Секоја вакцина штити одреден период. Што потоа? Мислам дека ни лекарите немаат претстава како понатаму ќе живееме. Ќе мора постојано да примаме вакцини или не знам што ќе биде.
Гледам се намали темпото на вакцинирање, уполовена бројка дневно. Ќе се чекаат синовак изгледа за втора тура "масовно" вакцинисање
Па синофарм е при крај и сега воглавном боцкаат ао АЗ постарите и Фајзер помладите кои идат во помали количини. Ме плаши фактот на можноста на повторна зараза и при вакцинирање посебно за постариве и нестварањето антитела кај дел... Да не испадне само премногу надеж дека ќе има брзо крај пандемијава и без повторување..
Заклучно со 22.05.2021, аплицирани се: - 51.226 дози на Pfizer/Biontech (35.637 со прва доза и 15.589 со втора доза); - 45.099 дози на Sputnik V (22.874 со прва доза и 22.225 со втора доза); - 29.146 дози на AstraZeneca; и - 134.106 дози Sinopharm (101 со прва доза и 1.005 со втора доза). Заклучно со 22.05.2021 вакцинирани се вкупно 220.758 лице со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 38.819 лица. Согласно податоците добиени од Управата за електронско здравство, регистрирани се 664 позитивни лица по примена вакцина против COVID-19. Од нив, 456 (68,7) се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината. Од 664-те лица, 75 биле хоспитализирани. Регистрирани се 22 починати лица по примена вакцина против COVID-19. Од нив, 17 (77,3) се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно се дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината. https://www.iph.mk/sostojba-so-covid1917-do-23-5-2021/
На мајка ми и стигна да се вакцинира утре во Велес. Што прават со градовите поима немам. Жената е утре на работа и нема шанси да стигне на вакцина во Велес. Дали би можело да иде во Борис Трајковски и да прими вакцина врз основа на оваа порака или мораме да презакажуваме? Многу безвезе жена на 60 години да ја мавташ низ градови. Не им го разбирам системот.
Нека оди, не верувам дека ќе ја вратат. Само да си го има смс-от или мејлот со терминот спремен, евентуално ако и' го побараат за да потврдат, ако не можат да ја најдат во систем
ne be ic nema vrski.. devojkava dali ima 25 si se vakcinieala deneska i gordo na tiktok si atava https://vm.tiktok.com/ZMevhR2cv/
Zdr.jas na 21.05.2021 primiv Pfizer imam 44g.No eve prviot den i vtoriot samo raka me bolese, a eve 4 i 5 ot den ili potocno na 25.05.2021 i na 26.05.2021 omalaksanost, pospanost i vrtoglavica no i bez energija so glavobolka.Vcera pravev krvna slika.Ekstra mibse site parametri odlicni.Mi rekoa za taka sto se osekak e reakcija od Vakcinata.Nekoj slicno idkusyvo
https://www.nytimes.com/2021/05/26/business/pfizer-vaccine-disinformation-influeners.html Принтскрин од твитовите на еден од спомнатите инфлуенсери
Мајка ми се вакцинираше минатиот четврток со Синофарм . Од реакција само поспаност првиот ден и болка на допир на местото на апликација , и поспаност во петокот . Прва доза и е ова . Една недела по првата примена доза , вели добро се чувствува . Јас ќе почекам за вакцинација . Ќе се вакцинирам , но подоцна . Бидејќи прележав Ковид , сакам да отстапам место на оние што не го прележале и на луѓето од ризичните категории .
Да не отворам нова тема- Русија почна да вакцинира и животни против ковид-19 Тестирањето покажало дека кучињата, мачките, лисиците и визоните развиле антитела по приемот на вакцината. – Во текот на изминатата година не е докажано дека домашните миленици можат да заразат луѓе или нивните сопственици. Постојат изолирани случаи на инфекција кај мачки кои се опишани и докажани. Но, сè уште нема цврсти докази – додава таа. Во јануари, група научници рекоа дека мачките и кучињата во иднина треба да се вакцинираат против ковид-19, бидејќи можат да бидат заразени со коронавирусот.
Ај во СанМарино, на Спутник и Адреналино Јас пак само во Спутник верувам, ама само тие се Спутник-вакцинисани и нови случаи немет. #дневна рутина- проверва ворлдометар у СанМарино
Многу ги сакам ваквите преку ред. Невоспитани деца бре. Уште и ќе се фали, место помладиве пример станаа отпример.
Сакаш да ми кажеш дека јас во Сан Марино слободно можам да одам. Е ова не го знаев. Пошто ја се Спутникосав во Србија ама сега ме фати јанѕа зашто овие до ЕУ бирокративе се инаетат за Спутник и за нив исто ко да не сум вакцинирана. Си викам можев и таа Америчката со најголем маркетинг да ја примам ама ми беше избор број 2 па Србите првиот избор за чипирање ми го дадоа. Само не ми е јасно што ќе прави Германија со Германците вакцинирани во Русија за 2000 евра од вакцина: Germans head to Russia for Sputnik V jab | Business| Economy and finance news from a German perspective | DW | 01.05.2021 и за оние што ќе одат во Сан Марино на вакцина: San Marino to offer tourists Russia's Sputnik V COVID-19 vaccine | Reuters.
Нема да не признаат вакцинирани во странство. Баш денес читав, и тие Фајзеросаните во САД не ги признавале. Значи ЕУ граѓанин, мора во матичната држава да си се боцка- нема рачиња, нема колачиња. Ваљда да не им се измешаат чиповите нешто, друго не ми текнува А јас појма немам чиј државјанин сум