Јас им пишав порака на вибер и ми рекоа после 1 јуни ќе знаеле дали ќе даваат потврди за луѓе без бугарски документи. Ни мене не ми се ризикува така сега да отидам, ќе си почекам... ќе видиме ако останат уште вакцини до тогаш на границиве
Имам чувство како цело време вината за ситуацијава во пандемијата да им се префрла на матичните Тоа оти не можеш на магарето, па по самарот Мислам... се знае кој е одговорен? И за матични кои лекуваат по телефон, и за препишувањето антибиотици како бомбони, и за пребукираноста на истите, особено во време на пандемијава... итн... Да не се лажеме, ама голем дел од одговорноста беше префрлена на нив. Еве прост пример мојата матична, јас кога бев болна (крај на февруари) имаше 50/тина пациенти заразени, е сега бројката којзнае колкукратно се зголемила кога беше пикот? Истите матични имаа обврска дневно да ги исконтактираат сите пациенти, плус да примаат во ординација, плус административни работи, плус останатите кои немаа „среќа„ да бидат заразени.... Тоа, сакале вие или не да признаете, е голема работа. Да се навратам за антибиотиците, имаше протокол по кој се даваа колку што јас знам, не дека така им текнало. За капитацијата и преголем број на пациенти, колку што јас знам ограничени се на 2000 мах (мислам) и за толку им плаќа фондот, се над тоа е бесплатно. А многу често имаат и над тој број, оти нели не може да враќаат пациенти? Не дека матичниве се безгрешни, ама целата вина на нив да им се префрла ми е ту мач
На сите. И на матични и на доктори и на министерсва и на влада и на народот. Сите носиме одговорност. Се разбира дека има и такви кои се за пофалба, ама повеќето...
Ако не функционира ништо ко шо треба во една држава, тоа значи дека на грото 'толку им сечи'. Таму кај што на повеќето 'им сечи' , имаат пофункционални институции... и така...
Да не генерализираме,но повеќето матични потфрлија . Се давале од сам почеток антибиотици на асимтоматски случаи, по кој протокол давале сумамед 2 дози,а дејството од една доза од сумамед останувало во организам 10 дена по пиење на истата и не смее никако да се дава две дози?!! Исто,антибиотици за вирусна инфекција? Образложение ,, да не слезе на плуќа,,што ќе слезе ,пак вирус ќе слезе. Вака кажувашеДр.Пановски на онлине предавање,матичните сакаа да се исперат ,ако се влоши состојбата кај пациентот да не се виновни дека не дале ништо .Секако дека сме не здрава нација,но преголемата смртност ќе се истражи во иднина и ќе се види дека многу покрај друго умреле од не правилно лечење, а одговорноста секако ќе биде покриена со земја.
Медицинско лице ме советува да не се вакцинирам, затоа што стерилна ќе сум станела. И сеа шу праиме со ваквите
Прашај ја во кој факултет студирала и на кој начин го завршила,или ако има средно медицинско ,вонредно завршила или редовно ама околу школо .Мислам некој доктор имаше за ова дека ваквите треба да се пријават .
Да знаеш колку ги има. Или една исто, општ лекар, вештачки бил вирусот, да не сме се вакцинирале. Ок вештачки нека е. И сега што? Да го фатиме оти е вештачки? Не ми е јасно.
Реткост од мед.лице обично они едвај чекаат да зголемат профит, како од лекови така и од вакцини, како и да е паметно од неа за сите кои размислувааат реално
Ја менуваш и ја збориш по народ. По кој народ уствари, голем дел од нив ќе ја сметаат за херој. Ах, еве една над мене, ние за волкот...
Има кај мене во фамилија член се вакцинираше со Спутник В, примени 2 дози, алергичен е на пеницилин, и исто имаше прележано Ковид пред 5 месеци. Супер помина, мислам пеницилинот не е проблем не го содржи ниту една вакцина.
Тука е забрането да се мисли различно. Значи се знае, нема дилема и дискусија. Вакцините се излезот од памдемијата... освен ако се покаже дека не се ...