Што покасно, тоа подобро, ќе има повеќе вакцинирани, па ќе се знае и ефектот и повеќе за нив. Нели кај нас доцнаат, па нека остане така. А и не знам кој ќе се вакцинира кога повеќето прележаа.
Абе цела европа доцни, вакцинираат демек за реклама, смешки е. - Mеркел ја превзела набавката на вакцини - Вакцините во Романија пакувани во кутии за пица итн... Австралијанците ќе почекаат, умни се тие https://www.mkd.mk/svet/vesti/avstr...edna-situacija-ne-mora-da-brzame-so-vakcinata
@Biljarkata , било која земја со таа географска положба (островска држава на другата страна од светот) би го направиле истото Најлесно е за таквите држави. Ама оди сопри го движењето низ континентална Европа на пример Скијањето ни оваа година не смееше да се пропушти
Во Норвешка сега активно се вакцинираат лица од домови за стари лица, а соодветните органи постојано примале пријави за side effects после примање на вакцината, на кои соодветно реагирале. Овие side effects најчесто биле болка во раката по примањето на вакцината, главоболка, замор, болки во телото, треска и сл. На 5 јануари, примиле пријава за 2 починати лица од старечки домови, неколку дена по примањето на Pfizer/ BioNTech вакцината. Директорот на Норвешката агенција за лекови, изјавил дека сега се вакцинираат најкревките и оние со најсериозни болести, па веројатно би имало и смртни случаи во скоро време по вакцинацијата. Така, тој вели дека тие мораат да истражат дали вакцината е причината за смрт, или е случајност, имајќи предвид дека во Норвешките старечки домови, умираат по околу 400 лица неделно. ИЈЗ на Норвешка, заедно со Агенцијата за лекарства, собираат материјали за да ги истражат овие случувања. И за крај, во студиите направени за вакцината, односно во тестирањата, не биле вклучени лица над 85 години, со што се знае многу малку за несаканите ефекти кои можат да се појават кај нив, иако се претпоставува(ло) дека старите лица би ги имале истите несакани реакции како и младите, но тоа е нешто што блиску се следи постојано. Дец ит, успеав со помош на Транслејт
Да беа само тие..... Шо дека овие не шетаа многу по Европа кога беа во локалните зимски центри. Таман да се допрошири и таму кај што помалку го имаше. И после Цацко им е крив кога ќе им удрат заушки од ЕУ и други држави за смртноста.
До кај сте со бројките? Оти бе не се актуелизирате на ворлдометар, Словенија, Босна, Македонија, Бугарија се во топ десет по смртност, ни Ш од Шведска нема.
Ти фалиме? Оти не се актуелизираат бројки секој ден како во други држави, туку во вторник, среда, четврток и петок. И затоа има вкупни бројки на нови случаи и починати собрани од неколку дена наназад. А извештаи и статистики колку се тестирани, колкав е процентот на позитивни и многу други детални анализи еднаш неделно, во петок за неделата претходно. Бројките се машала
Мене ми фали да не се збори за бројки, ама кога веќе се збори, оти ве нема. Пих,паднавте од лидерско место. Многу комплицирани методолигии сегде, секој ден различно си броиме Прво пцр тестови броиме. Па антигени вс пцр. Па вакцини ќе броиме. Па позитивни и покрај вакцината ќе броиме ... Јас само до 10 да додржам да бројам, да не затепам некого, другото рамно ми е
Чекај во следната епизода опасно ќе се заканиме за место за медала, во топ 3 Оти овде секогаш покасно доаѓа, кога во други држави се смирува овде расте, барем досега таа беше динамиката. А пошто имаме и британска и јужноафриканска мутација.... Stay tuned
@green.eyes не кажуваат таму бројка на оздравени? Или само на Worldometers ја нема Гледам ниту за Шпанија има, а ни за Холандија мислам
Не, уште од почеток не кажуваат број на оздравени, немаат таква бројка. Само на оние што биле на болничко лечење па оздравеле, ама на вкупната бројка позитивни колку вкупно оздравеле, не знаат.
Значи според тоа, нема ни бројка на активни случаи Чудно ми е зошто така, немаат претстава колку активни случаи има, барем отприлика
Бугарите се криви, ги расипаа у комбето Будно следете што се случува. Среќа во несреќа што е состојбата во Македонија таква каква што е.
A Србија мислиш има активни 300 илјади? Па тие од којзнае кога не актуелизирале. Може корона не е умрено, ама ворлдометар е умрено одамна.
@Biljarkata нешто вака во САД слично има, од вакцината на Модерна? Ти повеќе пратиш За Руските не прашувам, и да има нема да кажат
Ворлдометерс после кој знае колку време прв пат денес отворив, за разлика од летото кога секој ден чековав. Сега само Ковид Трекер следам, нашиот Не дека нашата бројка на активни е реална, ама барем некој патоказ, отприлика...
Да, нема ни бројка на активни случаи. Зошто, појма немам, делува мотивирачки кај народот да се знае на толкав број починати дека многу голем број оздравеле. Ама ете Уште не знаеме ни колку луѓе се вакцинирани досега Платформата деновиве ќе биде готова, па ќе има после во секое време достапна информација за тоа. Зашто да биде се’ на време кога може да се одолговлекува