Немам и јас термин уште, не знам дали има врска возраст, ама сите над 35 се што јас ги знам. И сите за утре се за Борис. Со среќа и со лесно да ви е на сите
Па добро е, блиску сме значи. Иако немам информација за Битола, вака од познанства уште има и 60 годишни невакцинирани. Баш ако знај некој од прва рака нека кажи. Со лесно луѓе, и со антитела.
Да да, има постари невакцинирани, јас лично имам во пошироко семејство. Може ги планираат за со Синовак нив, не знам. Ќе дојдеме на ред, штом тргна работава
Да си кажам право малку ми фуфка од реакцијата отпосле, паничарка сум кога прв пат примам некој лек. Ама па толку народ се извакцинира..
Немој да се плашиш, од првата доза наредниот ден само малце боли местото каде што си боцната и толку.
Нема потреба од страв, биди среќна што си добила термин. Ќе помине лесно. Може само да те боли местото.
Дечки, знаете ли со која вакцина вакцинираат во Струмица, Никола Вапцаров? 28 години сум и од друг град, а ми стигна за во петок покана. Пријатели од Струмица постари од мене уште немаат порака. Некако сомнително ми падна...
Ајде некој што има прележано а се вакцинира да ми кажи после колку време се вакцинира однкомпрележа ? Јас бев позитивна на 14ти април а ми стигна термин за сабота. Мислам дека е мн рано, немам тест за антитела направено ќе направам утре.