@nena2010 вчера вакцинираа лица со ретки болести во Борис Трајковски. Ако лицата се малолетни ги вакцинираа членовите на нивните семејства. Аман веќе со осуди и глупости. @Biljarkata нешто стварно е многу труло во ЕУ со КОВИД политикава.
Ако е со ретка болест ок ама девојкава има 18 години иначе. Е не знам дали од Стопаснка боцкаат со Фајзер ама нема везе. ОД една страна кукате дека не се стигнати луѓе а кога некој ќе постави вака одма дрвја камења. И мене ме осудувавте дека ја сакам Фајзер што не ми изнашишавте овде ама ајде. Да не зборувам што бев сведок како си ги викаат роднинте преку ред, ( дојдете после 6 никој нема да има, ќе те пречекам надвор само титни ми) . Али ок. Само не ми кукајте дека уште не сте се боцнале.
Сигурно е со ретка. И да не е, не знаеме дали е со врски или не, што работи и зошто се вакцинира. Еден плус јас би рекла.
Е таков котел уште немаат пробано. Пошто докажаа дека Фајзер може да се меша со Зенека, и супер резултати давал, уште немаат комбинации од Спутник и Фајзер, Синофарм и Фајзер, Синофарм и Модерна 6 чипа се бољи од еден #unitedcolorsofbenetton
Ако е човек со ретка болест или другото нема да пишува “We did it, it’s not joe”. Туку едноставно ќе оди,ќе оди да прими како што треба. Нема да се фали за тик ток. Веруј тоа никој при здрав разум не го прави. Нејзиното испадна “ми се може, за вас ме заболе”.
И во коментарите си кажува сама дека како дошла да се вакцинира? Long story.. Ама немој јас сум Луцифер што вреѓа ..
И додека се фалиме со масовна вакцинација кај нас, Турција набавува 120 милиони дози Фајзер, кои ќе се аплицираат во сите здравствени установи, државни и приватни, ординации, болници.. За да има масовно вакцинирање.
Dali nekoj bil da se vakcinira na granica bugarija, imame prateno poraka na broevite no ne ni vrakaat eve 6 den
Баш дека дека сме колку едно преградие на Истанбул, можевме повеќе. Поентата ми е дека тоа е масовна а не во Скопје само на 4 места од кои 3 се само со одредени вакцини, и Арена, а во другите градови само на 1 место. Бар во Скопје можеа има толку поликлиники, приватни болници..
Нормална реакицја и јас бев така. Ми кажаа дека и и после една недела може да се осеќаш малку малаксано, како после грип..
Двете вакцини против коронавирус на кинеската компанија „Синофарм“ се безбедни и ефикасни, покажува студијата објавена во медицинското списание на Американското лекарско здружение. Научниците чекаа повеќе детали за овие две вакцини иако тие веќе се користат во многу земји, а едната од нив неодамна доби зелено светло од Светската здравствена организација за итна употреба, пренесува „Асошиетед прес“. Во студијата е заклучено дека вакцините се ефикасни речиси 73 и 78 проценти, како што претходно тврдеше „Синофарм“. Вакцините направени од инактивирани вируси веќе им се дадени на милиони луѓе во светот. Светската здравствена организација на почетокот на мај ја одобри вакцината на Институтот за биолошки производи во Пекинг, со што стана првата кинеска вакцина што го добила сертификатот. ©Makfax.com.mk