За ИТ не знам и не шпекулирам, за другите има некој ред. Од оние околу мене вакцинирани, сите се од сајтот или приоритет. Останатите се текстилните кои сега се вакцинираат. Џонсон ги носи организирано да се вакцинираат. Фабриката. Голем дел не сакаат. Од текстилните исто. Желба за вакцинирање имаат одреден тип на луѓе. Ова од мое опкружување.
Па да, тоа го зборам цело време. Ама на страната на стопанска има објава и приоритетни ќе бидат оние што работат повеќе луѓе во една просторија. Плус МАСИТ како стопанска за ИКТ е независно дел од договорот за вакцинација на бизнис секторот. Значи ИТ ќе се вакцинира, и ќе имаат приоритет. Тоа е тоа...
Мене не ми сметаше ни 20 годишни преку ред кога се вакцинираа. За сите е добро да има што е можно повеќе вакцинирани. Ама ми смета што хронично болни кои би требало да се приоритет уште не се повикани на вакцинација, а ќе се вакцинираат луѓе што буквално до крај на живот може од дома да работат.
Пак исто зборате? Ако ги вакцинираат прво ИТ, тогаш ќе разговарате за ова. На нероден Петко, капа му скроивте.
Не. Само сакам да не шпекулирате и да правите непотребни нервози кај тие што ве читаат. Значи не е факт, туку лично твоја шпекулација.
Викаш моја шпекулација е дека се прават списоци по ИТ компаниите за вакцинација преку МАСИТ и дека првичен приоритет за вакцинација имаат: "вработени што работат по повеќе луѓе во иста просторија"?
Вакцинирани се веќе Комерцијална и за една од помалите банки сигурно знам. Мислам сите овие се преку комора. Кај нас минатата недела се правеше пречистен список (да се тргнат од првичниот список оние кои веќе се вакцинираа или имаа термин). Колку што имам инфо и Кјуби ќе се вакцинираат од вторник.
Комерцијална не се. Бар тие што ги знам не се. Вакцинирани се од шалтер, во првата фаза. Сега се втора фаза. Позадински и канцеларии
Знам дека ова се одвивало вторникот или средата. Која фаза било, не знам. Како и да е следи овој сектор секако. Голем е притисокот од банкарите, а реално и многу од овој сектор настрадаа. Кај мене на работа многу, многу го поминаа. Искрено со сите мерки на владата и притисоци над банките, мене жал ми беше за луѓето во филијалите. Каков наплив на луѓе беше тоа во бранови заради кратките рокови, ужас. Јас се надевам само дека ќе додржам да се допазам додека ми стигне редот
Kaj nas proaliot petok atigna mail da se prijavime. Jas se prijaviv ama vo nedelata dojde ama za termin preku Vakcinacija i otkazav od rabota.
На работа имам колега,околу 40год,есента имаше мозочен удар. Уште трпи последици од ударот. Пред некој ден во разговор ми вика проверив антитела на корона имам,докторите викаат од короната ми бил ударот,а ниту се тестирал ниту знае кога имал корона. Викам сега ќе се вакцинираш? А не бе ,тоа се вештачко ,врска нема,од горе не прскале со авиони затоа бил респитаторен вирус ете како на бродот имаше заразени а немаа врска со копно