Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Јас прочитав и да ти кажам се исплашив.Не за мене туку за мајка ми што е хронично болна а се вакцинира со Синофарм.Можеби ќе треба и трета доза така се информираше низ медиуми.Можеби па си викам вака лаички од памет ,да не случајно си вадат Србиве студии од ракав,зошто Спутник кај нив почна да се произведува?:^)
     
    На WildMk, LejlaD, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. TeodoraMJ

    TeodoraMJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    422
    Пол:
    Женски
    Некој да има инфо од утре со која вакцина ќе вакцинираат?
     
  3. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Кај возрасниве скоро кај никој нема реакција,затоа што имаат слаб имунолошки одговор заради возраста,секако не значи дека нема антитела .
     
    На WildMk, LejlaD и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Не знам. Генерално немам ништо против Синофарм, ама ова и мене малку ме разочара. Времето ќе покаже. Во меѓувреме, се надевам дека доаѓа лето, па ќе се намали како и лани ризикот, веќе и намален е, па дај боже да продолжи така. Па да се најде решение до на есен. Во секој случај, ќе инсистирам татко ми да испита антитела. А со политиките нема крај, затоа ништо не можам здраво за готово да земам.

    Со хронични болести што се тие може и подобро со кинеска, ама ако не дава резултати, тогаш па џабе. Се надевам, океј ќе биде и кај вас и кај сите :)
     
    На WildMk, LejlaD, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.187
    Допаѓања:
    124.689
    Место да звонеа телефонски, можеа да го прегледаат пациентот. Можеа да помагаат, да прават тријажа... повеќето беа под клуч сега почнаа да работат.
     
    На Sofi.ja, WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.276
    Допаѓања:
    189.739
    Ама колку се тие неколку? Дупло од пријавените?

    Оти има толкава тема за вакцина а нема тема за лек/ови за корона?
    Еве, ќе се стаиме ол ин на вакцините и што ако не е тоа егзит стратегија? Што ако има трет, четврт, петти бран?
    Мислам фатализирате овер д топ, ама сега, година и пол подоцна, не може да е иста непознаница како на почетокот. Досега верувам и терапија требаше да има. Има ли? Или уште е протоколот 3 дози антибиотик?
     
    На Kitten, LejlaD и BloodElf им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Не се сеќавам точно, ама беше многу поголема бројка, можда и дупло.

    За лек, нема и нема ни да има. Зошто, затоа што има вакцини :) Ако има лек, дали профитот на *да не бидам многу директен кхм* произведувачите на вакцини ќе биде толку голем како што сега е, со акцент на Фајзер? Можеби, можеби не.

    Има и лекови во фази на тестирање, ама не се масовно следени. Од време на време има оптимистички "испади", кои по 2-3 дена згаснусваат. Пример лекот од Израел од пред некој месец, баш мислам ти го сподели.

    И да, Ивермектин. Само него го признавам, затоа што е ефикасен, ако се земе на време, а не е тоа ништо тешко. И моноклонални антитела, ама тие се скапички и не толку практични како Ивермектинот :)
     
    На senjorita-v, Biljarkata, martovsko cveke и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.276
    Допаѓања:
    189.739
    Лекови ќе има. Додуша мнра базирани, јер кхм...профит.
    Ивермектин, изопронозин ако се земаат во рана фаза можеби...Најново, лекот против артритис тоцилизумаб, во индија го наоѓаат дека дупло ја намалува смртноста кај луѓе со сериозна клиничка состојба https://www.thehindubusinessline.co...e-covid-19-patients-study/article34018047.ece
    ...among the subset of patients who had severe Covid-19, the proportion of patients whose disease progressed to death in 28 days was 16 per cent (eight of 50) in the tocilizumab group. While it was 34 per cent (14 of 41) in the standard care group.
    Западната клиничка студија вика нема ефект https://www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMoa2028700
    И сега, кому да веруваме и зошто?
     
    Последна измена: 24 мај 2021
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.238
    Допаѓања:
    124.530
    Пол:
    Женски
    Јас едно знам. Вакцинирајте се луѓе! И да се заразите ќе го поминете како настинка. Не читајте вакви онакви теории. Вакцина само. Одвај го чекам 12.06.. Ко куќна слава ќе го земам денот втората доза кога ќе ја земам. Несакани ефекти? Не ме плашат. Далеку пострашен е вирусот без вакцина.
    За Синофарм и јас се зачудив. Инаку вакцините не се од вчера. Се развиваат од 2009 година кога се појави Сарс.. Ама на кој да му се каже.
     
    На Glowy, Tajnaotrovna, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Западниве сè нешто скапи лекови ги сметаат за ефикасни :D
    И тој Ремдесивир што е одобрен, не беше ефтин мислам?! За моноклоналните антитела да не зборувам.

    Знаеш... не може Ивермектин кој чини 200ден. (горе- долу) да биде ефикасен, кога има нешто по скапо :mm:

    Јас да сум на некоја позиција Ивермектинот ќе го направам и задолжителен за секој кој има контакт со позитивен. Имаше контакт? - Одма Ивермектин.

    И во болницата во Битола Ивермектинот го даваа на секој пациент кој ќе влезе таму, во овој бран. И имаа помала смртност од есенскиот бран, кога беа лидери по смртност во цела Мк, а сега беа под просекот за Мк, колку што се сеќавам.
     
