
Нема ништо такво во планот, не знам за ит ама за другите сектори нема. Матичен, име, презиме и маил адреса, толку имало на сајтот за бизнис вакцинација, ова од човек што ги пријавувал вработените кај него во фирма. Работел од дома, не работел, имал, немал странки, нема тоа.
Ти кажувам што им кажале од Стопанска комора во фирмата на маж ми. Тие им рекле дека прво ќе бидат вакцинирани оние кои се со физичко присуство. Посебно тие по фабрики кои работат. А за да не нагаѓаме вака-или онака, ќе почекаме да видиме дали навистина ќе е така, па ќе коментираме. Да не испадне дека ги бранам, пошто ич не е чудно мучки да напраат и ништо од протоколов да не испадне.
Знам дека се почнати со вакцинација преку комора, ама кои луѓе ги викнале не знам. Да, ќе видиме. Очекувањата не ми се високи, како и за сѐ друго во државава. Ама уште стојам дека државата сама требаше да си направи план за вакцинација, не вака организации, фирми и агенции списоци да прават, смешки.
Во Македонија сите сакаме веднаш одма да се вакцинираме (што е изненадување за мене), а масовна вакцинација почна пред 1 месец (тоа претходно не го рачунам, ко за на мајтап 200 дози на ден). Па брзо стигнаа и 40+ да вакцинираат, во Норвешка на пример никој од пријателите под 55 не ми е вакциниран, а не се малку. И тоа овие над 55 се вакцинираа пред 2-3 недели, а вакцинацијата таму започна во јануари. Далеку е од совршен процесот тука, ама не е ни лош.
Абе знајш како е... голем дел од фирмите се финансиери на партиите и нивните кампањи, башка што економската стабилност на земјата зависи од можноста работата на тие фирми да тече непречено. И ко шо се 'курнази' Стопанска комора, а внатре се буџовани кои се за сите партии, се додека им се исполнуваат лични желби, и' се опнаа со притисок на државата. А во право си. истото ова, можеше да го регулира Министерството за здравство, а не да чека стопанствениците да притискаат.
Абе видете, редоследот и немаше да биде проблем...да се следеше Ваму ти вика пријавувај се, а пријавени не ги вика. И ти пријавен чекаш и чекаш и чекаш и ништо ти нема логика. Пример Германија вакцинира по старост. И сите си чекаат ред. И сега наеднаш им вика кој сака од било која возраст да се пријави кај матичен. Неколку пријатели имам таму, во рок од една недела ги викнаа и ги боцкаа, а моја генерација се. Значи пријави се, и те викаат. А ваму пријави се, ама чекај возраст, ама чекај администрација, ама чекај фирма... за што к** се пријавувам Еве нека кажат во Норвешка дали административците од по 20, 30 години ги извакцинираа, или во Германија, или во друга земја. Сакаше Филипче да спои системот на Србија и на ЕУ. И не му функционира. Зошто? На крајот останаа хронично болните и ранливите категории да чекаат
https://a1on.mk/macedonia/vakcinaci...ilipche-bara-nezavisnata-ugostitelska-komora/ Приоритет според стопанска комора на прво место имаат оние што работат "по многу луѓе во иста просторија". Ти стои на страната. Скоро сите ИТ компании имаат или океанов или отворен модел на канцеларии. Стопанската комора нема евиденција кој работи од дома, а кој не. По поставениот приоритет, ИТ компаниите ќе бидат меѓу првите што ќе се вакцинираат. Го имам мејлот од фирма, и јас сум ИТ, забораваш
Јас не се вакцинирав од работа. Си имав регуларен термин. Инаку се пуштаат списоци и си се пријавуваат. Јас не се пријавив зашто имав добиено термин. Инаку ќе бев со Синофарм. Фајзер не ја даваат на фирми. @riba79 посакував. И добив.
Така е. Да. Гледаат онаму каде што има океан систем, хали, фабрики.. Инаку шалтерските работници веќе поминаа.
I jas preku rab.ne se vakcinirav...od jan.mesec bev na spisok si se napikaa tie sto se so kniska.Ne sum ni za ednite ni za dr.i od sajtot mi stigna poraka i uredno si otidov vcera so Pfizer me bocnaa sega na 11.06.revakcina.Inace so Sinofarm vakviniraa firmi i ministrrstva
Вработен во мвр пред некој де се вакцинираше со фајзер. Пензионери пред 10тина дена се вакцинираа со синофарм Така да,нема никаков ред кој со која вакцина ќе се боцне.
Бизнис секторот си бара чаре да си ги врати работниците на работа. Многу во оваа наша помочана земјичка ја злоупотребуваа работата од дома. И тие што работеле од дома или во ротации ќе ги вратат после боцкање на работа. Кај мене едвај чекаат да не вратат. Имаа обид во февруари да не вратат 90% па кога се разгори ситуацијата во март повторно не пуштија на ротации. Сега цупкаат во место и едвај чекаат да не свикаат сите. Работам во канцелариичка со 13 луѓе. Прозор не се отвора целосно така да луфтирање баш и нема. Колку сакаат маски нека носат сите освен вакцина ништо не не спасува. Ете затоа е притисокот со списоци за вакцинирање на бизнис секторот. Не дека им се шета газот до толку. Тие што сакаа за шетање сами отидоа и се вакцинираа во србија.