Кога стигаат синовак вакцините? Некој има инфо? Не можам појќе, се мрднав, дај шта даш, бар од нив ќе има за сите нас кои први се пријавивме а извисивме за сметка за тие што одеа преку врски!
Спутник не знаеле дали ќе дојдат, денес баш читав А за Синовак во текот на јуни, исто не се знаело точно Сѐ е под контрола другари.
Вакцинирана со Синофарм.Бев против вакцини, но откако се вакцинираа сите од фамилијата, решив и јас. А искрено малку и ме плаши вирусов. Од вакцината не почувствував скоро ништо, но мојата пријателка пред мои очи веднаш по аплицирање на вакцината се струполи на земја и изгуби свест. Ја кренаа, ја прегледаа, за 10 минути беше на нозе, ја искараа бидејќи дошла гладна и уморна.
Па мене да. Име и презиме, возраст, дали имам документи (потенцираат дека не е пречка), за кој пункт и која вакцина. Само ме предупредија дека кај некои имало проблем со документот(вакциналниот картон), ама бидејќи го даваат на ревакцина дека се надеваат дек државата ќе го решела проблемот.
Како оди пријавувањето, гледам на фб се вртат некои броеви на вибер за пријавување, и кои пунктови се?
На вибер пишав на двата броја и од едниот ми одговорија многу брзо. Може и со јавување. Колешка се јави и одма и дадоа и термин. Мене ми пишаа ќе ме известат, ама планирам да ги потсетам утре, задутре, ако треба и ќе се јавувам.
Џонсон е со една доза нели? Ама и она како Астра знае да даде тромбови. Или грешка сум? Ќе одам за Бг, па се мислам да завршам и тоа.
И под 40 почнаа добиваат термини за Скопје. Неколку луѓе што ги познавам имаат термини веќе, преку сајтот.
И Фајзер и Астра Зенека даваат исто тромбови. Фајзер е 3 или 4 на милион. АЗ е 4/5 на милион. Само за едната се удри реклама дека дава тромбови за другата не. Истата приказна ја смислија и за Џонсон. Боцни се со било која вакцина за да си заштитена. Сега и во САД и во Израел истражуваат миокардит кај млади по Фајзер. Ама и тоа ништо не значи. Бројките се толку мали што не е ништо страшно. И сега веќе се знае дека на тоа треба да се внимава има соодветна терапија за се, не е страшно.