Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,2%
  2. Не

    366 глас(а)
    31,8%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    17.220
    Ете имало и некој што ми ја сфаќа поентата на тоа што сакам да кажам. (highfive)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    41.764
    Пол:
    Женски
    Ова оди збори го на фамилиите кои изгубиле некој близок.
    Не, јас сакам ти да кажеш, ме интересира.
    План? Идеи? Било што.
    Кога веќе толку многу знаеш образложи се до крај.
     
    На Frosty! и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    17.220
    Важи, ама прво ти да ми одговориш на мене едно прашање. Зошто се условува враќањето на основните човекови права со вакцинацијата. Еве јас живеам во држава во која не можам да влезам во ресторан, кино, театар па на периоди и во бутик за да си купам два пара гаќи без да бидам вакцинирана, со прележан ковид (ама мах. 6 месеци, после тоа не важи мојот природно стекнат имунитет) или тестирана. Зошто таа уцена и дискриминација невидена со векови? Зошто некој да те присилува за да ти направи нешто добро?

    Какво е тоа право на избор ако не ми ги вратат одземените права без да ја изберам опцијата што ми се наметнува? Тоа е црвот на сомнежот кај мене а не тоа дали вакцините се добри или не.
     
    Последна измена: 23 мај 2021
    На Kitten, martovsko cveke, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    41.764
    Пол:
    Женски
    Ти не мораш да се вакцинираш ако не сакаш, никој не те тера на сила.
    Има други кои се одлучиле на тој чекор и нема потреба овде да им се кажува вакцини у мозок па едно па друго па трето па стерилност па не знам што.
    Влевање страв.
    Нема потреба од заплашување на народот кои решиле да се вакцинираат за да се спасат себе и останатите околу нив.
    Околу условувањето, мора на некој начин да се стави крај на ова лудило.
    И не викам дека тоа е во ред, ама...
    Никој не сака да биде вака.
    Ова е ново и никој не знае како да постапува, никој.
    Ниту да излезе од контрола повторно, пример Италија.
    Сите сакаме слобода, на сите ни е преку глава од карантини, а секоја земја си има свои правила кои мора да ги почитуваме.
    Не бидете себични.
    Наместо конечно да излеземе од ова мора да се мрчи за се и сешто.
    За секоја мерка.

    It's your turn.
    Дај идеа како да се стави крај на ова.
     
    Последна измена: 23 мај 2021
    На Frosty!, buba4e89, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  5. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    17.220
    Девојче многу ти е контрадикторно мислењето а исто така не сфаќаш што сакам да кажам. А ти гарантираше ли некој дека со вакцинацијата ќе заврши лудилово? Што праиме со мутациите. Што ако догодина излезе некоја мутација за која не помагаат сегашните вакцини? Ај те молам цитирај ме каде јас заплашувам луѓе, каде сум рекла дека од вакцината ќе ви биде тоа, тоа и тоа.
     
    Последна измена: 23 мај 2021
    На BloodElf и christinnn им се допаѓа ова.
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    27.455
    Оние што се најгласни за теориите на заговор обично први се вакцинираат :)
    Ама, мора они да се на форум ПоРаЗлИчНи.
     
    На Glowy, Sofi.ja, ПраскаБалабанова и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Ко тој во Србија, претседател на антиваксерско движење, а кога го уапсиле вакциниран против Ковид :)
     
    На Sofi.ja, WildMk, LaTama и 6 други им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    41.764
    Пол:
    Женски

    Уште не одговори на прашањето, како и што мислев, не знаеш. :)

    И јас те разбирам, револтирана си од условувањето, ама за тоа ќе се жалиш кај што е потребно.
    и ќе повторам, не мораш да се вакцинираш, ама нема потреба овде со негативни мислења.

    Болдот - Погледни колку се намалија бројките на смртност и новозаразени - Пример Велика Британија.
     
    На buba4e89 и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Со што завршува бе девојче заразна болест? Со карантини? Со природно заразување како во Мк каде имаш 10 000+ починати? Хм? Или со вакцинација како сите претходни болести, каде и да има смртни случаи од вакцинираните ќе се само 10, не 10 000. А?

    Да објавувам пак графици? Ок ајде.

