леле дечки, стварно не ми е јасно. ве читам хронично болни се радувате, сигурно со нетрпение сте очекувале термин. не сум хронично болна, покрај толку хронично болни, трудници и ред други постари и поризични од мене (28 годишна), како дојдов на ред за вакцина??
Има и други што не се хронично болни, скоро сите што јас ги знам за утре немаат никаква хронична болест. А нема ни правила во возраст, само меѓу 30 и 40 очигледно. Претпоставувам има поголема залиха и за да се искористи. Без паника, така ти се погодила среќата или според датум на пријава Може и заради градот да менува. Со лесно!
Со лесно на сите! Сега ми е малку страв, мајка ми се вакцинираше на 19-ти со Синофарм и 4 дена после вакцината доби слабост во нозете, висок притисок качи (195/80) и проблеми со рамнотежа и уште го има тоа, сега дури и проследено со пецкање во дланките. Никогаш и се немаше случено нешто такво. Испитавме се што може кај интернист (Д-димер, општа крвна слика, ехо на срце), уште невролог остана во петок. Може е коинциденција само, ама како да не си помислиш одма на вакцината...
Нема ни возраст ни датум на пријава врска. Пак се без компас. Помлада од мене, покасно од мене пријавена доби теемин, јас не. Без хронични болести се сите што ги знам денес што добиле порака за вакцина
Да и мене ми кажаа дека и помлади добиле денес пораки. А нели немаше вакцини? Другарка добила маж и не, само жените фактички.
Здраво. Дали некој знае со која вакцина ќе се вакцинира во пунктот Битола во сабота? Фајзер или Синофарм?
Дали некој од вас се вакцинирал во Белград на 27ми март и треба да се ревакцинира после 12 недели т.е сега на 20ти јуни?Имате информација за термин, време или слично? Јас се вакцинирав тогаш со Астра Зенека и сега треба да се ревакцинирам но немам термин и ден точен.
Во Ниш даваа термин, на 19-ти или 20-ти Јуни, зависно од денот на вакцинирање (тие во сабота што се вакцинираа на 19-ти им е терминот, тие од неделата на 20-ти). За вакцинираните во Белград не знам каква била практиката. Сега има кај нас форма да се пополни за тие што се вакцинирале во странство, ќе објават за некое време дали ќе биде возможно да се ревакцинираме тука. Јас се пријавив, па ќе видиме. Рокот за пријавување е до 06.06. Повели линк https://vakcinacija.mk/revaccination
Знам за Ниш,ама нас во Белград ништо не ни рекоа...само за 12 недели и толку, ни саат ни каде, ни како,што..Пополнив за кај нас ама јас сум 32 години а Астра Зенека е забранета тука за млади..
Со алергиите нема правила. Не би требало да имаш на втора ако си немала на прва ама немора да значи... Ако си склона на алергии 3-4часа пред вакцина напиј се Лоратидин, цитеризин...
Iskreno ne sum jmala problem.so alergii.. samo sum golema panicarka i koga ke slusnam nesto mnogu me pogoduvq pa proveruvam a denes sum na 2 doza i me fati strav