Е да си ми жива. И мене ми е мил животот. Јас сум се расплакала денес дома од што ми олесна. Како катарза доживеав.
Епа според моите информации, така е договорот. ама еве, некои викаат дека било лага. А колку што знам, никој од ИТ не е вакциниран преку фирма. Со регуларна пријава се вакциниравме и јас и сопругот.
А како ќе има стопанска комора увид дали вработените од списоците стварно работат во тие фирми. Поврзани се со аврм? Или
А не ти кажа сопругот дека до 17 е пријавувањето? Јас имам и инфо и мејл од фирма, ама нели, секој бира кому ќе верува. Некој на сопругот на Валјд, друг на сопствени очи и уши.
Кое пријавување? Ние се пријавивме уште истиот ден кога го пуштија сајтот во употреба. Плус и двата сме над 40. А ти вакцинирана си? Како е во Хрватска?
Нема кој да се вакцинира во Куманово или нема вакцини веќе? Пошто мм не го викаат уште, а и на другар му родителите околу 60 години уште не се викнати
Озбилно? Јас пак се понадевав дека е вистина оти сите што сакале се вакцинирале.... Кога се пријавија за вакцина?
Па Вајлд, оти не читаш дека до 17 беше пријавувањето и уште никој не е вакциниран преку стопанска комора, ама предност ќе имаат оние што имаат "повеќе вработени во иста канцеларија" (читај ИТ). Не знам кај не бев јасна. Неписмена си или од вакцината имаш brain fog? 100 пати го кажав истото,
Па не си јасна, пошто јас ти го кажвам интерниот муабет меѓу фримата на маж ми и Стопанската комора и речено им беше дека нема да бидат во првите, пошто ИТ работат од дома Ако почнат да ги вакцинираат пред оние во текстилните фабрики, тогаш ќе се загрижам и јас
Текстилните работнички не добија слободно кога хараше вирусот по погоните, не одеа во самоизолација и директно им се загрозуваше животот заради производството. Буквално се жртвуваа. Текстилните работнички се грото повозрасни жени кои работат за минималец, ИТ се мажи од висока средна класа што мислат го фатиле Господ за муда и се фино запетлани во државните работи. Зошто мислиш дека на државата би и било од стратешко значење одеднаш да почне да се однесува кон текстилните работнички ко да се луѓе и да им даде приоритет пред ИТ, која е една од најпрофитабилните индустрии за државата?
Кој им дава приоритет на ИТ? Се вакцинира некој преку Комора од ИТ или само шпекулираш? Излишен е муабетот.
Некој за Кавадарци да каже дали пуштаат пак без термин? Некој директно од терен да се јави. Едит: Инаку братучед ми 29 год. се вакцинирал во Германија со Астра Зенека, преку фирма организирано кој сака. Втора доза му рекле по 4 недели Модерна или Фајзер, ќе си бирал.