    Screenshot_20210523-194606_Gallery.jpg Screenshot_20210523-194543_Gallery.jpg Screenshot_20210523-194549_Gallery.jpg Screenshot_20210523-194555_Gallery.jpg
     
    На WildMk, green.eyes, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    17.220
    Аа јас нема да сум ист случај. Јас си ја прележав короната и тоа СТРАШНАТА Британска мутација. Така да шест месеци капата на страна :emo:, ќе можам да пијам кафе у кафич. А за тоа време којзнае, можеби ќе се достигне квотата од 80% за масивната вакцинација, упс имунизација (пофенси звучи така а и на мтв така велат) па ќе се дојде до толку посакуваниот херд имунитет, па не ќе МОРАМ ни една доза да примам. А до тогаш цело лето раат:coffee::beer:.
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Па ни сега не МОРАШ да се вакцинираш, ако ти се живее пандемиски слободно ич не се вакцинирај.
     
    На buba4e89, green.eyes, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.680
    Допаѓања:
    200.417
    Какви се тие 10.000? Од каде?:^)
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Ќе ги видиме за месец два во редовниот извештај од статистика, исто како во Ноември кога имаше неколку илјади повеќе починати од истиот месец во 2019, а тоа се виде во финалниот извештај.

    Еве ги, секој ден пријавуваат по неколку починати од пред неколку месеци.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.823
    Допаѓања:
    264.366
    Во Скопје може да се сокријат, ама кај нас не. И тие што ги немаше, а таков беше еден случај, подоцна го пријавија.
    Мала е Мк, јас знам дека има некој што не е пријавено, ама дупло не може да помине, а да не се осети.
     
    На mal.ecka, BloodElf, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Исто сум во мал град, знаеш, и има неколку што не се пријавени затоа што починале по долго време во болница и веќе биле негативни кога настапила смртта :(
     
    На mal.ecka, WildMk, redhead и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Ај кажете стварно што се теориите оти не ги читам, што е крајната цел? Стерилитет не може да е, пошто иначе Индија прва ќе ја вакцинираа, а не земји со негативен наталитет.
    Пари ли се, што е?

    Биовојна се спомнува низ темиве, тука не гледам некоја земја непогодена, па да станува збор за војна. Ајде кажете барем вие што сте wokе да ја сфатам логиката, зошто ништо не ми прави логика од теорииве.

    Не сум саркастична, стварно ме интересира што ве тера да мислите дека е заговор.
     
    На ПраскаБалабанова, WildMk, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Убаво што лесно си ја поминала короната,па сега раат ќе си пиеш кафе.Некој за жал ја немаше можноста да се избори со,,страшниот вирус,,како иронично го нарекуваш зошто не те здоболело.Некој не ќе може да пие кафе,да си ги расте децата,(туку што разбрав починал татко и оставил дете годиначе зад себе).Можеби ќе умре некој и од канцер тоа тешко се спречува.Но ова може да се спречи со вакцина,како и впрочем многу болести што исчезнале благодарение на вакцините.Да бидеме општествено одговорни, да помогнеме деца да раснат покрај своите родители.Впрочем по тоа и се разликуваме од животните да делуваме со разум а не само со инстикт и да се приспособиме на општествените норми и правила ,како и да ги потисниме нашите права, како сега кога се работи за пандемија, се за општо добро на заедницата во која припаѓаме .
     
    На Glowy, Ivan4e04, Ambrosia и 11 други им се допаѓа ова.
  18. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    20.179
    Пол:
    Женски
    Дали некој го прочита тоа за во Србија дека 20% од вакцинираните со Синофарм не развиле антитела? Најголем број од нив биле возрасни луѓе над 70 години, околу 70. Па, според тоа не се заштитени ни од тешка клиничка слика. Треба да имаат барем минимална вредност на антитела за да се барем од тоа заштитени.
     
    На WildMk, LejlaD, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Затоа се шпекулираше за трета доза од оваа вакцина.
     
    На LejlaD, green.eyes, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    20.179
    Пол:
    Женски
    Ахам, океј. Татко ми е повозрасен, блиску 70, се вакцинира со оваа и некако го мислам. Симптоми вика баш никакви, ни рака да го боли, ништо. Знам дека тоа не мора да значи нешто, ама што знам. Супер ако испадне дека има сепак антитела, ама ако нема значи ќе треба уште една доза.
     
    На LejlaD, green.eyes и buba4e89 им се допаѓа ова.