    На WildMk, Tajnaotrovna, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.699
    Допаѓања:
    213.382
    Пол:
    Женски
    Да,есенскиот бран покоси овде,12-14 погреби дневно имавме,штрашно и жално,многу заминаа...Е сега дали до Ивермектинот или колективен стекнавме кој знае:?:
     
    Последна измена: 24 мај 2021
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Не беше до имунитетот, пак болницата беше преполна, дури и повеќе од есента.
     
    На LejlaD и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.699
    Допаѓања:
    213.382
    Пол:
    Женски
    Тоа да,и во модуларната имаше пациенти...:(За вакцина кога отидов др.зачудено ме препраша дали точно одговарам дека не сме го прележале дома....малку на шала свртев,прашав дали требаше па си се изнасмеа и таа,на маката де,наша.Ретко која фамилија не заболе или нема починат за жал....Е сега на сето ова како да не сакам да се боцнам,макар со што и да е....
     
    На WildMk, Tajnaotrovna, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    5.926
    Ова се премали бројки за да се земе студијата како релевантна. Плус многу потешко е да изведеш пропер студија за дејство на некој лек против ковид зашто не можеш да имаш контролна група која би примала пласибо, не е етички да ги оставиш без терапија. Дополнително тешките пациенти се најчесто со различни коморбидитети и примаат дополнителна индивидуална терапија и потешко е да се изолира ефектот од еден лек. Ивермектин матичните го даваат зашто нема штета од него а во болничко лекување не го даваат и не ми е јасно зашто таква дискрепанца во протоколите. И за сите лекови што ги користеа за лекување искочија студии дека се ефикасни а потоа и неефикасни. Ние не знаеме да направиме разлика која студија е порелевантна, се надевам дека докторите знаат. Ама колку од кого бил потплатен за да објави студија најчесто нема да се дознае.
    Имам читано за доста лекови во развој што ги викаат ветувачки, ама дали ќе ја видат светлината денот, кој знае. Сега за сега вакцините се единствен избор за жал.
     
    На WildMk, LejlaD, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.276
    Допаѓања:
    189.739
    Е во МК ивермектин го даваат оти нема штета, нагде евентуално го даваат единствено како болничка терапија, јер бил штетен и недокажан. И сега нешто што е во употреба со децении е штетно и недокажано, а нешто што е првпат одобрено за ургентна употреба ни е единствениот избор? И ова најмалку се однесува на кинеските вакцини, тие се единствените вакцини според дефиницијата за вакцина која важеше до неодамна.
     
    На BloodElf, Ahoy и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    За ефикасноста на Синофарм, тие 20% не се сите со 0 антитела. Туку антитела под референтната вредност. Е сега од тоа што читав, значи не сум 100% сигурна во ова, треба да се истражи дали навистина тие не стекнале никаков имунитет, или и покрај малкуте антитела, доаѓањето на организмот во претходен контакт со вирусот може да значи дека сепак ќе има одредено влијание во тоа колку силни симптоми ќе се развијат. Така што мислам дека и во самото истражување не беа сосема сигурни што значи бројката и дали навистина не се развил никаков имунитет. Пак ќе речам, ова негде го прочитав, може и да не е точно.
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    5.926
    За недоследности во терапиите навистина немам што да додадам и се согласувам, но за докажаноста сметам дека овие вакцини какви и да се, се и повеќе испитани и повеќе докажани против ковид отколку ивермектин или други лекови затоа што ефикасноста е докажана преку големи рандомизирани контролирани студии, а богами и преку апликација на миљарди дози низ цел свет. Е сега долгорочни последици дали ќе има или не, дали се безбедни за сите луѓе со претходни состојби и сл времето ќе покаже. Многу лекарства биле пуштани во употреба после декади испитувања па повлечени и за жал тоа е ризикот со кој мора да живееме. Само како компарација ќе ги спомнам хемотерапиите за онколошките болести. Ризикот од силни последици е огромен, смртноста од нив е исто огромна па сепак се користат затоа што се единствена шанса за лекување на заболените. Знам дека ковид и рак не е исто и прогнозите се различни, ама во толку широка распространетост бројката на починати е споредлива.
    Мене она што ме нервира е политиката и бизнисот што се тера со вакцините. Хајката против одредени вакцини што ако лаички смеам да претпоставам е водена од лобито на фармацевтските компании при што под тепих се буткаат и никогаш не се актуелизираат нус ефектите од останатите вакцини ја поткопува и онака кревката доверба во самиот процес на имунизација. На крај на сите што ги следат информаците кои ни се пласираат, остануваат со хаос во главата и не знаат како да реагираат на недоследностите освен со сомнеж. И тоа само уште повеќе ќе ја развлече пандемијата. А уште повеќе ме фрапира неспособноста на владите и регулаторните тела да се справат со целиот тој хаос. Држави кои ми изгледале средени се приближно толку заложници на ситуацијата колку и нашата водена од неспособни кадри со децении.
     
    На WildMk, BloodElf, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Јас знам таква што паничеше за вакцините, ќе не натерале, чипирања, 5г, е сега прва се пријави на списоците од стопанска комора, имала закажано за Грција одмор :D
    Искрено повеќе разбирам вистинска загриженост за вакцините, ама овие што се презагрижени колку да се најдат во муабет, а за еден одмор мењаат став, ми се.... :D
     
    На WildMk, Tajnaotrovna, ПраскаБалабанова и 4 други им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Се шушка ние под 40, кога ќе дојдеме на ред, за Скопје прашувам? И дали некој пробал да се пријави во друг град, за побрзо да дојде на ред?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.191
    Добар дел доби термини за вакцина преку Стопанска комора.
     
    На GrimTheReaper и LejlaD им се допаѓа ова.