За жал така е и во реалниот живот, како што веќе кажав, најтешко е да се размислува, ама нема везе, секогаш реалните работи треба да се кажуваат. Значи, вакцини и короната ја снемува , ама попрво би рекла вакцини во мозок
Не е најтешко да се размислува, секоја будала со слободно време и бујна фантазија може да размислува. Тешко е да се чита.
А, шо имаш ти познавање во медицината и вакцините па да имаш мислење и другарка ти @Tea678 ? Од овој интернетот сите станавте еХперти. Не се боцкајте де, не ве тераат, само тие ваши жални теории на заговор дома си ги кажувајте, а не на форуми и места каде читаат и вакцинирани.
Па види де, објавени се јавно состојките. Мене ништо не ми значат, оти школо учење за тоа треба, ама ако тебе ти значат можеш да прочиташ. Само да не испадне како таа теоријата за другиве вакцини за деца што се, жива дека имале. Од читано недочитано и од незнаење да се прочита.
Она кога мислиш дека само зашто имаш мозок треба да имаш мислење за сѐ. Дечки мозокот не е однапред даден со знаење, треба да го исполниш. Затоа на пример нема сам без идеја да земеш да си градиш куќа, туку ќе викнеш архитект за да ти направи план, на пример. Знам бе, еден гугл клик нѐ дели од знаењето.Ти ако се разбираш, може ли да ми ја објасниш функцијата на секое соединение и интеракцијата меѓу нив, како и физиолошкото значење? Ти благодарам.
Не, чекај да побарам стерилитет што предизвикува, чиповиве се од 2020 некако, не е кул веќе, што знам Ние гревовиве на Балканов сме озрачени од сите страни, отруени од воздух и вода, ама вакцината е проблем. Гревови сме.
Не ги потценувај теориите на заговор. Се што понапред беше етикетирано како теорија на заговор веќе подолго време се остварува. Ковид пасошот беше еден од нив ама ете минатата недела Европската унија го изгласа. Колку и да глумиш медицински еХперт, сигурно не ти е сеедно да бидеш обележан како кравите и другиот добиток што го регистрираат со штанцање на бар код.
Зошто бе група, та нели форумот е за дискусија, дебата и разменување на мислења. Зошто толку се возбудувате кога некој ќе искаже мислење различно од вашето. Бај д веј името на темата е "Вакцина против корнавируст" а не "Сите ние коишто едвај чекаме да се боцнеме" . п.с за да етикетираш некој како антиваксер треба да го имаш неговиот вакцинален картон пред тебе. Така да полека малку, без нервози.
Не баш. Сите антиваксери што ги знам се вакцинирани до последна вакцина. Само децата не си ги вакцинираат.
Уште не кажа како да се излезе од пандемијата. Уште чекам одговори од тебе и другарка ти @Tea678 Ако вие не сакате да се вакцинирате, нема потреба ваму да спамате со теории на заговор.
Е не е сеедно да те скенираат пред влез во ресторан.Ама од кога веќе сме метафорички кажано "чипирани", вакцинални пасоши и обележувања се само апгрејд. Сепак тоа не ја намалува важноста на вакцината само како вакцина, без политичките примеси. ...другово....ќе видиме што ќе испадне.
За излезот од пландемијата треба прашањето да го поставиш на адресата на тие што ја креирале и ја контролираат. Ме спамирам јас, туку се чудам зошто на секое мислење одма ги добивам зборовитен"антиваксер" и "теории на заговор". Дајте нешто ново, поинтересно. Овие киворди станаа клише и досадни веќе мајка му стара.